Никогаш не правам брисеви ако е само тоа, чистам со физиолошки и ставам неколку дена септаназал по 3 пати на ден ако е многу, ако има помалце само 2 пати. Ако се разболи и има индикација за антибиотик тогаш само сум правела брис.
Мене дури и со брис со резултат стрептокока ако се само мрсули симптоми 2 доктори ми рекоа да не третирам посебно туку само чистење со солен раствор и носко. Дополнително инхалации со физиолошки ако се густи мрсулите па не можат да се влечат. Исто прскам ацидосалус секое сабајле пред градинка а матичната ми рече кога се многу зелени и после градинка дополнително да прскам. Хлорамфенкмил не сум ставала до сега. Ако е многу затната ставам септаназал неколку дена
Син ми почна во градинка од 1ви 3 години направи во јули првиот ден плачеше едвај влезе таму плачел скоро цело времее саат ипол седеше вториот ден при влагање плачеше после таму се смирил а подледниве два дена дома еден саат се молеве да стане нејкем градинка и плачеше после излагаше таму ја факаше за рака таа и влагаше и не плачеч ми рекоаја по 2сати седеше сега се мислам дали фа почне со спиење од нареднава недела
Чисти го носот после градинка секој ден. Ако и аш опција со лаважа ок, ако не пумпица, спреј, добро чистење и спреј од диво оригано после тоа. Јас имам исчистено бактерија во нос само со редовно чистење и спрејче оригано.
Слична ситуација, ова плачењево и несакањево да оди мислам дека ме изремети, кажете некој совет како да се издржи периодов... Се мислам да не не засака да оди... Рано е, но кога ќе ми речат 2-3 недели издржи ми се гледа премногу...
Здраво мајки. Ќерка ми е скоро 13м и ќе трга во градинка. За недела дена почнуваме на адаптација.Ранче купив, друго што ми треба? За нозете нешто? Некоја поискусна мајка да ме упатии зашто немамм појма
Ако е проодена може и топлинки. Кај нас во јасли ги оставаа долу на под/тепих, не бараа строго да се во топлинки. Е сега во топли денови ги носеа и надвор пред занимална во дворче. За шишиња ќе ти кажат. Нас ни бараа едно за млеко, едно за вода. Два комплети алишта за резерва. Памперси секој ден во ранец Влажни и останатите хигиенски работи еднаш во месец.
Не е проодена скроз, тогаш ќе им пишам да ги прашам дали да и купам сега кога ќе почне на адаптација. Супер, фала ти.
Моето ќе почне сега, само ранец земав. Секоја градинка има свои правила, секако првиот ден само пола саат ќе биде, ќе ти кажат тогаш што треба.
Ние почнавме пред една недела, детето ми има 15 месеци и нормално со плачки. И мене ми е претешко. Ама последниве денови почнав да и зборувам позитивно за градинка дека ќе си игра, дека има дечиња, многу играчки. Дека е многу убаво во градинка. И мислам дека позитивно влијае ова шо и зборам. Реално не знам колку ме разбира, ама ќе продолжам да и зборам, и со лесно на сите дечиња што побрзо да се привикнат
Neznam dali ima druga tema , ili tuka ima pisuvana iako se utepav od baranje .... iskustvo za jaslena grupa vo bambi - srnicka Aerodrom ?
Моето дете одеше во јасли таму, воспитувачките се супер, на јасли има 3 кои се ротираат по смени (најчесто 2 цело време заедно се грижат за дечињата). Единствено мој совет за адаптација е да им дадете до знаење дека мора за недела две да се прилагоди детето, во спротивно може да ве влечат со месеци да останува по саат време. Тоа е непотребен стрес и за детето и за родителите. Во поглед на чување на дете што има проодено немам замерки за хигиена и храна. Бебињата под годинка ги држат најголем дел од времето во креветче за жал, со 30 деца запишани (активно посетуваат 20/25) толку се можностите. Кај моето дете има позитивна промена во однесување и зрелост откако оди во градинка. Можеби не даваат детален извештај што точно правело детето и колку јадело и спиело на пример (како во приватните), но грижата за дечињата е солидна
Неделава од среда кога почна станува знае дека ке иде таму влага јаде седи многу брзо се навикна некако за 3 4 дена само од понделник ми рекоја со спиење знам и сега да го оставам ке спие ама воспитувачкете така ми викаат па уште денеска така
За групи 3-4 години, дали користат децата одредени списанија, учебници и слично? Ми споменаа дека во нашава група ќе имале и часови со математика и слични активности. Мислев баш претшколски се тие активности.
Да во нашата градинка имаше списание Смешка,по 90 денари беше месечно и учат преку тоа,во секој број имаше пример како по три букви од азбуката,исто броеви... песнички имаше внатре,за боење и преку тоа учеа и си го земавме на крај на месец списанието од тој месец и така си знаеш детето што работело во градинка. Иначе не е ништо страшно преку игра е тоа учење
Последните 2 години во градинка, значи од 4-5 и 5-6 сигурно имаше и прирачник онакво како учебник, знам зошто го носеше дома на крај. А списанија земаа од помали, ама што правеа со нив бог зна. Ни се погоди таква наставничка врска немавме дали и што работат децата.
Дали од градинките известуваат при негативен одговор? Аплициравме пред пола година, би тргнале во пролет 2027. Мислам дека не наведов во апликацијата од кога би сакале да тргне. Немам никаков одговор досега, се мислам може не е примено, дали да се јавам или појдам лично? Или да чекам уште, со оглед на тоа што не тргнуваме уште пола година.
Да одиш и да прашаш. Не чекај. Ние го пријавувме пред точно една година и никој не ни се јави бидејќи не ни беше запишан. За жал, моравме да ургираме за да го примат.