Аман. Значи не знам сегде различно еве кај нас и големата ми е летно време ,јас баш викам да донесам за сите нејзината воспитувачка ми вика не ќе донесеш толку колку што идат од нашата група јас ќе најдам начин да ги одделам на 15 мин да поделат...
Таму пиши си, прашај колку се точно, ако не ти одговори учителката, родител некој ќе пише сигурно што носел скоро, можеш и така да прашаш.
Кај нас самите родители во група пишуваме кога има специфично нешто од типот сипаници, вошки или како што беше инфлуенцата зимоска. За обични настинки не. Знам кога имаше сипаници се јави учителката кај тие мајки што беа бремени тој период да ги предупреди дека во групата има сипаници па да имаат во предвид или да не ги пуштаат децата за да не се заразат во тој критичен период. За друго се немаат јавено.
Здраво, дали знаете кога преминуваат од јасли во следна група? Во септември син ми ќе има 20 месеци, на листот за прием на деца пишуваше дека е во група од 08 до 18 месеци, сабајле ја слушнав учителката како и кажува на друга мајка дека од септември ако има полни 2 години ќе премине во следна група. Ќе прашам секако и во градинката, но ако може споделете искуства. Ви благодарам.
Секоја градинка има различна политика со групиве. Син ми во претходната градинка на 20 месеци тргна во поголема група. А во градинката кај што сме сега групите се генерациски и има деца во јасли што се по 2 ипол години и дури во септември ги ставаат во поголема група.. Така да прашајте си во градинката.
Кај синот се по календарска година. Јасли 1 се родени 2025, јасли 2 се родени 2024 и во септември ќе преминат во следна група. Моево дека е родено во февруари веќе има скоро 2ипол, ама имаат и под 2 години во група, сите заедно ќе преминат во следната.
Како ги облекувате за во градинка периодов? Ставате ли боди по прерамки одоздола или не? Јас уште ја облекувам со боди на прерамки, блузичка на кратки и најтенки хеланчиња ама мислам да не е жешко? За хеланчињата секој ден се туфкам дали да и облечам шорцеви ама па не е проодена уште лази и ми е шубе да ја оставам со голи колена да лази цел ден
Јас веќе две недели и облекувам шорцеви и маичка по кратки или боди по кратки… и од вчера ми е цела исфрлана со вруќаници мислам топло е за хеланки и плус боди под маичка
Маица на кратки и хеланки средна должина (ни долги, ни шорцеви). Ама кај и да е и шорцеви ќе и облечам, ептен склетџика е мојава
Имате ли искуство со градинка веселата дружина? За јасли ми е прашањето за услови и однос - имаат примамлива понуда со попуст летово
Дали сите деца се изморени после градинка моето станува во 6:30 го носам во 7:40 го зимам 12:40 во 13:30 заспива и неможам да го разбудам ако стане ненаспан не се трпи еве сеа стана плачеше и пак заспа после 10 мин 4 години има навечер легнува 21:00
Не спие ли таму? Ќерка ми (3,5 години) општо е неуморна ама исто станува најдоцна до 7 часот, спие во градинка од кај пладне до 14:30 кај нас ги оставаат. После до кај 22:00 седи. Ретко кога заспала порано.
Nesaka da spie pa go zemam use nekoj mesec posle koa ke trgnam na rabota sakal nejke ke si spie tamu i moeto e neumorno zatoa me cudi sto etolku umoren obicno koa ne odel u grandinka doma poplane eden saat i tolku sea nemozam da go razbudam ne odese nekolku meseci bebe imame doma pa doma si gi cuvav i dvajcata
Ќе ти дадам совет, колку побрзо се запнеш да спие таму, толку подобро. Посебно бидејќи се работи за поголемо дете, многу лесно може да сфати после ручек следува одење дома и уште поголем проблем да си направиш.
На крај однесов колку што има мајки во групата и буквално таму пред сите и реков пошо немам кај да прашам ставив колку што има родители во групата на вибер и направи една фаца
Има ли мајка со дете во сончогледи, Влае на Франце Прешњрн градинката? Конкретно за јасли ме интересира искуство а и за поголемите групи секако
Некоја мајка со проблем детето да не сака да јаде во градинка, не јаде ни дома ама компензираме со млеко. 9 месеци е, почнавме на 1ви во градинка, мислам дека не е сеуште опуштена доволно таму, но и дома имаме проблем со јадењето, јаде 2 3 лажички и толку. Од 1ви ќе биде по цел ден таму и ме мачи што не јаде..
Мојата е таму од јануари. Јас сум презадоволна, детето ми се адаптираше за една недела, со спиење јадење се. Се трудат многу. Ќерка ми сега со трчање оди во градинка и директ на гушкање кај воспитувачките. Никогаш не ми ја вратиле со црвено газе иако е преосетлива, секогаш е чиста средена. Даваат информации секогаш, посебно на почеток првите месеци. Сега веќе не ни прашуваме, ако има нешто ќе кажат. Околу 30тина деца се, редовно одат околу 25. Секогаш има некој што отсуствува од дечињата тоа е стандард.