Моето е 5ти ден и подобар е. Плачел, ама и јадел и спиел. Денес прв пат беше од 8.30ч до 10.30ч. Учителките викаат дека сите деца плачат. Ќе мора да издржиме колку и да трае.
Идеме заедно со мм. Јас од кола и викам чао мама а он ја остава. Јас ја земам, ми кажуваат дека плачела, па си играла, па јадела и кога ќе ја земам не можам да ти ја опишам таа среќа во очите што ја има колку ми се радува. Е сега мојата е многу мала има 9 месеци можеби е полесно зошто уште не разбира што ја снашло. Иначе јас се плашев како ќе поминам ама за сега, освен делот времетраење на адаптација, од се друго сум задоволна.
Јас првата недела се нервирав зошто ја оставам. Плачела ама ја смирувале. Сега не плаче и почна да останува со спиење. Ќе се навикне не се секирај. А и ако немаш друг избор џабе се нервираш. Што се мора се мора. Е очекувај дека втората недела ќе ти донесе мрсули. Дури и јас и мм ги префативме
Колку време трае адаптацијата? Ова ни е трета недела и вчера прв пат до 12 остана, а денес ми рекоа во 11 да ја земам. Некако многу споро оди се. 16 месеци сме. Не сакам да бидам безобразна и да се карам, им кажав дека ќе мора побрзо да се навикне ама воопшто не соработуваат
Може да те влечат и месец два. Ќе пресечеш. Од денес нема кој да ја земе порано и ќе остане со спиење и искочи си.
Кажи им дека од утре пред 4 нема шанси да ја земеш. И нема да одиш. Јас почнав уште на почетокот ако ми речеа земи ја во 11 јас одев во 12. После кога ми ѕвонеа да ја земам реков да се снајдам како да излезам од работа и вчера им реков дека од денес пред 3 нема да можам да ја земам и ја земав во 3:15. Иначе ќе те адаптираат со месеци плус ако знаат дека имаш баби на лагер...
Аа добро нашата беше побрза, после 4 дена одење ни ги донесе мрсулите хаха. А таман почнавме малку да се навикнуваме.
Па од април глава немаме кренато. Највеќе има издржано три недели, и завршивме со гнојна ангина, бактерија и стомачен вирус наеднаш. Почнав со Дефендил од септември, па ќе видиме, прв стомачен да не завршиме на инфузии, претходно се на инфузии бевме.
Еве мојава качува некоја глупа температура од 38. Ја симнува одма со парацетамол. Од сабајле два пати ми какаше течно. Носот затнат ужас. Три во едно
+1 за Ацидосалус, ставаме откако тргна во градинка од април до сега без престан (само на одмор мала пауза)
Паралелно давав и ампули за имунитет и добро и го кренаа. Сега правиме пауза два месеци и пак ќе и давам и од нив.
Какви ампули? Јас додуша давам и фероглобин дека железото и е близу долна граница ама тој има и некои плус витамини не знам дали игра улога за имунитетот
Не знам за вас но ние сме од 15м почнати градинка, еден вирус нема закачено и донесено дома да прележува, ние сме и додуша приватна градинка биле, знае да му се растече носе, да кашла и толку. Другарка ми има голем проблем со синчето иако се тука некаде ние сме со некој месец поголеми, кога и да настине одма добива воспалување на ушите, и со консултација и рекле до 2 години да не планира градинка.. На моево кога да му се растече носе даваме сируп за имунитет и добар е..