Ќе ја учиш да ти кажува и ќе бараш разговор со раководител. Во нашава нема такви мерки, ниту казни, ни ништо само ги ставаат на стол "да одморат". Повеќето се вработени партиски и дадени им се така решенија, не секој знае да работи со деца, ниту па има нерво, а за жал се испикани таму а некои што сакаат да работат седат дома... така да реагирај немаш друго што
Дали во август се носат документите? Рекоа дека ќе се јават за да однесеме документи, но не ми кажаа кога ќе се јават. Да очекувам во август?
Деца од 9 месеци во јасли колку дремки имаат? Моето е уште на 3 7 месеци сме и борба за спиење па ме загрижува тој дел.
Зависи од негователките во градинката. Во државна обично ги форсираат да имаат една, во приватни знаат и по 2.
Истакнуваат датуми за запишување во август. Ама тоа е за тие деца што веќе одат, како анекс договори се.
Во групата кај ќере има помали од неа. И ги заспиваат и пред големата дремка, малце колку да не се преморни и да не им биде многу долго да се будни.
Во однос на дремкиве едно не ми е јасно како тоа форсираат една дремка? Ако детето заспие зарем ќе го будат? Некогаш сериозно размислувам за негователките и воспитачките. Зарем они немаат деца, немаат ли некое мајчинско чувство во себе. Не викам дека е лесно сигурна сум дека е претешко да работиш со толку деца, ама па пред да потпишеш решение свесен си што ќе работиш. Сепак станува збор за бебиња јасли. Како се ближи септември се повеќе се нервирам сирото дете кој знае каков тим од луѓе или нелуѓе ќе му се погоди.
Да ти опишам прв ден кај нас. Дете 9 месеци, станато пред 7 утрото. Ја носам во градинка нели на привикнување во 8, во 9 ми се јавуваат плаче ептен, за денес толку. Па и викам плаче оти и е време за дремка, спие еднаш на кај 9:00-9:30, па следно околу 13:00 или 14:00 часот. Негователка, мајка меѓу другото, вика овде децата спијат на пладне. Нема спиење порано. Нокти откорнав додека дојдовме до таа фамозна една дремка. А да тргнав со мисла дека имаат разбирање за мали деца. После од други негователки разбрав ептен ако заспие некое за 10-15 мин го буделе, колку да се освежи де во тој период, за на пладне да им спие.
Една таа од 12:30 мислам беше. И моево дома викенди само заспива во 10 и не знам ,ги миеле не знам точно што правеле ама не давале да заспиваат. Мојава веќе 2 недели беше на адаптација кога побарав да спие ,па не кажале една на друга дека сум побарала да пробаме и тој ден ме одби затоа шо и дозволила да спие во 10 ...јас викам ама ќе заспие во 12-30/13 сигурно пак. Не ,мора ред да се има еве во група и 7 м имаме па не спие 2 пати Немаат никакви чувства. По се што минувам со нив можам да заклучам. Еве денес пак ,секоја една шо работи во градинка кај моиве ми нагласува за малото дека ,,греота е " што седи до дежурство уште па како што одбива и да јаде и да пие,нејзино било да ми каже дека е многу тоа Ко јас на плажа да идам од 8-16 и детето им го оставам гладно нив.
Леле човече стомак ми се превртува кога те читам херој си жими се. Срам да им е по не знам кој пат ќе пишам. Осет да се немало. На 8месеци еднаш спиеле … важи! Мојава е 11месеци па спие 2пати и не верувамдека скоро ќе отфрли дремка. Не се дава уште да пројаде твојава… што инат ќе бешееееее гладна ќе седи ама не и не јадење - скроз манкенка
Ама не е манекенка... Педијатаров уште не верува дека не јаде ,10 кг беше последно ,денес бев не ја измеривме ама и реков пак за јадењето. Абе нема што да и дадеме ,гледај ако не намалувај доење па така може ќе сака. А пробано е и тоа цел ден ќе чека ако треба... почнав да се шалам од шо ја мрзи (таква е флегма сеа скоро почна да се исправа) изгледа да џвака вака прави... Не знам веќе кој пат да фатам. Голем дел од тоа е затоа шо знаат дека баба и е дома ,две од тие ми се во комшии. И играат на карта ,,жал за детето ,гладно жедно" демек мене да ме смекнат мислејќи дека од инат не сакам она да ги зема.
Лелеее па со 10кг што ја мислиш она си има резерва илустративно мојата е 8ипол кг а си јаде три иброка плус цица два пати и навечер не знам колку пати само да се ѓиви и здрави, крвната слика и железото и е ок нели?
Дошишав погоре Инаку да ,матичниве (маж и жена се) имам впечаток дека не ми веруваат дека не јаде или не знам ,баш ради килажата . Денес пак ми нагласи ,,кој би рекол дека само од цицање е толкаво буце" Немам к.с направено ,сеа ќе видам сабота не знам што работи.
Ај нека е жива и здрава бумбарка за учителкиве свака част што ги издржуваш ама рече немаш избор, срамотилаци и е односот … место дс охрабрат/поддржат мајка. Денес со познаничка се сеетнав во сити мол и почна да ми кажува како малата ја запишала во градинка одвај со врски и 2месеци веќе е на адаптација дете умира од плачење и ја зима за максимум 2-3саати. Никаква соработка од учителките и викале детето нешто не ти е добро, ние вакво дете не сме имале …. И сега што ќе прави мислат да даде отказ едната баба пошто е на крај до пензија уште некој месец порано да замине за да го поминат летово па од септември да пробуваат пак ми се натажи душата кога ми раскажа како и збореле дека детето не и е ок … која мајка има душа тоа да го слуша за свое дете на година дена. Срам да им е тотално …
Изгледа зависи од градинка до градинка. Внука ми е исто со мојата во група и е 6 м помала. Си дремнува еднаш кај 9:30 она после појадок. И сум ги слушала на зимање , како кажуваат на родители дека детето им дремнало еднаш, па после спиењето што им е.
И во нашата градинка помалите дечиња спијат два пати. Јас вака кога читав по форуми бев преплашена, ама за среќа или несреќа не е секаде исто.
Тие матичните твои, да ја видат внуката на колешкава моја, ептен нема да веруваат дека е 16-7 кила само од цицање. Тек сега почнаа со вкусови. Неполни 7 м е. Бумбарка права е.
Исто и јас кај што го запишав, внуката е во јасли и си дремнува 2 пати, кога ќе приметат дека и се спие ја успиваат и си дремнува. Тешко е адаптација додека се со 2 дремки зошто на главната дремка после па не им е време за спиење па кенкави се ама тоа е, ќе пројде. Ние на годинка здравје ќе тргнеме може до тогаш и ќе премине на 1 дремка ама и да не премине во нашава градинка не прават проблем за 2 дремки, баш ме чуди што читам. За државна градинка станува збор.
Ако ги будат и ги шлапаат со вода ептен се глупи со извинување на исклучоци. Па боље да спијат 2 пати помалку работа за нив. Глупости. Ептен се спремам психички и најискрено се надевам дека се ќе пројде подобро од сликата што ја имам во глава пошто јас малку мрдната сум кога ќе ми се спојат минус и плус може и на вести да ме гледате ќе знаете дека јас сум таа Имало порано адаптација и телефон да се јават дека дете плаче шием ти га Ѓуро. Ме носеле во 7 ме зимале во 3. Толку било. Ама порано се знаело кој може да работи со деца. Денес кој не може да се вработи никаде полага за лиценца за неговател. Само ги читам по групине.