Мојот е таму ама во поголема група, немам искуство со јасли. Од учителките сум презадоволна, секогаш достапни за разговор, ама групите се големи со над 30 деца на една учителка и една негователка и градинката е стара. Цело време викаат ќе се реновира ама тоа никако да се случи. Една од најпозитивните работи од градинкава е дека многу од децата од групата кај малиот живеат во околните згради, па се дружат и вечер во паркот и многу си играат.