Па не можам да се пожалам. Отидовме, чао мама ми мафна си влезе со негователката внатре без проблем, без тегнење и плачење. Ја чекавме надвор слушавме дека поплаче малку. Кога ја земавме негователката рече дека како за прв ден била супер, плачела дека не сака во креветчето, кога ја спуштиле на земја се заиграла и престанала да плаче. Таква е и дома. Така да како за прв ден супер сме поминале
Ние имавме без симптоми, закачи гнојна па третиравме со Панцеф на кој е сензитивна. Се уништи покрај гнојната. Три дена во градинка, пак ја закачи мачкав хлорамфеникол заради нејзе зашто овој пат па имаше симптоми, не знам дали се уништи. Ама сензитивна е на него.
Какви симптоми имаше? Колку дена мачкаше хлорамфеникол и по колку пати на ден? Моево бебе нема никакви симптоми. Матичната ни даде потврда дека е здраво. Минатиот викенд имаше вирусна инфекција со висока температура. Тестов го направивме 5-от ден од инфекцијата. Можно е да се активирала од вирусот?....Но, не ми е јасно... од каде може да се закачи бактеријава?
Ми е гајле хахахаха нека кине и нека прља мене да ми е убава. Дотерувањава за прв ден, после ваљда сите одат со тренерчиња хеланчиња да им биде удобно за трчкање. Немам искуство како стварно ги облекувате за градинка?
Бактериите од големите деца ги добиваат. Бебево стрептокока пиогенес и хемофилус од брат му зема до сега, а големиов здрав цело време. Мене ми се разболе пред градинка и ние не почнавме, пак бактериски. Поима немам од каде..
Баш хеланки и блуза. Или тренерки. Во лето комплетчиња со куси. Додека носеше памперс знаев да и ставам и хулахопки со фустанче горе памучно. Ама сега дека сами одат во Вц, може да не го крени фустанот убаво и да се направи лом. Така да фустани и лето и зима избегнуваме.
Првично ништо само носот мрсули. И после 3 вируси… да три, три дена во градинка 3 вируси закачи почна премногу секрет и да ми кашла дури од што и смета онаков густ а не беше зелен, бел беше и на брисеви ајде и пак мораксела… и сеа со хлорамфеникол 5 дена пред спиење само. И пу пу ми е страв да кажам поокеј е. Ама еве пак е во градинка, сега и во поголема група ја префрлија, сигурно пак ја закачи.
И јас така мислев, ама ако нема симптоми што ќе му правиш.. му ставав јас на големиов флоксимед во носот (антибиотски капки) кога се зарази малово прв пат, и пак еве го болен а не знам од каде..
Хеланчиња и блузиче или боди. Некои мајки имаа облечено во целосни и баш им пишаа учителкиве дека не е практично воопшто за соблекување, сепак уште носат пелени, ги замолија да ги облакаат со маичка и хеланчиња. Искрено и ја вака како тебе од мерак, ама коа ќе дојде со манџа од таму, што не се пере срце ме боли.
А ромперчиња пример? Тие одоздола се на копчиња нема потреба цело да се соблака, само да се откопча доле
4 годишни дали ги бришат децата после одење во тоалет? Малото има 3г и 9м, доаѓа вчера црвен, какани гаќи. Мислам дека се премали да се бришат сами или јас претерувам?
Мојата е поголема па ја бришат, ама не знам дали она бара или за голема нужда одат со нив секако. Можно е и мојата да им кажува, не знам. Ама не се вратила бербат, па ни лани кога беше колку твоето. Да не отишол сам, а да не им кажал.
Внука ми има 4 год и не ги бришат, сами одат во тоалет… последно слушнав дека не им ставале ни тоалет и не ни можат да се избришат децата
Муабетт ми е дали јас доцнам со учење оваа вештина или не, дали уствари вашите на скоро па 4 сами се бришат.
Не доцниш. Моето на 4 не се бришеше само. Да напоменам и дека има нежна кожа, па ако остане немиен, обавезно се вцрвува. Кај твоето и гаќите какани, ептен нехумано од нивна страна. Освен нели ако не им кажал, ама па дете да оди по голема нужда а да не приметат е чудно.