Срничка има 6 објекти, борбата е само за еден, тоа не го разбирам. А за бабите и дедовците сум слушала дека го прават тоа со адресите, а реално градинките работат до 18h, не знам, сами си ги правиме условите такви. Си ги гласаме, си ги трпиме и сега мора да се снаоѓаме.
За кој објект е борбата за Срничка? Ние ќе сме таму, секако според адреса кај што ни е најблиску, ама ме интересира кој е тој објект.
Чекорче. Јас кога го запишував малиот ми рекоа било кој објект одма може да почне, за Чекорче барај врски. А не ми одговара децата во различни градинки да ги носам и го запишав во Чекорче колку да влезе, па од септември здравје кога ќе почнат во мала група се надевам ќе ги поделат во две групи. Вие кај сте?
До 18 часот се ама во 15 веќе се празни. Коа ја запишувавме ние во образецот пишавме дека сме до 18 часот на работа во случај да нема кој порано да ја земе да седи таму иако сме до 4ипол на работа. Неколку пати немаше кој да ја земе порано (пред да завршиме ние со работа) и кога ќе отидовме да ја земеме ко гревче сама со учителката седеше во ходникот зошто сите си беа отидени. Од тогаш реков баби дедовци да се снаоѓаат да ја зимаат. Среќа па има кој да ја земе пошто и они се во близина. Сега кога ја запишувавме во прво педагогот само ни рече нас ни е битно на хартија да ви е адресата тука за да бидеме покриени, а вие кај сакате можете да живеете не навлагаме во тоа. Па затоа на малава генерацијата во прво оваа година ќе биде 2 класа со едвај 28 деца затоа што сите па се тепаат во Коменски да ги запишат првачиња иако на повеќето пред зграда им е Лазо.
Слична ситуација е и во Ново Лисиче. Доаѓаат од други населби или општини и запишуваат деца (како им успева, не знам), а потоа за децата кои живеат до градинката нема места. Тотален хаос, без никаков ред се градинките во Скопје.
Мајки какво ви е искуството со јасли во корчагин..во новиот клон пролет или во пинокио? По колку бебиња се во група?
Jas od prv den otkako se otvori proelt ja nosam tamu na pocetok bea malce 11 pa 17 bebinja sega neznam kolku se ama ne odat site, tolku se na spisok. Na slikite gledav otprilika po 9-13 bebinja. Koga ke podnarasnat gi prefrlaat vo druga grupa i taka se menuva brojkata celo vreme. Super se negovatelkite posveteni i se grizat da gi naranat, presoblecat
Успева затоа што се бара лична карта, јас живеев во една населба привремено 2 години а личната ми беше во друга. Комотно можев да го запишам во било која. Кисела вода пример не ми бараа ништо
Не знаев за ова, најискрено. Од темава дознав многу работи. Тоа значи никаква морална и општествена одговорност. Или најпросто кажано, секој си гледа само за себе, лични интереси, без емпатија за другите.
@LiquidLuna Здраво, ме интересира дали во градинката Кочо Рацин ги носат децата надвор во дворче или горе на играчките да си играат? Доколку ги носат децата во дворче или на играчки би можело ќерка ми да ја запишам таму. Ти благодрам
Ги изнесуваат кога им е во склоп на активностите. Бубачки со лупа да гледаат пример, некои такви ми ти работи. Ама не е секојдневно да речеш. Не знам колкаво ти е детето, бебињата не ги изнесуваат. Помалата група исто поретко, тек после 3тата година таму почесто ги изнесуваат.
И ќерка ми е во Пролет во Јасли,задоволни сме засега немам замерки, учителките се одлични околу 20 деца се во група.
Мене wellbaby ми дадоа за малото 7м кога беше, он од брат му со бактериите помал почна. Толку мали само витамини може.
Д витамин, Омега(молерс), пробиотик цело време различен (пример диастоп па ќе испие едно шишенце па биогаја па ќе го испие па некој трет итн итн - така ме советуваше матичната) и спреј ацидосалус секое сабајле пред градинка во нос (ако има многу зелени мрсули плус и навечер) Едит: што и да даваш неизбежно е да фати по некоја бактерија, вирус. Сите се така на почетокот и нема бегање од тоа. Едино што треба да се следи е комплицирање на некои симптоми, големо кашлање, воспаление на уше, спуштање на плуќа и слично. Колку може повеќе да се поминуваат сите состојби без антибиотик и тоа е тоа
Нормална работа, така се стекнува имунитет. На толку мало бебе прскајте само Ацидосалус во грло и носе. Бета глуканите кои се имунобустери се даваат ако детето цело време се разболува, не по првото разболување. Се остава да се стекне имунитетот по природен пат, а патот е ист за сите. Со лесно и брзо да поминува!
Многу ли плаче на оставање? И моето ќе тргнува на 8-9мес некако се тешам дека помали полесно ќе е. Инаку имунобор со големиот многу помогна, не знам од колку месеци се пие, ама ако е од 6м ќе давам дефинитивно.