Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Историја можам да напишам какви се воспитувачки/негователки сум сретнала. Инаку "свето" е тоа времето од 12:00-14:00 или 14:30 кога сите лежат/спијат. Па време за цигарче раат, кафе, телефон.

    Не дека не може моето за спие пример од 10:00-12:00, твоето од 12:00-14:00 ама во тоа време нема да се раат де. Ако има некое будно. Ми ја сфаќаш поентата.
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, dromka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Да сме држава друго ќе биде, пошто не сме ќе кинеме нерви, уште па ќе трубат работете на наталитет, важи нема проблем.
     
    На Трагедијаупмм и Miss_S им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Бидејќи во помал град сум, многу случаи имам од блиски кај што деца на поголема возраст им ги враќаат на пладне од градинка затоа што не спијат. Баш ме занима моево дете кога ќе дојде на некоја возраст од 4-5 години кај што стварно ќе одбива дремка што ќе биде.
    Во ниеден правилник не пишува дека мора да спие дете.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.898
    Пол:
    Женски
    Ништо ,ги тераат да лежат.
    Од искуство со поголемата тогаш највеќе протестираше за одење.


    @hannybanny 3 пати спиеше пред да оди во градинка.
    Еднаш 10 до 10ипол /40 па од кај 12:40 до кај 14:30/15 и уште еднаш од кај 17 до кај 18:30.
    Се објаснував ама како со ѕид.
    На крај се откажав пошо немам избор.
    Другиот избор е да ја оставам со баба што халуцинира ноќе ама не сака да оди на лекар да видиме од што се тие халуцинации и шанси нема да ја оставам со неа.

    Сега спие таму не знам како ама тешко дека до 12:30 издржува од 06 станата.
    И после дома од кај 17 до кај 18:30 ако заспие во 17 ако не може и во 18:30 до кај 19 да спие па во 20:30/21 најдоцна спие за ноќно се буди 1 до 2 пати за цицање и до кај 6:15 спие.
    За разлика од поголемата многу е спанка.
    @BellaBibi и матичниве не ми се допаѓаат ама немам педијатар баш во близина...
    Советите им се никакви.
    Цело време се осеќав дека не ми веруваат за јадењето тек сеа гласно кажа докторкава (facepalm)
    Упорно и осеќам шлајм упорно ми викаат нема ништо.
    Тоа бебче што го збориш мислам дека ќе мислат грав дека му даваат од 5 м :^)
     
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Официјално е една дремка во 12ч. Меѓутоа кај нас помалите си спиеја два пати. Моето дете почна на 10 месеци, негователките сами ми кажуваа дека си дремнувал малце сабајле, па после со другите голема дремка.
    Официјално на една година премина на една дремка, и дома и во градинка. Сам си ја скрати кратката дремка сабајле.
     
  6. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Јас немам опција баба. Сакале нејќеле ќе мора да ја чуваат. Жал ми е за детето ама тоа е.
    Кој касно се мажи и уште покасно раѓа овие му се маките :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Абе како може да ти врати дете на пола ден затоа што не спиело. Земи анимирај го. Ако се измори ќе спие, ако седат цел ден од што да се измори. Како тоа ако дојди земи го не спие. Не ме интересира. На крајот од денот плаќаме за тие градинки. Се научивме сите ова не може епа ај добро.
    Јас не сум моќна ниту приватна градинка да ми е опција уште помалку да дадам отказ затоа што денес во градинките не можат да чуваат деца
    Тешко им било. Тешко е. Требало да мислат пред да се вработат. Јас за себе сум кажала тешка пара да ми се дава јас со деца не можам и нема шанси да работам. Затоа работам скрос друго. На што личи и тоа ѕвонење по телефон кај мајките. Па работиме, не може да висиме на телефон да гледам дали воспитачката и негователката се справиле со моето дете. Тоа им е работа, за тоа зимаат плата, да чуваат деца, да ги воспитуваат и да се справуваат со нив.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    @hannybanny , пак ќе речам во помал град сме, повеќето може и имаат бекап опција за чување и воспитувачките изведуваат до бескрај.
    Не само со моето дете, во окружување имам повеќе родители со деца на различна возраст и во различни градинки.
    Што досега сум слушнала:

    Изговори за безвеза и без оправдание
    - Не спие на пладне со другите - да си го земате
    - Гревота е да седи и да чека до 16:30, ако може порано да се зема. Да не е последно
    - Гладни се децата, не е убаво да седат после 16:00. Од после ручек ужинката е малку, не ги држи
    - Не сака да учествува во активности, во приредби, во не знам што. Земете го порано
    - Нешто е со растечено носе и нервозно, земете го
    - Плачливо е детево денес, земете го...

    Оправдани според мене ( ако претходно дома немало симптоми и не е однесено болно)
    - крена температура, поврати, има дијареа ... Било која од овие состојби

    Е најјако -
    Се јавуваат од градинка за ќерка ми, детево е плачливо, нека дојде баба и да ја земе.
    Викам не е тука баба и, на пат е ( стварно беше).
    Ќе дојдам јас ама кога ќе ми дадат излез од работа. Дали за пола сат, дали за сат, не знам.
    Ми враќа, остај, не излегувај, ќе го смириме детево

    Ааааа значи можело и не било толку де критично за муабети да си правиме беспотребно.
     
  9. Lavitaebella

    Lavitaebella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Искуства со градинкава Кочо Рацин на Козара? План ни е од година ипол да оди некаде октомври , дали сега од јуни се уписи?
     
  10. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Женски
    Здраво, испаднавме алергични на млеко и млечни производи, и јајце. Во градинка ми побараа документ. И сега, наутро кога имаат усвари и секогаш кога имаат нешто млечно или со јајце, нема никаква замена за моето дете. Само лебче, па по правило нели замена треба? По цел ден гладно ми е детето, денес мусака и компир од мусаката понудиле моево не сакало и толку. Кажете ми ги правата за градинките и за алергично дете како е кај вас? И дали смеам од дома да носам?
     
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.898
    Пол:
    Женски
    Правилото е дека нема правило...
    Во секоја градинка различно очигледно, па затоа најубаво да си побараш да се видиш со директор и да зборнеш.
    И јас веројатно ќе треба
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.898
    Пол:
    Женски
    Исто како кај нас...
    Не знам што да кажам ,овие од фзо па ќе РАЗГЛЕДУВАЛЕ за породилно 12 м
    Уште ли ќе разгледуваат 20 г веќе.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    11.023
    Пол:
    Женски
    Кај нас во градинка, од дома носат оброк деца кои се алергични. Претпоставувам во сите државни е така зашто немаат заменска храна.
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Не, за државни градинки треба да е исто секаде. Ама знаеш што е очигледно, си пробуваат да си истераат они нивно лабаво до максимум, ако проџе проџе. Ако никој не им списка или не ги притисне, лабавото. Во помали места очигледно немаат толку притисок зошто луѓето се снаоѓаат и никој не ги подбира. И кај нас во градинка беше, ама земајте ги до 3. А градинката работи до 5-6 нз точно. Ама ако го оставиш детето подолго ништо не смеат да речат. Ама во Скопје, во поголема општина. А какви глупости се имам изначитано на форумов овие 7 години за градинки, страшно. Не примале деца над 2 години со пелени, бла бла бла. Не им се работело, дојди земи го. Ма мрш. Кај директор се оди за тоа, ако нема ефект, уште погоре. Унифицирано треба да е работењето на тие институции, а не како ќе си издејствуваат кралиците негователки. 2 часа работно време да им дадеме ако не.
     
    На Miss_S, hannybanny и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    За сега на родителска спомнаа да се однеси листа кое дете на што има алергија, за да не се дава тоа. Ама дали има некое детенце, не знам.

    Во јасли додека беше ќерка имаше девојче со нетолеранција на лактоза. Мајката носеше такво млеко за детето.

    Едит: за работење/неработење. Слушам коментар
    - Групата на оваа возраст треба да е со 15 деца, ние гледаме 23.
    Па и не е мој проблем, некој над мене и над сите одлучил за тој број. Нека се отворат повеќе градинки, групи, кадар нека се обучи. Што јас како родител да трпам последици или моето дете од исфрустрирани негователки.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Значи ова со децата дека им се многу не можам веќе да ги слушам. Па сега не ни има толку деца. Јас кога бев дете имаше по 40 деца и не не беа вработени 50 негователки туку само се работело. Сега само кафето и цигарата. Па многу им биле. Затоа им оставаат отворени врати и прозорци кога ќе се испотат од трчање. Гнаси.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Не бе, нека одат 3 смени во фабрика на лента ако не им одговара, таман и ќе заработуваат повеќе. Има многу луѓе што би ја сакале нивната работа, не е дека ќе остане празно местото. Ама сите само кукаат, а дремат таму. Ако не ти чини, бујрум во приватен сектор да видиш како е.

    Едит: толку се оптеретени, а пак наоѓаат време за кафенце и ги оставаат децата сами. Со шливка ми дојде детето на вратот еј, не виделе што се десило, не било од таму тоа. Боже пази
     
    На hannybanny и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Ми се погоди темава за коментирање :D

    Сме смениле неколку воспитувачки, што ради возрасна група, што ради преселби.
    Една забелешка, пак ќе речам за во градов и тие што сум имала контакт, не ги ставам во ист кош сите, наутро оставам дете, воспитувачката надвор на цигара. Ем ја чекам да се прибере, ем не можам дете само во занимална да пуштам, не ми е сигурно и безбедно што може да направи, ем па и немам време до толку секое утро да се чекаме. Во градинката кај моево дете ретки се воспитувачките што си се на работно место и секое дете и родител го пречекуваат, поздравуваат, кажуваат по некој збор позитивен или негативен нека е. Сакам да знам детево како напредува што се вика или назадува.

    Друга забелешка еве од ќерка воспитувачката вика достапна сум постојано за сите. Точно, достапна е. Сум пишала на Вибер дали да известам нешто, дали да кажам пример порано од Х причина ќе земеме дете или ќе остане со дежурен. За секунда добивам одговор. Во работно време барем 2-3 статуси/слики/стори има на Фејсбук споделено. Башка нели Вибер групата, па некоја активност или роденден или друга прослава се споделила.
    Сето ова мене како набљудувач отстрана ми означува дека сите работни часови ги поминува со телефонот во рака.
    Е после биле многу деца. Е па многу се де.

    Не знам за во други градови, кај нас воспитувачките работат од кај 7 наутро до пладне. Тоа се 5 работни часови. Еве може и нешто за активности припремаат од дома, може и не. Негователките од кај 9:30-10:00 до 15:00-16:00 зависи кога ќе го земат повеќето деца.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    27.359
    Пол:
    Женски
    На комшикава детето е со алергија на млечни и си носи млеко од дома. Во иста група се со мојата.


    Во градинкава кај нас, од сабајле сите учителки/негователки се на врата. Како стига дете зимаат и носат во матична училница. Сите ги знаат сите деца по име.
    Имаме група на вибер и таму известуваме доколку не дојде некое дете во градинка, кој ќе го земе и кога.
    Слики од деца имаме само кога е најавено сликање или пак како за 8 ми Март, што не изненадија со преубави честитки со слики од децата.
    Дефинитивно, зависи од учителка до учителка.
    @hannybanny не му се нервирај пред време. Иста бев и се од моите луди стравови, паники и мисли, искочи спротивно.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Дај Боже и јас тоа си викам да излезе спротивно од тоа што мислам јас во главава.
    Во суштина не можам да се помирам дека толку мала ќе оди во градинка па затоа и сите тие стравови дека нема да и биде убаво.
     
    На BellaBibi и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.