не кажал за не кажување, јас не велам дека е до учителките, прв ден беше вчера, хаос, нова група, нови учителки, се прашував само дали вашите на 4г се бришеле сами. големото на 4г го бришев, ама тој кога наполни 4г беше дома, ковид фати, тогаш научивме уствари сами да се бришеме.
Не доцниш, ама голема е веројатноста дека не кажал и затоа се бришел сам. Ќерката не сакаше да кака во градинка за да не мора да каже на учителката дека треба да ја избрише. За мочкање одеа сами, и сами се бришеа. Се случувало да не може да издржи и да дојде прљава дома, ама ми кажувала дека не кажала на учителката. Затоа и почнав да ја учам сама да се брише. Ама не мислам дека на 4 год треба 100% сами да бидат одговорни за тоа. На 5ипол-6 можеби веќе треба, да се спремни за школо.
Мајки што пуштивте бебе во јасли вчера колку време ви рекоа ќе трае адаптација? Што е ова адаптација цел месец па од кај да најдам денови. И какво е тоа седење пола саат, па бебе за пола саат уште не може да сфати дека не е дома и не е со нас.
Првото дете 3 месеци го адаптираа. Не знам и мене ми се нејасни тие 30 минути. Инаку притисни ги, они чекаат па сите на крај се снаоѓаат со чување и затоа не форсираат. Најзезнатото е ќе се разболи, ќе седиш дома една недела и пак отпочеток така ми правеа на мене.
Така им одговара. Ние кога имавме обид за државна (еден ден) го држеа 15-20минути , многу бил умен ама доволно. Да сум планирала 2-3-4 месеци адаптација. Меѓу другото ова беше една од причините што го префрлив во приватна. Таму веќе од вториот ден остана со преспивање, знам не сакаше во креветче и во раце , па го возеа во количка за да заспие. Ова беше кратко, брзо се научи да заспива во креветче. Разбирам дека не може истиот третман ( бр. деца и персонал), ама ако во приватна го задржале/адаптирале за 2 дена нема смисла некој да те вози дека 4 месеци им треба. КАТАСТРОФА! Од искуство на други мајки, малце поостро да си најдат начин да го адаптираат.
Не ги слушај, и мене така ми правеа. Носи бебе две недели макс на адаптација и ја оставаш им викаш нема кој да ја чува ни зема порано. Да видиш како наеднаш може да оди нормално. Знам зашто во истата градинка одеше во јасли, сега е во поголема група.
Многу одамна сте пишале, јас го имам истиот проблем, никако не сака да си иди од градинка, кога ја носам е пресреќна и со трчање си влегува, вчера 15 минути се убедувавме дека треба да си одиме.. може да ми кажете како ви помина оваа фаза? Знам поубаво да сака да оди отколку да се тегни за оставање, но со ова срам ме јади, се крие низ столчиња, глуми дека спие само за да не ја земам... Или доколку некоја друга мајка имала ваква ситуација да ми каже како се справува
Ние живееме во Гевгелија и тука првиот и вториот ден ни рекоа за 1 саат земете ја, а денеска 2 саати Рекоа плаче си игра од се по малку ама добра е, денес билс подобра и сега ќе пробуваме по 2 саати. Не знам зашо така по пола саат ви кажале...
Во дворче го оставам да си игра. Се собираат неколку другарчиња од група, ќе поиграат малце и после сите дома без плачки.
Дефинитивно во понеделник ќе им кажам дека толку, до 10ти септември може адаптација, а од наредната недела да седи до 2. Мене секако и нема кој да ми ја зима нити да ми ја чува. Користам пауза за доилка па сум до 2 на работа и толку порано можам и да си ја зимам. Секое зимање ми викаат супер е се заигрува сама на тепихче. Епа зошто да ја земам тогаш.
хеланки и блуза, летно време шорц и маица, оди и во фустани, ама цело време ни викаат да не им облакаме, затоа што играаат надвор се лизгаат по тобогани такви ствари и не им е практично, или ќе ка пуштам во фустан, а во ранче нешо друго и ќе ја пресоблечат. ги бришат кај нас, мојата сама кажува, а 5 години ќе прави, поголема е, за мочакање сами се бришат.
Колку често излегуваат надвор преку година? Лани преку година не знам дали 10-15 пати ги извадија надвор, еднаш се прекршија отидоа до пекара да учат занает што е. Летово кога беа споени беа секој ден надвор. Сега од први како е тргната ја прашувам дали одите надвор, ми вика не. Може и не ме ни заслушува, ама некако сметам дека не се доволно надвор. Како е по другите градинки кога почнуваат сега по програма? Сакам да инсистирам на родителска да излегуваат надвор повеќе, па и снег и дожд нека има само да не е загадено. Во најголемата група е сега.
Не сме во Ск, ама кога е топло често се надвор. Пред секоја занимална имаат заграден простор. Средна група се сега ама додека беа во мала, барем вака во топли месеци им организираа игри надвор. На дожд и снег не ги извадиле надвор, барем не досега. Едит: за програма за учење лани кажаа дека од октомври почнуваат. Годинава немаат дадено инфо ама претпоставувам исто. Демек септември за привикнување месец. Макар што децава не се нешто нови, па да се привикнуваат.
Нас градинкава ни е утепана со двор, нема ни реквизити, па си викам затоа, ама па нив не им ни треба ќе се заиграат со треви и дрвца. Ептен ми е криво што не се постојано надвор кога е убаво времето.
не знам што им е филмот и мене така ми правеа, 15 мин, па пола саат, па не знам што и ја им реков јас имам две недели одмор и тргам на работа нема кој да ја зима, и одма ја адаптираа секогаш кога е убаво времето, есен, пролет се надвор, јас баш работам карши градинката и ги гледам, кога почнува топлото, ги вадат само насабајле на кратко, а зима мн поретко.
Мајки како третирате зелени мрсули од градинка? Пречесто се случува, дали на секое правите брисеви или ставате на своја рака пример хлорамфеникол, најефикасно за бактерии?