Нас брисеви ни бараат за прв ден во градинка кога ќе почне. За упис ми бараа потврда за здраво дете само.
И мојата матична беше со истото мислењ. За стрептока инаку бидејќи и ќерка ми ја имаше (и можеби и уште ја има не знам постојано е со мрсули) прашував неколку пати различни доктори и ми рекоа дека се додека нема симптоми (исклучувајќи секрет во нос пошто тоа не го ни рачунаат за симптом) ништо да не се дава и така да тера дете.
Јас од секаде имам купено, кеги и кк се поскапи ама лепенките после месец ипол се расипуваат и не лепат. Матстар ми траат подолго, топлинки.мк исто лепенката не држи долго.
Од К-К може веќе 7-8 пара имаме порачано ако не и повеќе. Освен на едни што се отпара лепенката странично и ја шиев, не се случило ни по месеци да се одлепуваат кај ќерка. Овие што се отпара чичак траката може уште во првите две недели носење да беше. Ама генерално сме немале мака со одлепување.
Ова малово ко што е од брат му со бактериите од мало може да не ни тргне во градинка ако ми бараат брис. Големиот здрав му пренесе на малово бактерии во нос, така да барање брис при прием во градинка може да поддржува некој што не знае што го чека само . А и на самите резултати од брис доле пишува дека ако нема симптоми на болест бактеријата може да е дел од нормална микрофлора. И пак бараат брис, скроз непотребно и бескорисно. Мене лично не ми барале до сега брис, само потврда од матичен за здраво дете.
Здраво. Доколку ја одложивте МРП за почнување во градинка, дали брзо ви ја побараа од градинката? За дете од 15 месеци станува збор, не можам никако да се одлучам што да правиме
Може касно пишувам но побарај доколку градинката има доктор да се видиш со докторот или медицинско лице од градинка. На деца кој имаат алергија или деца кој од било која Х причина не смеат да јадат храна од градинка како глутенско одбегнување итн листот како доказ оди во градинка во администрација и во заминална а ти си носиш храна од дома соодветна или приближно слична на менито т.е. она што смее детето да јаде. Распрашај се во градинка убаво
Зависи која градинка, некои бараат за брзо да се стави, некои не бараат, некои па нема ни да примат дете да почне без примена вакцина. Распрашај се по родители од градинката каде е запишано детето.
Мојот почна на 13 месеци без примена, потпишавме изјава дека ако не ја прими до 15 месеци имаат право да го отпишат, ама ја прими дури на 2,5 наредниот септември кога бараа обнова на документи и да доставиме нова копија од вакцинален картон.
Жити се ова оддамна не сум слушнала, другаркиве се соте со деца во градинка ама не ми спомнала никоја досега си мислев истребени се ваквите ствари од наше време кај ли живеам ја
Хахахах епа пред 3 г бев јас вака шокирана кога ми се јавија да ми кажат дека има ќерка ми Ама оттогаш ја прскам со спреј со етерично масло од чајно дрво и вода од него бегаат Инаку ретко некој дека ќе каже дека детето му има вошки затоа и не ти спомнале
20 kapki maslo od cajno drvo vo 100ml voda Го ставив во шише со распрскувач и секое утро се прскаме. Мириса јако и грозно ама нема фатено од тогаш.
Во Карпош 3 врие вошки, 4 месеци не можат да се исчистат. Ако не ги средат до септември во Санитарна ќе пријавам. Чајно дрво кај мојава не помогна, фати пред 2 месеци.