Што ви носат децава на нозете сега од септември? Многу ке биде топло на почетоков, ипанема сандали мислев ама тешки ми се некако и гумени ке ја поти ногата, се мислам за адидас сандалчиња ептен се лесни...
Исто од април прв случај пријавија. Јас имам рани на глава, што јас како нездрава се мијам со шампонот и се чешлам секоја недела од пусти страв.
И кај нас вриеше вошки, сега наводно се чисти. Родители имаа пријавувано кај негователките, а тие немаа пренесено, се побунија една-две мајки кои дознале од другите групи со кои се мешани летово, се крена џева па почнаа дезинфекција, перење, чистење вонредно. До сега неколку пати имало кај нас пријавено. Мојата има многу долга и густа коса. Купив и од ластичињата и чајно дрво. Ама мислам дека најмногу имаше врска што секогаш и е фатена во плетенка. И ја врзував во репче, па и правев плетенка, и на двете ластичиња капнував од чајното дрво, разредено со вода го ставав само одозгора откако ќе ја фатам косата и позади ушите, не многу. Ама мислам да не претерувате, премногу мириса тоа, замисли цел ден да си го мирисаш, мали се им смета и на нив не само на вошките. Нас мислам дека не спаси убаво прибрана коса.
И јас бев во шок кога пишаа кај нас дека има вошки, исто си мислев истребени се веќе и не постојат тоа беше лани летото, фала богу годинава не пријавиле, обично летно време кога ги мешаат групите има се што никад нема да ти текне на памет, тогаш има вошки, има сипаници, коксаки, шарлах, стомачен вирус, баш се
За Мајски цвет не знам ама за Орце Николов, исто општина Карпош, не лепат. Кога прашавме зошто, лани ова, рекоа заштита на лични податоци и безбедност на децата. Не знам дали е тоа политика на општина или на нашава градинка.
Koga na vrata ke vidite deka brojot e po 40 deca vo grupa ke se reagira mnogu i.tn. i zatoa ne se lepat spisoci taka nas ni kazuvale
Здраво. Сакам да прашам од кога може да се запише детето во градинка. Знам дека почнуваат на 9месеци но кога треба да се поднесат документи пример ако сакаме да појде од 10/11 месеци? Прашувам за државни градинки
Сите уписи се во мај. Па пишуваш кога сакаш да почне. Ова е регуларно како треба да е. За првото дете аплицирав во мај во градинка без многу гужва, и требаше да тргне следната година во март, баш кога почна пандемијата. Уште во септември потврдија дека е примена, ама имав пишано почетна дата први март. После пандемијата, со врски, од денес за утре се запиша и почна сред зима, регуларно така упис не може. За второто дете, регуларно и без врски во градинка што е преполна, аплицирав во мај на негови 3 месеца, примен беше после година и кусур, следниот септември.
Па најскоро што можеш. Зошто многу се чека. Јас аплицирав на 2 месеци на 7 месеци ни кажаа дека е примена да почне од септември кога ќе има 9 месеци.