Не известуваат. За поголемиот не ми го примија иако беше уредно пријавен 1 година претходно. Оди на приемен ден, види кога е во градинката и зборувај си, најубаво. Ако немаш некоја врска да те известува и да ти среди работа...
Ако имаш аплицирано онлине ти праќаат повратен маил со бројче за апликација .Во самиот маил имаш тел број јави се прашај.Јас се јавив ми рекоа да појдам до нивната канцеларија за да го запишат ,дека планирам од следна година.
Мајки малава ја запишав електронски во градинкава буба мара во Ново Лисиче кога имаше 3,4 месеци. Сега има 17. Како да дознаам дали е примена? Може без врски да ја викнат, да си знам со време што да правам? Ве молам ако некој има инфо да ми пише
Мене во срничка сигурно не ми пратија никаков повратен одговор кога аплицирав онлајн. За бубамара не памтам, ама мислам исто беше. Тоа зависи од градинката.
Јас аплицирав ва пчелка 2 под ново лисиче.Се јавив на бројот ми рекоа да поминам до канцеларија да го запишат во список некој за следна година кај Лазе Ангеловски им е канцеларијата.Ги прашав и за малата дека е 4месеци ми рекоа да аплицирам од сега онлине.
За сите градинки за ново лисиче канцеларијата им е во Лазе Ангеловски треба да отидеш да прашаш.Така ми кажаа кога се јавив да прашам.
Електронски само се пријавува детето, не се запишува. Да одиш и да провериш. Штом досега не ти се јавиле, најверојатно не е примена. Нашето бебе го пријавивме електронски кога имаше 2 недели и по една цела година помината, не ни се јавија. Во Буба Мара е тешко запишување без ургенција, за жал.
ме тераат во градинка да го носам по гаки а баш заладе времето а тој не знае уште да кажува за мочкање и мочка во него а за какање е проблем се стега и не кака освен ако има памперс... има две години и три месеца ама уште и не зборува дали е малце усилено претерано
Ако веќе почнале таму со процес на одвикнување пробувај и ти дома, не го збунувајте детето плус. Со памперс, без памперс. Кај нас нема притисок за одвикнување. Додека не видат дека баш некое дете покажува интерес или е спремно. Макар и 3+ години да било. Водени во никој случај не ги оставиле да седат.
Мајки, дајте некое охрабрување од ова болестиве од градинка. Пола год идеме, годинка ипол сме и летово од сипаници, коксаки, бактерии, преку 4 стомачни.. Сега на одмор сме додека се спррмавме бевме со стомчен сега тука со некоја бактерија изгледа, растечени во носот… дајте некој совет, очајни сме веќе. Сопругот се шали не сме за на одмор за на бања сме
Нема лек, додека не направи имунитет. Скроз исти сме, три пати стомачен, бактерија, гнојна нагина, вирус на вирус, афти, најверојатно и коксаки имаше, ама полесна форма. И тоа мојава се на инфузии е од стомачен, многу брзо дехидрира… глава немаме кренато од април како тргна.
Се спремам психички да почнеме со градинка, 15ипол месеци беше со мене без чување од баби и дедовци само јас и мм. Мн е приврзана и очекувам дека адаптацијата ќе оди тажно и тешко. Дајте ми совети како ги остававте децата, во моментот на влез, како ги земавте / во однос на став и движења - дали само предавате на учителка или им зборувате додека плачат како е најдобро да се постапи
Бејби разделбата при оставање треба да биде што пократка, да не те гледа ..да не осети дека и вие сте растревожени. Секако е адаптација и за детето и за родителите. Од искуство, син ми тргна на 9м и одеше како песна првиот месец , веројатно заради возраста немаше абер што му се случува. Потоа после роденденот имаше период кога буквално се дрецкаше од количка на оставање, да подава раце за да го спасиш. Па помина и тоа за 3-4 дена. Се случи и неколку дена таму да е ок, дома после градинка да плаче неутешно без причина (верувам дека е заради градинката). Летово правевме долга пауза , не бевме во Скопје и кога се врати беше трагично два дена, ама учителката ми јавуваше дека веднаш се смирил..и тоа поминњ за 2 дена. Секое дете е различно, кај некое ќе трае подолго , кај некое пократко ама многу е битен вашиот позитивен став околу градинката. Јас од тоа што читав искуства и препораки, најдобро е без долги "збогувања". Ќе си ја земе учителката, знаат тие си имаат свои методи. Ви посакувам брза адаптација.
Најбезболно е кога ја оставам во количка директ и да не ме гледа да си одам, без чао без ништо. Потоа ја зимаат негователките ама не ме гледа мене. Додека одиме натака и зборам и и објаснувам каде одиме и што ќе прави таму ама кога ќе стигнеме ако не ме гледа како си одам нема драми ама ако ме види знае да плаче се уште иако оди скоро 6 месеци и си седи по цел ден таму без плачки со јадење спиење. едит: да се надополнам дека мислам прочитав во приватна градинка ќе оди така да обично се брзи адаптациите таму. Ќерка ми веќе третиот ден цел си го одседе без никаков проблем
Не очекувај ништо, децава се контра прават. Првото ужас адаптација имаше. Ова искуство од многу драматична адаптација што ваљда нема да ве снајде: кога ќе почне да урла, џабе збориш. Ако и збориш, кога е мирна и пред да оди, кажи и ќе оди таму со децата и дека ќе ја земеш. После, ако вреска, само даваш на негователка, насмеана биди и мафни и. Или не мораш да и мафташ, само не покажувај слабост. И не мисли многу, тој процес сите сме го поминале, мора да се помине. Стресно е ако плаче и дава отпор, јас имам плачено во кола како лудача од мака, ама ми помина во моментот и толку. Ама пак ќе ти кажам, повеќето деца немаат тешка адаптација како моето.
Почнав пред 3 дена да ја носам во градинка има 10 ипол месеци.Кога ја оставам не плаче, но кога ја земам ми кажуваат дека многу плачела, дурии и липташе денеска. Дали ќе пројде овој тежок период кажете искуства ве молам очајна сум.