Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.029
    Пол:
    Женски
    Тие нормални ли се? Врски за што? За нешто што ти следува, да молиш, да се малтретираш.
    Пријавата ја поднесувавте во градинка? Или електронски?
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.290
    Допаѓања:
    27.582
    Пол:
    Женски
    Лично во градинка.
    Баш она директ кажаа и мм многу се изнервира. Вика 4 генерации родени, израснати тука, вие мене ми викате врски. И го тргнав да не се расправа.
    Ама во право е…
     
    На H.VAGA, MeowMeow и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.362
    Допаѓања:
    15.720
    Пол:
    Женски
    Нас ни се јавија дека е примена.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.029
    Пол:
    Женски
    Кога ви јавија?
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.362
    Допаѓања:
    15.720
    Пол:
    Женски
    Недела дена пред да почне.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Па теоретски “не ти следува”. Градинка не е задолжителна. Градинкиве се правени според процент на вработување во минатото и популација што живее на одредена површина. Е сега како проаѓа време, се повеќе се намалува стапката на невработеност а одредени општини се препопулирани па од тука иде и немање место за сите дечиња. Реално Аеродром, Влае-Ѓорче тој регион, Кисела вода се проблем за места. Ние во Центар сме без врски, ми се јавија 2 недели после аплицирање дека е примен, 8 деца се во група. Уште не сме почнале ама бевме на разговор и документи кога носевме за од година. Сакам да кажам вината е многу подлабока од тоа што навидум нам ни се чини.
    Исто сум слушала дека во Чаир-Бутел не се чекало ред бидејќи кај албанците жените се уште се доминантно невработени. Автокоманда - Железара исто се помали групи и не ти треба врски бидејќи нема толку многу младо население што живее. Итн, итн. Демографски проблем е.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Ние од Влае не ни аплицираме за државна… зошто додека не викнат ќе треба листи за првачиња да чекаме па ај да не им прајме дупла работа еве сите комшики, познанички од регионов што немаат врски директ си разгледуваат приватна зошто баш се ефтинки и онака лабаво можеме да си одбереме :D шала на страна катастрофа ни е системов, не може сите у центар да живеат и не треба… проблемов е со години и години и на никој не му е гајле зошто приватни градинки се бизнис и се испоотворија еден куп
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.029
    Пол:
    Женски
    Се надевам и кај нас ќе се јават. Од септември треба да почне бебето во градинка.

    Како тоа "не ти следува"? Каде теоретски е пишано? Би сакала да знам па да те замолам да ми споделиш теорија или каде да најдам да прочитам.
    Секако дека ми следува. Особено кога двајца се вработени и работат во различни градови! Ако нема места, тогаш треба да обезбедат, да најдат начин, да излезат пресрет, да имаат предвид работни места, локации, да имаат разбирање......итн.
    Не сум во тек за други населби каква е ситуацијата, но во мојата е тешко запишувањето.
     
  9. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    А што потреба од понашањево вакво?
    Многу фрустрации тука по бебе темиве.

    Апсолутно не ти следува, градинка е опционално нешто. Не е до нашиот систем, секаде во свет е така за жал. Се прават постојано нови градинки, но, никогаш нема да се направи да има доволно за сите бидејќи идеално сценарио е да не живеат сите во 3 општини туку да бидат распространети низ сите општини и градови. И дополнително, има различни модули на чување деца, дали еден од родителите, дали баби, дали дадилки, дали приватни градинки. Има родители кои не сакаат да си ги праќаат децата во градинка и следствено на тоа никогаш нема да има места колку што има деца во дадена општина.

    Бејби, никој не рече дека треба сите да живеат во Центар, кажувам дека ете Центар не е пренаселен и има место во државните градинки. Бунете си се на оние што дале маркици за толку згради во Аеродром и Влае без урбанистички план дека нема да може да се услужат сите граѓани на толку мала површина. Тука ви е вината, на погрешно место исфрлате револт.
     
    На LazaLaza, AlmaOculta и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.029
    Пол:
    Женски
    А кај виде фрустрации мајка? Па и "понашање" :D:D:D
    Те замолив да ми кажеш каде да прочитам.
    Ако љубезно замолување е фрустрација, тогаш во ред. Да знам дека сум фрустрирана. :D:D:D
    (Овој збор го нема во мојот речник).

    Инаку, океј ти е поентата.

    Но, јас имам реален проблем (затоа е и темава нели, да се сподели и помогне) не ми треба градинка за социјализација на бебе/дете, туку некој да ми го чува додека сум 12 часа отсутна од градот на живеење.

    Дали некој знае дали може да се запишат деца во градинка во друг град? Има некој вакво искуство?
     
  11. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Нема каде да прочиташ затоа што не е задолжително дете да посетува градинка. Значи опционално е, желба на родителите е да иде детето во градинка. Државата обезбедува градинки, меѓутоа законски не е регулирано за секое дете да е обезбедно место во градинка, како што е случај за училиште.
     
    На Mumoftwo30 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    19.124
    Пол:
    Женски
    Основно и средно образование е задолжително. Истото е обезбедено за секое дете.

    Градинка не е задолжителна, затоа и ти не можеш никого да тужиш и добиеш, без разлика што сте вработени и ти и сопругот.

    Јасно им е на многу родители дека во некои општини нема место. Но, проблемот е доста комлексен, како што опиша членката погоре. Секако виновна е државата, никој не го спори тоа.
     
    На H.VAGA и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    5.029
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите.
    Јасно ми е и мене се ова, а верувам и на сите други кои се соочуваат со ваков проблем. Но, тоа не е никакво оправдување.
    Навистина е голем проблем и покрај тоа што некои градинки ги проширија.
    Држете ми среќа. :(:l:
     
    На H.VAGA, Baby warrior, Tulip023 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Градинката не е задолжителна во склоп на образовниот систем на р.м ама како да се изгледа дете ако не работат двајцата родители во оваа држава … да не зборам за две деца илиииии за најхрабрите три. Од финансиски аспект имам колешки што пола плата ја даваат во градинка пола плаќаат сметки и кредит а сопругот обезбедува храна и што треба за дома.
    Мн е тажно што ова општество форсира да мислиме дека треба да ги оставиме во градинка за ние да одиме на работа за да ја платиме градинката. Премногу изместени вредности…премногу отиден циклус на еволуција во некој погрешен правец. Али шта је ту је … идемо даље, секој ќе тера како може. Условите во државните градинки се трета тема за која и се сомневам дека би нашла одговор на сите мои прашања :) пред некој ден отидов до најблиската и во дворот три негувателки пушеа цигари додека децата играа во тревата па застанав и набљудував… дојде едно дете да праша нешто… па второ па уште две други они си пушеа цигари, децава си трчкаа ништо не им фалеше ама така сликата ми беше ко да се случуваше сценава во некој неубав филм :|
     
    На H.VAGA и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  15. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали истово важи и за друг град, но за во Скопје, може да се аплицира и во друга општина, т.е во општината во која работи родителот. Со тоа што, пак предност прво би имале деца кои живеат во општината, па потоа деца чии родители работат во општината.
     
    На Mimmi39 и hannybanny им се допаѓа ова.
  16. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Значи Македонија ви е Инстаграм и Фејсбук. Гледате дека најважна работа е да се сликаат. Идеш кај градоначалникот на профил и на некој пост му пишуваш коментар или пишуваш статус и го тагнуваш. Ти гарантирам дека детето ќе ти го примат утре во градинка. Само јавно и ќе видите како се се може.
     
    На MeowMeow и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    7.020
    Пол:
    Женски
    Или ќе те банираат да не момеш да коментираш.. да да се има случено
     
  18. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Абе ќе се најде начин. Само да не доаѓаме до таму е работата. Без разлика дали е задолжителна или не градинката места треба да има, на крај краева со тоа лопатите само се сликаат и како се менува власт така се караат кој ветил и не направил. Па направете де. Мислиш наталитет има 500% па се драматизира.
     
    На Mimmi39 и Tulip023 им се допаѓа ова.
  19. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    @Mimmi39 Можеш да го запишеш детето во било која градинка кај што има место. Строгата реонизација е само за општините кај што нема место ни за децата што живеат во таа општина.
    Моиве деца се во Срничка, таму живееме. Не ми се јасни родителите што ʼсе тепаатʼ да запишат дете таму, а не се во Аеродром по адреса. Зошто некој би сакал бебето да му биде во група со 40 деца и две учителки? Да, јасли се 43 деца и сеуште примаат нови, немаат капацитет, креветчиња, вработени ама нема врска, мора да се напикаат сите.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.518
    Допаѓања:
    49.678
    Пол:
    Женски
    Се тепаат зашто има многу што држат стари адреси за да има баба/дедо ги зимаат од градинка они ако се до 4,5 на работа.
    Во нашата во Карпош е таков случај, повеќето се преку Партизанска/Тафталиџе или Ѓорче а ги носат тука бидејки бабите и дедовците се тука.
    Па после затоа има градинки со групи од по 10 деца (Центар) и градинки со по 30 деца во група (Карпош)
     
    На azelea, Mimmi39, Tea SK и 2 други им се допаѓа ова.