@Трагедијаупмм кај нас немаме контакт од воспитувачките само од одговорната, ама одговорната е цело време достапна и на вибер и на телефон. Она ме известува ако нешто качи температура малата и преку неа прашувам нешто специфично ако не сум ги начекала воспитувачките на врата. На врата ретко ја начекувам нејзината ама и другите имаат инфо за јадење спиење бидејќи запишуваат ливчиња за секое дете и ни ги даваат на крај на ден што и колку јаделе и кога и колку спиеле. Дури и пред некој ден подоцна остана малата и таа што беше дежурна кога ја зимав сама ми кажа загрижено дека иако само малку била со неа и делувало како тешко да дише кога ја облакала. Е сега ние сме во мали групи со малку деца па затоа и постигаат да даваат толку инфо верувам… посебен термин за разговор колку што знам немаме
Ќе излезеш порано од работа еден ден во неделата ако тоа е решение да зборнеш со нејзе и заврши ја работата. Секакви ги има и учителки и родители.
@Трагедијаупмм апсолутно си во треба и мора да имаш фидбек, дете оставаш некој да ти чува цел ден. Во склоп на работата им е да те информираат за детето, за неговиот напредок, адаптација, проблеми со другарчињата закачки и слично. Кај нас во главно ако има нешто да ни кажат ни кажуваат на земање, си пренесуваат воспитувачките меѓу нив. Или телефонски, на вибер. Секогаш до сега ми вратиле кога и да сум пишала. Нас во групата каде што сме родителите заедно со воспитувачките не прашуваат чиви се пример нечии чорапи, зашто ги соблакаат и ги мешаат нонстоп, не па за таква голема работа како дали се подобрило детето во јадењето.. Буквално секогаш кога ја земаме имаме информации, јадела, спиела, дали се закачкала со некој, се. И така и треба да биде, и зошто да се согласувате на се што е помалце од ова? Значи не разбирам зашто воспитувачките се толку заштитени ко ендемски вид да се аман, демек еве децата ги чуваат ќутете и трпете? Не бе луѓе, тој што ви го чува детето е должен да ве информира на дневно ниво, макар и едно "супер е се" да ти каже ќе биде доволно. Сите 25 мајки нема да пишат во исто време. А и да пишат, додека спијат децата нека им врати на пораките де, додека го пие кафето. Минута работа е да и пише на мајката мајка детето ти е добро не се грижи, башка детето имаше потешка адаптација и не сакаше да јаде, нормално е мајката да се грижи и да прашува. Воспитувачката кога аплицирала за работа знаела дека е тоа преодговорна работа. Епа нека си ја вршат како што треба. @Трагедијаупмм и не си ти должна да излагаш од работа порано само за да се сретнеш со воспитувачката што може да ти даде инфо. Тоа е нивна должност да те известат за се што прашуваш, а они нека се снајдат како тоа ќе го направат. Ај ако не во 12 паузата да ја искористиш за да одиш да бараш инфо. Не знам како ги трпиш уште, јас на твое место до сега ќе ја ескалирав ситуацијата на повисоко ниво
Види јас не реков дека она не треба да добие одговор од учителката, за тоа ама ич не мислам дека е погрешно таман работа сите прашуваме ама пак и не мислам дека треба да се лути што не и одговара на вибер, лутинатаи незадоволството што не излегува она на 2 мин да и каже како го поминува детето денот во градинка е разбирлив, тоа со звонење по телефони не. Апсолутно за се има решение, кажав незадоволство се искажува на друг начин преку тој што е одговорен на цела градинка.
Проблемот е што стварно не мораат да пишуваат со нас, немаат службен телефон. Јас сум имала дете со таква воспитувачка, само син ми ставала и тоа она беше раководител на објектот. Слики не сме добивале од децата како некои што ги сликаат секојдневно, никакви специфични информации. Среќа негователката беше поангажирана, инаку стварно очај. Они си се штитат меѓу себе сите и да се пожалиш, а ако отидеш нагоре, што ќе направиш, стварно има премногу дупки во целокупното функционирање на градинките, не е регулирано, и немаш на основ на што да се буниш. Башка се вадат со тоа многу деца малку вработени. Евентуално од сабајле кога гo оставаш или кога го земаш детето лично да прашаш. Ако не се учителките од твоето дете на прием или испраќање, да замолиш ако се тука да дојдат за да ти кажат набрзина, со фино. На крајот на краиштата они ќе останат со нашите деца Х години, а ние ќе изгубиме само ако ја почнеме комуникацијата на карање. Многу се лутат општо ако ескалираш нагоре без (според нив) отворено да разговараш. Јас не викам дека се ова е правилно, ама за жал така е во државните градинки и мораме да најдеме заеднички јазик со вработените, како така. Не е само ескалирај. Мора да се научиме да функционираме за жал со тоа што имаме.
Знам дека во сите градинки е различно, но сега читајќи за темава - психички се спремам за почнување, а и на децава да им олеснам за привикнување, тоа онака што ми фати око и ме интересира е зошто не дозволуваат да се види просторот во кој ќе бидат децата? Ова ми е тотално нејасно и wtf момент, ко да се крие кој знае што. Друго што ме мачи е како ги хранат бебињата? Дома со две па е понапорно, не па 15 или колку и да се во група. Како ги заспиваат? Претпоставувам во креветчиња ама ги оставаат сами да заспијат, со музика нешто или? Јас дома веќе почнав да ги учам да заспиваат сами, претходно беше строго во раце, гушкање, шетање и пеење, сега гледам да сменам ама пак сакаат да сум до нив и да ги галам. Имав уште милион прашалници во глава кои не ми текнуваат во моментов, ќе прашам во друго мислење. За сега овие ми се најбитни.
@Amelia. ,бар во јасли кај нас имаа помош од вработените во кујна. Прво тие што јадат брзо да ги нахранат и непребираат, па после кај што треба малку молење. Е за заспивање и од искуство и од други што сум слушала милион приказни сум слушнала. За ќерка на почеток ја нишкаа. Во друга група кога сме смени викаа нема шанси нишкање, како знае ќе си се научи со лежење сама да заспива. Ова учење траеше некој период ама бидна. Е од други сум слушнала дека им оставаат тв пуштено со приспивни песни. ( Не во Ск, во друга градинка во градов и на поголеми групи, не во јасли). За во јасли во сосем трета градинка, си побарале негователките кој може да подари нишалки/релаксатори, па така да ги заспиваат. Така да се зависи од самите негователки во случајот и колку ќе се ангажираат истите. Едит: додека имам време за допишување. Дали во групите се споделуваат информации за здравствена состојба пример, појави на зарази и слично? Без разлика дали во група со воспитувачки или родители само? Не мислам на конкретно дете ова и ова му е, туку од типот - во групата имаме појава на сипаници, Коксаки, конјуктивитис, некоја потврдена бактерија и сл. Кај нас не се споделува ова многу, а еве јас сметам дека треба. Од сосетка разбирам дека детето нејзино не оди во градинка ради конјуктивитис пример. Иста група е со ќерка ми. Не се којзнае какви дијагнози ама може на некој му менува и би чувал дете дома.
Дур се во јасли бар кај нас сите ги хранеа значи негувателките им даваат да јадат на децата и јас од тој аспект бев многу задоволна стално си идаше најадена, е кога ќе ги префлат во градински дел е таму сами си јадат и кој колку ќе си изеди некој све, некој ич, не им се замараат, мене лично учителките ми имаат кажано многу деца се 30 + не можеле сите да ги нахранат. За спиење јас стално викам чим ќерка ми се научи во градинка да спија сите может ,таа беше тежок случај, дома заспиваше денски само со нишкање едно еден сат да нишкам па да заспија враце па да ја легнам па за 40мин.се будеше па плачки па ајде пак нишкање или гушкање па заспала пак се разбудила со еден збор хорор, во градинка тргна на 20 месеци во јасли таму само првиот ден за спиење плачела после тоа не плачела незнам како ги заспивет валда сами во креветче, таму мојава спијала а дома истите циркузи со нишкање, за на 3год. дома веќе не спијат а во градинка спијат мада во последно и таму нешто не заспивала. Кај нас во Охрид сум ги видела просториите во градинка и кога беше јасли и сега кога е во градинскот дел за други градови незнам како е ова за во Охрид.
Доколу не сака/не е должна да одговара на вибер и на тел повик нека им пренесе на дежурните негувателки да ја известат мајката дали детето почнало да јаде. Должност и е да извести родител за такви работи. Па побогу станува збор за 11м бебе не за дете од 5год, тоа и да не јаде и да не спие не е толку страшно... ама бебе од 11м, 9 саати? Како може за тоа да не може да добие информација....
Како да се храните со ескалацииве. Ете пријавила во матичен објект или каде и да е и воспитувачкава и се јавила да се кара и не и дала инфо за бебето. И сега? Како повеќе да ескалира те молам советувај ја. Уште повеќе да и порасне стресот и нервозата ако може… А пример сигурно и за да ескалира уште повеќе на “повисоко ниво” ќе треба да излезе од работа за да најде шеф, раководител, директор Има закони и правилници, кои можда се различни низ објектите, има договор кој го склучуваш, таму вибер за инфо на деца не верувам дека стои. Телефонски броеви од родители стојат. Ако имало проблем итен се јавуваат. На земање исто ако има нешто важно кажуваат без разлика кој го предава детето. Ако јас звонам или пишам и не ми се јават? Нормално дека ќе излезам од работа за да ги најдам додека се они на работа во нивно работно време и да прашам што е работата… не знам некои работи се многу едноставни ама пак ќе речам како храна ви е да ги ескалирате. За до банка ќе излезеш порано од работа, ама за дете да прашаш како поминало НИ КА КО. @Amelia. Кај нас на отворен ден еднаш месечно може да влезеш во занималната, не верувам дека од што сакаат го имаат, сигурно стои во некој правилник. @Miss_S кај нас пишувала воспитувачката за сипаници и вошки само. Бактерии секако има не е стерилна средина, го знаат колективот на градинките сите, ако сакаш да не е изложено на инфекти бактерии не му е место во градинка. Мојата трет месец од ново фаќа стрептокока, се мислев да пишам ама што фајде. Може некој е носител, нема клиничка слика да го лечи и тоа е. Затоа си барам јас чаре.
Во јасли ги хранат прво јадачите набрзинка, па после тие што се со молење. Кај нас 15, 20 ги хранеа три, уходани се брзо оди, секогаш се најадени бебињата. Додека се на адапрација и на почеток, ги заспиваа во раце па со тапкање по газе и со тек на време сите се учат сами да заспијат во кревет. Во однос на гледање на занимални, занимална ќе видиш на родителска во септември. Како ти е замислата да се гледа просторот додека има деца? Замислете на кој било родител да му текне било кога да влегува внатре. Ниту е добро од безбедносен аспект, ниту од здравствен. Еве јас прва би се бунела да пуштаат родители внатре било кога додека се децата.
@Mucika , е па тоа ми е поентата. Доаѓа детево мое вчера и си кажува сипаници, сипаници нешто. Не се сеќавам јас пред неа дома, дека воопшто сме споменале сипаници. Препрашувам што и како. Ми вика "Другарчето" има сипаници. Не е дијагноза за криење ни најмалку, дури и треба да се сподели во група. Буквално јас за сосем трета работа пред некој ден бев на доктор кај матичната, ме прашува таа дали имате прележано сипаници, викам детево Не. Оти вика куп пациенти од таа градинка во моментот имаме со сипаници. Еве во група имаме и мајки бремени, што може се во опасност. И не знам какви случаи. Нормално е дете во градинка и сипаници да фати и конјуктивитис и бактерии. Ама кога би биле информирани може некој би избрал детето да седи дома или би се заштитил на друг начин. Зборувам општо, не за мене конкретно и за моето дете.
Леле ај те молам, сме се хранеле со ескалациите.. Глупости. Колку да се пише нешто. Членката има проблем за кој има пишувано на повеќе наврати. Не знам што не е јасно во тоа дека треба да и дадат инфо кога ќе си праша за детето. Членката кажува дека кога оди да си го земе детето не и даваат информација зашто таа битната воспитувачката не е на работа. Таа нема ли должност да пренесе информации за детето на другите воспитувачки што ќе го предадат детето на родителот? Буквално работа и е тоа. Ако не сака да и пишуваат на вибер нека си им каже на колешките да и пренесат на мајката дека детето е во ред и слично. Или се праи недостижна. И да, ако недај боже нешто не е во ред со детето и слично СЕ КА КО дека ќе излеземе од работа порано, ама да излагам од работа за да одам да ја молам таа дотичната за информација што мора да ми ја обезбеди на овој или на оној начин, нема да го правам тоа, и да, ќе ескалирам. Испаѓа како намерно да не сака да и даде информација за детето.
Во мојата градинка 2,3 пати и имам пишано на негователката на вибер и секогаш ми вратила, кратко е колку што може да пише во моментот но наоѓала време да ми врати. Така да еднаш ако не вратила, два пати во ред ама сепак треба, прво човечки е а после и професионално да ти врати информација кога веќе не можеш лично да ја сретнеш.
За изгубено пишува во група ,нема нема цуцлава чија е ,тренерчето на кој е. Пиши и порано ќе ја земеш одма враќа. Ајде да не одам до директори ама не знам веќе не знам како да се однесувам дома да и одам ако не преку одговорен ? Баш враќав наназад и гледам на адаптација кога била едниот ден сум и пишала да прашам како е дали заспа на сеен ,другиот ден сум и пишала не ја успивајте во 12 ќе ја земам на тоа има важи хахах Јас сум пишувала за поголемото и така продолжив и со помалото,ствар на совест е. Воспитувачките само за вошки имаат пишано веројатно од незгодно да пишат на тие што имале пишале сите да си проверат... И не знам кој беше што рече за излегување порано и тоа е ок иако далеку ми е работата не можам да речеме на пауза да скокнам ама ни тоа не е гаранција пошо се случува да не е на работа а ние не знаеме и за џабе ќе излезам не е на дедо ми фирмата секој ден јас да излегувам. Друго прашав тука бидејќи големата е во истата градинка со други воспитувачки па постојано е во комуникација и јас мислам така треба сеа ова ,,не сме должни" ми дојде чудно и затоа ме интересираше дали се или не се должни да не информираат.
Очигледно зависи од воспитувачките, како ќе се погодат. Лотарија е. Нас не ни беше погодена воспитувачката во градинка, па знам дека "не се должни" ништо. Башка може ти се лути сега ако ти се јавиле да се караат со тебе, па инает ти тераат. Жално е зошто ти си загрижена мајка на бебе и бараш начин да извлечеш информација на секој начин..
Ева сеа треба да прашам за колку дечиња да спремам роденденски и се чудам дали да и пишам дали на среќа да направам па јбг...
Евентуално ако друго детенце имало перидов роденден, па мајката да ја прашаш колку спремала. Не знам дали ќе ве фати спојување групи и слично. Ние сме со јануарски роденден и истото го имам, споени групи, во една, во друга занимална, па донеси за олку, за онолку. И бар минатиов роденден носев за група од 20 деца носев 30+ пакетчиња.