На ќерка ми и купувам од Топлинки страната, пре задоволна сум, 1000ден се со бесплатна достава до врата, имаат анатомска влошка и баш се гледа удобно и стојат, ако сакаш погледни ги и тие како опција.
Од КК користиме цело време. Не се случило ни да е со испотена нога, водена. Ни некаков друг проблем да има.
А и сега ли ги пуштате со топлинки? баш прашував во градинка ми рекоа топло е боси се сите деца нема потреба. мојава тазе почна да оди по малце па баш не знаев дали треба или не топлинки
Кај нас различни обувки носат. Многу од девојчињата се во вакви https://www.obucametro.mk/toplinka/9938-n83776 Или во гумени Ипанема и слични. Ама сметај поголема група во возраст тоа. Излегуваат и на балкон и во Вц одат сами. Макар што често низ занимална на слика ги гледам скроз боси. За јасли/непроодено или сега проодено, што не оди во вц во секој случај, мислам дека не мора.
Ако има некоја мајка со слично или исто искуство да ми пише...ќерка ми е 2 год и 8 месеци, од Септември оди во градинка, од прв ден ја прифати градинката, никогаш нема плачено, дружељубива е, обожава деца..прифатена од сите 3 учителки а и она ги прифати сите...е сега, откако крај на Јуни се заедно сите деца поради одмориве, ова со градинкава стана стрес...не сака да станува, ја молиме по 20мин, си одолговлекува, чекај да полежам, да си поиграм, ова сакам да носам, не сакам, врискање, плачење...ми кажаа и таму последниве 2 недели дека плаче и ме бара мене...се смени за 360°...дали мн деца и дојдоа во околина, стимулација огромна, не знам до што е...сама си кажува не сакам да одам и како стрес и е, прашува секоја вечер дали утрото ќе ја носиме во градинка...ако има некоја мајка да каже совет/искуство како се справува со ситуацијава би ми значело.
Секое лето иста приказна ни беше. Ова е последно па во школо ,уште 8 деца одат и августов од нејзина група и пак знае да плаче насабајле... Ако па нема ниедна од нејзините воспитачки тоа е драми. Не знам како ќе почнува во школо девојчево Инаку со зборување дека мора да оди за да и купам играчки ,ако ја караат да ми каже јас ќе зборам и сл за да видам кој е проблемот и уште не разбрав
Не знам што се случува ама и мојата е иста. Ние од април почнавме без проблем, значи со мерак одеше, кога ја шетавме и поминеме покрај градинката не тераше да ја носиме таму. Правевме пауза месец дена заради одмори и детево не сака да оди..споени се сега групите и она плаче на секое одење. Наеднаш многу ми се смени и со однесувањето, агресивна е, константно е кенкава и само сака по нејзино. Почнува да лази.. не знам дали некое дете има што лази таму, ама буквално се треска од земја од ништо. Тантруми почна да има од оние лудачките што траат по 20 минути. Ме напаѓа мене физички, прамен коса ми искорна, и се тоа на куп. Претходно ми кажуваше што пееле во градинка, што правеле, сега не дава да и ја спомнеш, одма вика не, не и почнува да плаче. Ние сме 21 месец.
Мојата е на лешник, ама тоа нема во градинка, кога се случува да има роденден па јадат благо обавезно проверуваат и не и даваат ако има лешник, или ако имаат барчиња за ужинка ако им е сомнително на почетокот не и ги даваа. Другарка ми на малата и става доручек во ранче, на млеко интолерантна е, доручекот што и го праќа е нешто слично на тие во градинка, не и става не знам какви оброци ултра привлечни, за да не гледаат другите деца. Ама и остава во градинка. Мора да најдете начин. Носи оброк или нека му даваат леб и мармалад без путер, може и пред градинка да јаде дома, не мора таму да јаде количински ете лепче само, ти секако однеси го кога е прием на деца, нема потреба после доручек да го носиш. Кај нас има неколку деца си јадат пред градинка, а таму ради реда нешто ќе се штрбне, ама ова е затоа што така сакаат, не заради алергии. Јас не можам да кажам каква промена осеќам конкретна, ама осеќам, детето ми е поинакво летно време отколку во другиот дел од годината, го препишувам на споени групи, променети учителки, безредие во програмите, не знам. После ланското лето, реков летово ќе побарам некој да ја чува да не оди, не најдов и се покајав пак, за август ќе земаме одмори за да не оди, жал ми е многу. Можда преувеличувам.
Ќерка ми во јасли тазе проодена внатре е боса или во чорапчиња. Ми кажаа нема потреба од топлинки моментално. За во дворче си носи патичиња. И другите деца што сум видела исто, некои можеби сандали место патики
@Трагедијаупмм @Feniksgirl @Mucika Фала ви мн на споделените искуства, сакав да прочитам дали и некое др дете има промени или само моево вака се смени. Инаку и тоа го приметив, ако не се нејзините учителки, бега назад, не сака ни да влезе, со плачење оди, а ако дојде некоја од нејзините одма за рака ја фаќа и као по смирена, ама па внатре седела до нив ми кажаа, одбива и да игра. Мене ми е баш шок, непрепознатлива, она секогаш си играла таму, на почетокот додека ги запознае памтам ми кажуваа била повлечена, после по борбена за играчки, повеќе учествувала во групни игри итн со еден збор скроз се опушти, ама нас никогаш не нè барала, со песна одеше во градинка. Бар по тоа што она го кажува вика дека децата мн и сметале, многу биле, а и во право сте, мн учителки, нови стари и гледам потешко ги прифаќа, сигурно е навикната на своите. За тантрумите тоа ми е посебна тема, не ми се ни збори, стресен ми е секој ден, само чекам да се смени и смири не е тоа дете што беше ама не би препишала на тоа што оди во градинка па се смени, иако и од таму гледам колку поз толку негативни навики/зборови/постапки учи ама ништо загрижувачко за среќа. Секако од 2та год им почнуваат тантрумиве па ова очекувано ми беше ама па капак на се и да не оди во градинка, додатен стрес ќе видиме како ќе се снаоѓаме до крај на Август
Можеш ли да прашаш да и спремаш и носиш ти доручек во ранче? Или некаква друга насока. Бидејќи мора да има некакво решение
А каква реакција има? Во воздух ќе ги кренам при алергии да давааг, а акп се случи нешто кој ќе одговара? Изгледа си коректна со нив па затоа, со нив само безобразен треба да е човек за да се почитуваат основни правила. Највеќе им одговара да ти кажат Еиии нема опција не може да го делиме. Врска нема, може и треба да си направат посебно мени нека не се лудираат. Туку знаат дека родителите одма се снаоѓаат и ги праќаат во приватни, па овие затоа вака се понашаат. Прво ќе им кажеш дека со однесена потврда од лекар можеш кривично да ги тужиш што дале алерген, па и уште ако си потпишала Второ ќе си бараш директор, па совет на родители. Имав и ја проблеми други пишував и порано тој е патот за решавање на проблеми. Трето, бараш прием кај градоначалник во општина. Еии штом те проочитав коса ми се крена, безобразни. Терај до крај, решение ќе се најде, избори се и ќе видиш ќе добиеш мени со асална замена или крајно да си праќаш своја храна. Више со учителките не разговарај, они своето го направиле, барај кој е раководител и кажи дека сакаш итно состанок со директор и контакт од совет на родители.
Кај нас на пример намерно им се збореше на децата да не одат, да оделе кај баби дедовци им прават глупости ...има исклучоци од учителки ама поголемо ми е детето и кажува. Башка моето 5ипол год го спојува со 2-3год возраст и нормално поголемите ги закачаат малите, маливе плсчат и никој нејќе да оди. Се буневме, ама џабе веќе беа направени одморите. Секако заврши летото тоа е, ама секое лето иста песна
Какво време дојде во недостиг на соодветен кадар се вработува и шуто и рогато, луѓе што не се сакаат прво себе, ни своите деца, а камо ли па туѓи деца. Уште кога ќе ми текне дека има инцијатива за промена на законот да може да се вработува кој стигне во градинка без оглед на образованието ми се повраќа. Сите што ги примаат прво треба да поминат некои тешки психолошки тестови и тестови за емпатија. Кој го измисли тоа решение на неопределено да јаде.... Остави ги на определено, на 3 месеци продолжувај им договор па нека се тресат дали ќе ја задржат работата, а не вака како шерифи, нема друго мени ќе ти го тупаме детето со алергени, тоа е, ако не па најдете си чаре. Абе ајде. Ако му биде нешто на детето од храната кој ќе одговара. Коса ми се крева колку сме станати одвратни, без никакви чувства и емпатија. Да не сакаш дете такво мало и беспомошно и да се иживуваш е сериозна дијагноза. Македонија земја на неработници неиживеани и искомплексирани луѓе.
Како им ги означувате алиштата на децата за во градинка? ќе почнуваме за брзо и ни спомнаа дека требало да бидат некако означени
Си нарачав од Тему налепници со име на ќерка ми и има интересни стикерчиња до името, па такви и лепам на облека, топлинки итн.
Ќе се надоврзам на твоето мислење...Ве читам одамна повеќето на темава и баш не убаво е да се прочита такво лошо искуство од градинка. Јас имам сосема спротивно искуство и сум презадоволна од сè. Како што имам кажано, 3 учителки се кај ќерка ми и од самиот почеток ја прифатија неа а и она нив. Секое утро се пред врата и насмеани пречекуваат дечиња(тоа што читав тука пишуваа некои мајки дека пушеле учителки цигари а не да се кај децата, се крстев, овие се секое утро пред врата ни во двор не сум ги видела) на земање за дома ако е некоја уште на смена обавезно ми кажуваат како поминал денот барем во кратки црти. До сега имавме 2 пати родителска, опширно беше зборено за доста теми а на секое прашање од родител одговорено. На вибер/тел се достапни во секое време, враќаат и се јавуваат. На секоја работилница имам присуствувано, атмосферата е многу убава, родител дете а и они тука со нас, секогаш помагале, одат кај секоја масичка, позитивни, музика тивка, секогаш сум била пре задоволна од сè. Блиска сум со мајки на дечиња од групата на ќерка ми, си одиме по родендени почнавме и приватно да се дружиме, разговараме. Сите го имаме истото мислење, задоволни сме мн од сите учителки. Да не зборам(што посебно ми се допаѓа) колку се посветени на децата, секој Понеделник со докторка ги прегледуваат детално, на вибер сме секогаш известени ако има сипаници во група, коксаки итн итн. Ќерка ми никогаш не е вратена покакана, заборавена, премочана, гладна...ретко пре ретко и со мала флека да се врати на облека. Секој ден и прават различна фризурка сето ова не може да се изглуми, ги гледам дека со љубов работат. Заради сето ова и ќерка ми со радост оди во градинка. Е сега летово е друго, но не е поради нив, туку правила на секоја градинка. Може да има по непријатни учителки од други групи или ако ги носат од други места, тоа е веќе друго. Ама штом повеќе деца вака реагираат, значи до правилото во лето е што вака функционираат а на децата не им одговара. Ќерка ми е уште мала па не пренесува сè од секој ден што е како е, но очекувам за брзо и тоа да го кажува па се надевам дека нема да бидам разочарана, да се сменат учителките. Сретнувам и такви кои се гледа дека не се баш радосни дека работат со деца и верно ми е сè и жалам што се на такви работни места а не треба да се. Ова е мое искуство па се надевам и други вака ќе пишуваат во иднина, ќе има соодветен кадар на овие работни места па и деца и родители задоволни.