Супер што има позитивно искуство така треба да се ситр, може да споделиш за која градинка станува збор?
@Cherry blossom89 и јас сакав да прашам за во која градинка зборуваш Во групата на поголемото дете исто сум многу задоволна и за одбикнување пелени ми помогнаа и начини си имаше воспитувачката за да извлече информации од децата и се трудеше секој проблем да се реши дете гладно нема шанси да остави и многу ми е криво шо не натемпирав и второво да е кај неа...
Здраво, дали некоја има искуство со потврда за непримена МРП вакцина за градинка? Од каков лекар ви ја прифатија и дали педијатрите излегуваат во пресрет за ваква потврда?
Zdravo majki, mojata kjerka sakam da ja pratam periodov vo gradinka da pocne, ima 2 godini i 2 meseci. Sakam da ja zapisam vo novata gradinka vo Prolet opstina centar, od micurin sme aerodrom. Kako ste zadovolni so gradinkata i nekoi iskustva sto kje se od pomos i problemi pri zapisuvanje?
Син ми е на истото алергичен, плус на јатки. Оди во градинка од 1г, сега ќе полни 3 (значи и јасли и обична група). Со потврда од лекар за алергии не му даваат ништо од тоа. Во јасли кашичките му ги мешаа со вода, сега во поглема група за доручек му давааѕ посебно (палента, јуфки без јајце, леб со мармалад...), за ручек јаде манџа и салата, ужинките ако се овошје јаде, ако има друго не јаде. Многу имам разбирање од воспитувачката, но и самата има дете со алергии и знае колку е опасно. Исто има пратено во група да не праќаат за родендени смоки. Моето дете почнува да кашла, да се гуши и да повраќа од јајце и јатки, од млеко се исфрла. Имам во ранец оставено зиртек, зошто еднаш им се исфрли цел (му дала некоја негувателка млеко) па во паника ми се јавија. Исто ми се јавува ако даваат нешто ново (пример ми се јави да ме праша за сусам дали смее). Алергија е многу сериозна работа. Подигини го проблемот на ниво на директор, ако нема разбирање и општина.
Јас имам пишувано во други теми, на психолози со анксиозност о страв од оставање завршив со големиот од тие летни групи и 'ако доаѓаш во лето, не те сака мајка ти', и 'нема да те земат ако не спиеш', 4 години секое лето плачеше од прв до последен ден, ги ставаат на куп, без активноти, посилните деца заземаат простор и ги малтретираат (психички/физички) послабите, учителките се сегде само не со деца, седат во една, спијат во друга.. налет. Затоа, на глава стојам ама малиот не оди во лето.
Од вакцинален пункт дека не смее да прими заради алергии не ми правеа никаков проблем за одложување. Јас му дадов ММР на 2 ипол зошто сакав да е заштитен и по совет на имунолог.
Имаш баби или кај го праќаш? Кај нас среќа до толку не е освен ова лето претшколска кога имаше такви проблеми и кога апла им збореа. Ја сакам петиција да почнам искрено во Карпош општината да ги згрижува до 3то одделение. Многу се нервирам ако немам баба сервис значи да си плаќам приватно школо за детето? Катастрофа и гледам никој не се буни некако спиеме сите. И да го оставам кај баба тоа е 9 саати на ден па ќе збесне...
За големиот плаќав да оди во Тинкер лаб. Малиот седеше дел со баба му, дел со нас. Искористивме све одмор што имаме за лето со маж ми и плус комбинација со работа од дома. Побудалев, и едвај чекам 1 септември, ама после хоророт од лани не го пуштам ни малиот во градинка. Јас негувателката што ја посочи син ми кај психолог дека го малтретирала ја пријавив и пратив на писмено дека не смее да се приближи до малиот син. Ако ја видам со него, у состојба сум да ја задавам. Инаку не се сите деца исти. Некои деца немаат никаков проблем, ама ете јас не сум го начила мојот на отпорност (resilience).
Едно прашање во врска со упис во градинка. Кога ги носите документите за упис со оглед на тоа што се бара брис не постар од 7 дена, а од друга страна на официјалната страница пишале дека прием на документи вршат во среда. Дали може и друг ден? Значи не се достапни на ниеден телефон. Мора ли лично да одиме и проверуваме вакви општи информации
За која градинка прашуваш? Брис никогаш не ми побарале. Ниту за упис. Сите документи ги однесив во градинката, кога почна да оди. Ден пред да почне.
И кај нас бараа брисеви и супер што е така, а резз од брисевите и сите др документи ги однесовме 3 4 дена пред да започне со градинка, да не биде последните денови.
Искрено не знам што е супер да се малтретира дете за брисеви за упис во градинка. Според мене апсолутно непотребна глупост. Денес ќе му бидат чисти, утре кога ќе почне нема да бидат. Никаков релевантен документ не се.
Јас не сметам дека е малтретирање и тоа е мое мислење, на тепање не сум ја носела. А и зошто па од старт да има нешто и да си пренесуваат? Ќе ја излечам па ќе ја вратам во градинка, па понатака ќе фаќа мн јасно. А и тоа е нај малку битно во одговорот што го вратив, секој си има мислење а јас своето го кажав.
Јас зборувам за брисеви што ги бараат за упис, прв пат кога почнува детето (не дека и другите имаат смисла, ама ај ќе го прескокнам тоа сега). Твоето дете ќе почне денес, со 20 други што веќе одат и што не треба да носат брис за упис. А и самата викаш дека резултати 3-4 дена пред да почне си однела. Во тие денови не може да фати нешто? И поента на брисот која е сега?
Е ако де, па и јас зборувам за тие брисеви на почетокот што бараа...правила на градинката, барале сум однела. На кој не му се допаѓа нека се буни. Ќерка ми имаше стомачен на почетокот, и понатака ќе фаќа стомачен ако така гледаме, па не ја однесов, чекав да и помине па почна. Не знам што ме цитираш мене, оди во градинките каде што бараат брисеви и прашувај ги зошто бараат и кажи дека не треба да бараат, ја друго не знам што да ти кажам. Може и држи вода твоето ама ете, барале, однесовме и сите среќни и задоволни, ќерка ми немаше ништо, они виделе чисти брисеви и си тргна после ај бидете по хепи по темиве, не се фаќајте за ситници, озбилно
На ќерка ми матичната ми рече дека нема шанси да издаде упат за брис на здраво дете ако бараат во градинка. Не знам дали ова градинкиве го измислија и дали имаат право воопшто тоа да го бараат. И јас сум на мислењето дека џабе се прават брисови на почеток. Кај нас во група имаше пред некое време дете со изолирана стрептокока, ни пишаа родителите во групата чисто како инфо. Ја прашав матичната дали да ја носам на брис ќерка ми да ја проверам, изрично рече ако е без симптоми на болест дека нема потреба.