Јас за моево глава давав, дека нема 3 години да се прилагоди. Ама се излажав сама себе. Уствари, сите бевме со страв како и кога ќе се прилагоди, зошто ми е коала закачена на мене. Ми беше страв од соработка со учителка и негователка. Златни жени се двете. Во друг клон, викаат оставете пелени, неможеме ние да им трчаме на секое за нокшир. Тука уште сега, ги ставаат на нокшир , за да се прилагодат.
Јас тој период давав доручек дома, а ми дозволуваа да носам од дома нешто што не мора во фрижидер. Носев банана, шмукалче, соодветни бисквити или слично. На другарка во друга градинка и дозволуваа се да носи (специјален кашкавал/сирење и слично). Мора да најдат решение за оброци (бар за доручеците кои се скоро сите млечни).
Мајки ретко сум активна ама ми требаат совети.. Ќерка ми е годинка и 5 месеци. Лани пробавме адаптација на 9-10 месеци неуспешно беше. Сега почнавме од март и за разлика од лани многу побрзо одеше адаптацијата. Проблемот е што откако почна да останува со спиење дали спиела 3 пати по 20 минути. Сите останати денови воопшто не спие туку си седи мирна, си игра и сл. Поради ова приморена сум да ја успивам за ноќно во 19ч и притоа едвај до тогаш ќе издржи зошто не спиела цел ден. За викенди на пладне спие по 2ч. Не знам искрено што да направам за да спие макар 40 мин. Се грижам и да не и влијае на здравје дека нема дневен сон и се нервирам што во работна недела дали 1 час имам со детето..
Кое време вообичаено заспива преку ден за викенд?Во градинка претпоставувам во 12 или 12 и пол ги заспиваат така?
Да поразговарате со негователките во градинка, да пробуваат да ја презаспијат кога ќе стане од спиење или евентуално да пробаат 20-30 минути покасно да ја заспијат од времето кога заспиваат другите дечиња во групата.
Да, те разбрав затоа напишав да им кажете на негователките да пробаат покасно од другите дечиња да ја заспијат. Ете после играта да пробаат да ја презаспијат. А ако другите дечиња ги заспиваат во период од 12 до 12 и 30 часот, неа нека пробаат пола саат покасно. А за тоа време нека ја остават да поигра, па после нека се потрудат да ја заспијат, таман ќе имаат време и можност да и се посветат повеќе, додека другите дечиња веќе се заспани. Штом дома за викенд заспива, мислам дека не е проблем ни во градинка да спие, затоа го давам овој предлог, секако ако има желба за соработка од градинката.
Малиот ми е алергичен на јајце и млеко меѓу другото. Многу се разбрани и му даваат јадење без млеко/јајце. Пример палента без јогурт, маџите се секако без јајце/млеко, ужина пример проја нема да му дадат, ќе му дадат јаболко/банана. И ние однесовме документ и немало проблем баш и сам кажува дека јаде.
Син ми спиеше дење во градинка и плус си легнуваше во 19:30 секоја вечер, зошто раното легнување ти е проблем?
Не ми е проблем да сум дома, проблем ми е што во денот имам само 1ч квалитетно време со неа поради тоа што не спие во градинка и морам да ја легнам рано. Под рано мислам 19ч а се случува и 18:40ч веќе да заспие од што не може да издржи.
Кај нас во август има список и сами бевме да видиме дали е примена или не. Нормално од две недели како бебе имавме поднесено барање и две недели пред роденденот уште не беше примена. Па едвај на година ипол ја примија. Е тогаш ми се јавија дека е примена.
Син ми има 5ипол год и се уште спие во градинка, дома веќе не спие. Работни денови легнува рано 8ипол-9макс, помал 7ипол го легнувавме. Сум читала на темата многу бенефит нема за детето да седи будно додека е мало после 8-9. Ние додека сме ручале исто 5опол не фаќало, по 2часа сме седеле и на спиење детето. Беше супер затоа ѓто имаш екстра време да напрајш ручек за следниот ден и се да средиш па така да се посветиш после работа на детето. Барем јас не сум го гледала како проблем или д аимам грижа на совест, кога тој ред денес многу ми значи што легнува рано поготово со второ бебе. Едноставно, тоа е кога работиш за жал времето е тоа. Те разбирам, но не си прави грижа. Како што ќе расте ќе го видиш бенефитот од легнувањето. Иде лето секако ќе биде подолг денот бар кај нас легнувањето се поместувало за 1ч.
Јас како мајка на дете што нема шанси да заспие пред 10 би рекла дека рано легнување на дете е најдоброто нешто што може да се случи на една мајка, имаш време и за себе и за се останато а за викенд може да си го надокнади времето
и кај нас ист проблем лежи без да спие ако спие максимум е 40 минути и веке во 19 е уморен и заспива...
Зошто не ја примија одма? И ние го пријавивме бебето по 10тина дена од раѓање. Во неизвесност сме дали ќе го примат во септември.
Не гледам проблем искрено, напротив нормално е да заспива толку рано ако не спиела во градинка. Инаку можам да гарантирам дека за некој месец ќе смени. Моево прво дете (сега веќе 4 годни) имаше периоди кога заспиваше во 19, па после смени накај 21 часот, па после скроз се поремети и заспивање во 22-23, па пак во 21, и сега сме скоро фиксно во 22 часот, пто знам дека е касно но тоа е друга тема. Имаше периоди кога спиеше во градинка и кога не спиеше и нормално ноќното спиење се поместуваше порано или покасно. Согласно тоа се адаптираш и ти. Да, жално е што има денови кога имаме само 1-2 саати со децата, но затоа нека ти бидат квалитетни тие саат два. Баталуваш телефон и се друго што може да почека и целосно му се посветуваш на детето колку и да е малку времето. Ќе порасне ќе седи до покасно дур се свртиш што се вика.
Од бебе заспиваше многу рано и никогаш не го гледав како проблем. Можеби лани летото ми беше криво што навечер не можевме да излеземе зошто заспиваше 19-19:30 меѓутоа никогаш не му придадов многу на значење. Меѓутоа сега ми е навистина криво што толку малку саати во денот имам со неа. Си велам бар да поспиеше во градинка малку па накај 20:00 да заспива ама не можам ништо да сменам, не сум таму со неа да ја заспијам. За викенди немаме таков проблем си спие на пладне аама веројатно тешко се адаптира на спиењето во градинка. Од друга страна се прашувам и дали негативно се одразува немањето сон преку ден вака во работни денови на оваа мала возраст Мајки, за се нешто се грижиме и си правиме грижа на совест..
Зошто уште на пријава, директ ни рекоа, ако сакате да почне од септември, најдете си врски. И баравме врски, мислиш на некој реномиран факултет ја запишуваме.