Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.610
    Пол:
    Женски
    Да би реагирала. Во ваков случај, прво лично би се обратила до учителките да не се објавува моето дете.

    Јас воопшто не објавувам слики на социјални мрежи од детето и со причина не сум потпишала согласност да се објавува на страната од градинката. Автоматски ни учителката нема право моето дете да го објавува на нејзин приватен профил.
     
    На MeowMeow, kozuf, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    9.676
    Пол:
    Женски
    За на страната од градинките дадовме дозвола. Со тоа што е една страна за сите градинки во градот. Може да се случи, а и се случува групи воопшто во цела година да не објават никаква слика таму.

    Ама искрено не ми се допаѓа фактот, воспитувачките на приватните профили да си објавуваат.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам прават share на постот од градинката. Побарајте да ги направат објавите да не можат да се споделуваат. И јас потпишав дозвола но не би сакала кој стигне да може да направи share на постот каде што ми е детето. Јас не сакам ни од мене, не па од детето. Искрено не разбирам и зошто треба деца да се сликаат за СМ. Може да сликаат да ни пратат на нас мада и тоа зошто ама модерни времиња тоа е.
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    7.289
    Пол:
    Женски
    И ја би реагирала, имавме ситуација една подалечна роднина да објави слика од ќерка ми - ја сликала на роденден кај наши роднини заеднички како јаде торта измачкана / нејзе тоа и се видело слатко и смешно јас и се јавив и објаснив дека одма сакам да се тргне таа слика- јас сум одбрала да и дадам торта три лажички она е дете и се направи лом и нема потреба од тоа да се прави циркузи. Претпоставувам дека и учителките фатиле некој интересен момент ама и ја не би сакала некоја друга мое дете да ја објавува - јас си споделувам фотографии од мое дете и си избирам контент

    иначе и ние потпишавме дозвола за споделување на јавниот профил на градинката ама тоа не дава право учителката да си споделува слики на личен профил
     
    На MeowMeow, Miss_S и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    9.676
    Пол:
    Женски
    Не споделување на објавите од јавната група. Туку рандом моменти.
    Сите седнати кај што играат или цртаат или скокаат. Рандом активности што си ги работат.

    Сликите ги добиваме и во приватна нели група само со родителите. Ама ете во последно време обавезно по некоја завршува и на приватните профили од воспитувачките.
     
  6. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто. За да покажат ли колку и што работат? Кажете во градинка, согласноста важи за профилите на градинката, а не за личните профили на вработените.
     
    На Трагедијаупмм и Miss_S им се допаѓа ова.
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    5.295
    Јас па не се сеќавам да сум дала согласност, а пак објавуваат на групата од градинка. Не ми смета додека не се гледа чист лик. Најчесто мојата ја гледам каде е и до сега секогаш е од страна или од горе, некако се погодило ликот да не се гледа. Ако се гледа мислам дека би изреагирала дури и да е на групата од градинка. Зошто мора ликови да има? Толку апликации и начини има да го скриеш лицето, нема потреба да има лик. Слики да има ми се допаѓа и ок е да споделуваат, ама има начини за заштита.
     
  8. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетов за слики објавување од градинки, ми излезе на инстаграм пост од позната приватна градинка со повеќе слики од дечиња во пелени како се бањаат во базен. Наредени сите голички, сите со фацички. Па добро која е потребата не разбирам и како родителите даваат согласност за такви слики?
     
    На Peperutce6, Amellie и MeowMeow им се допаѓа ова.
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Некако се се сведе на тоа родителите да се фалат со децата еве моето што прави, каде оди, без да размислат на последици. Која е потребата голи деца да се ставаат на Инстаграм во овие болни времиња.
     
    На Anaroz1, Amellie, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    7.289
    Пол:
    Женски
    И јас ја видов таа објава… неубаво се осетив скроз, голи децата околу базен со памперси наредени :(
     
    На Amellie и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Собирање документи за упис на бебе во градинка мислиш ќе ја праќаме на престижен универзитет. Цела недела со тоа се занимавам.
     
  12. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Нормално ли е постојано да и тече носот? 3ипол месеци веќе оди во градинка (со 3 кратки паузи од по неколку дена кога имала некој вирус) но носот непрекинато и тече а само се менува боја и густина на мрсули. Матичната ми вика додека не направи некоја голема пауза од градинка нема да се исчисти и тоа е тоа, нема третирање само прскање солен спреј и влечење редовно со носко. На брис од нос пред некое време имаше стрептокока што не знам дали е излечена (веројатно не) па можеби од тоа се мрсулите но матичната а и уште една друга докторка ми рекоа да не третирам и така да тераме, вакцината од стрептокока била доволна да не направи некоја компликација чим само нос тече. Некој со слично искуство? Други симптоми нема освен кога имала друг вирус па ќе качела и температура или ќе кашлала и слично па сме правеле инхалации и другите симптоми исчезнуваат а носот си продолжува да тече.
     
  13. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Да, нормално е. Ќе има уште долго мрсули. Ако не се разболува често и драматично со антибиотик или инхалации значи дека генерално е со добар имунитет и не треба да се секираш.
    Ќерка ми оди 2 години во градинка во поголемиот дел од времето е со мрсули, особено првата година.
     
    На Simon4e0507, lovely91 и dummy им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.364
    Допаѓања:
    51.282
    Пол:
    Женски
    Нормално е додека да стекне имунитет.
    Ќерка ми појде во градинка на 11 месеци уште што не закачи до сега.
    Бактерии, вируси, температури, кашлање, нос течење, сипаници.
    Првата година е нај критична после ќе стекне имунитет.
    Еве сега ќерка ми е 4 години и ретко се разболува.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Па што знам дали не се разболува често, не дека не ама среќа брзо и лесно и проаѓа. Фати различни вируси неколку пати и бактерија ама пу пу не ескалирало нешто. Еднаш само пиеше антибиотик и 2 пати инхалации со кортико по 5 дена, останатото сме се лечеле со обични инхалации, сирупи, супи… во овие 3ипол месеци вкупно 3 недели има пауза направено инаку редовно си оди со мрсулите.
     
  16. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    803
    Пол:
    Женски
    Мрсулите со здравје да си ги носиме до 1во одделение така ми кажа Педијатарот:)
     
    На LadyInPainting, hannybanny и dummy им се допаѓа ова.
  17. Lavitaebella

    Lavitaebella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Се мислиме за градинка дали полудневен престој пишува 4-6часа или целодневен бидејки де уште сум дома, и дали ако е некое време полудневен после тоа доколку се вработам може да се префрлиме одма на целодневен ? има ли некој вакво искуство ?
    И дали ако јс запишам на целодневен можам после ручек да ја земам или мора 9 часа минимум да престојува , тоа не ми е јасно
     
    Последна измена: 17 јули 2026
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    9.676
    Пол:
    Женски
    Ако е државна градинка можеш во договор со воспитувачките да го земаш детето на пладне, пред дремката на другите. Ова и да е на цело време запишано.

    Искрено не ти ја препорачувам оваа опција од причина што ќе се навикне и детето дека после ручек некој го зема. А и самите воспитувачки дека има кој да го зема порано детето.
     
    На Lavitaebella, lovely91 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    5.473
    Obicno sekogas se celodneven prestoj taka da zapishete go deteto taka
     
    На Lavitaebella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    589
    Дали на некого му иде детето во Сонце во Волково ?