Зависи каде, во повеќето општини ги примаат по адреса од лична карта, а дали ги префрлаат каде што има место не знам.
Јас го запишав една недела пред да започне. Предност е што сме на иста улица со градинката и според местото на живеење веднаш го примија. Ниту сме фатиле врски ни сме имале некаков проблем.
Јас на околу 3 месеци го пријавив за на 11 да почне. Во мај ми кажаа дека е примен од септември. Без врски не знам дали ќе го примеа. А големото дете од денес за утре ми тргна со врски, ама кај што не е толку гужва како кај што го запишав малово.
So 35 А по закон мала група јасли и права мала се 15 голема до макс 25 Сите групи го надминуваат тој број баш во таа градинка сега незнам во кој клон сте но состојбата е иста во сите
Така де. Во погоре спомнатата градинка, моја блиска работи и имаше 38 деца во група. ,,морале” да се примат децата на тој и тој.
Кај нас во прва мала со 20 деца, се скапаа "плачење" на родителите како работеле во нестандарни услови. Не можам ни да замислам повеќе од ова да имаат. Ќе бараат рачки обавезно некое дете да го распраќаат дома.
Ви примиле деца во градинка со бактерија во нос стафилокока ауреус? Без симптоми е, секако не е за антибиотик.
Здраво, Дали некој може да сподели искуство со Мајски Цвет Градинката (објектот во Тафталиџе 1 на Варшавска) Бебето ми е 15 месеци и би требало да биде во јасли група, па зошто ни е блиску до дома ја размислуваме оваа градинка.
Една возбудена мајка да се пријави ние се спремаме за утре прв ден и малку сме возбуденинекако не очекував дека ке ме фати така еуфорија мислиш во школо поаѓа ама некако ново поглавје. Времето ми летна.. вчера си ги гледам првите слики абе човече од 2800гр а сега дојде време за во градинка.. па едни емоции па си се изнаплакав колку брзо растат и така овие денови бев преокупирана што ке ни треба како ке ни треба, како ке прифати, ке јаде ли. Ах мајка, со милион грижи кога потребни кога не
Мојата тргнува за еден месец и мене ме фаќа еуфорија изнакупив пола Солун мислиш ќе ја мажам а не ќе ја праќам во градинка маж ми ми се смее ми вика кога ќе ја дотераш на 1.10 целата само за 15мин плачење и рикверц
Дали знаеш списоци дали има? За јасли немам искуство, инаку генерално сум задоволна од градинката. Ок функционираат. Не сум имала преголеми проблеми со првото дете таму. Зависи учителка како ќе се погоди. Се ангажираат доста со шетања, активности, приредби... групите кско и сегде се оптеретени, во двор се секој ден кога условите го дозволуваат тоа. Што те интересира друго?
Уште една возбудена мама тука, утре праќа бебе во јасли ранец спремен, алишта испеглани. И мама утре почнува на работа голем голем ден е Исто тоа си мислам сега цело време како ќе и биде, ќе сака ли да седи, ќе сака ли да јаде, дали ќе плаче, како ќе заспива, ама една другарка вика уживај Хани таму магија им прават спијат јадат без проблем па ќе видиме.
+ 1 за од утре. Ранче наместено како за школарец баш. Мојов оди од 9месеци , ама летово 90 дена на плажа помина , така да исто како адаптација му доаѓа. Со среќа на сите!
Исто и ние се дотеравме сабајле, ранчето спремно и како за прв пат супер 45 минути поседе. Максимално за прв ден. Се изнасликавме мама слики за спомени да има (и за инат на некои што сакаат да ни ја скршат еуфоријата хаха) прво дете, кејф огромен што знам така си го доживеав ова Вие како поминавте? @hunnybunny123 како поминавте со бебе? И да знаеш дека им прават магија, на времето сестра ми се чудеше кога и кажуваа дека по дупла порција јадеше таму а дома се молеа буквално
Мислам дека нема да го примат. Сакаат чисти брисеви. Нас не вратија со Morahella catarrhalis во нос. Ќе мора да ги повториме брисевите, а со тоа ни се оддолжи почетокот за една недела.
Да, така ми кажа и матичната, дека не е страшна. Мачкаме хлорамфеникол. Би требало да се исчисти, нели?