Исто и кај нас, три дена и одма носето почна да тече. Се стабилизира малку и потоа пак почна носот и плус поткашлува.....не знам како ќе тераме. Денес одмара, не го однесов.
За 10 дена почнува во градинка, се мислам дали да и почнам марнис, не дум прашала педијатар дали превентивно треба или да оставам на природата
Јас оставив на природата, зашто сепак и треба да се изложи на вируси и бактерии, за да створи имунитет, Затоа и не ставам она на носот, како се викаше маста, зашто која е поентата да не се изложи, како ќе створи имунитет. Е сега, пошо баш брзо се разболува тек сега од септември почнав, за малку да ујачаме. Па три месеци ќе давам, после пауза.
Јас оставив на природата, ама целооо време болна, до болница стигнавме и во консултација со педијатар, почнав да давам.
За што е тој спреј? Мојата е со мрсули веќе втора недела, знам дека нема спас ама ако е за нос нешто превенција да пробам и тоа.
Мојата од 6 месеци цело време некој вирус закачува ,од каде не знам, деца во околина немаме, ниту сме ја носеле во гужва некаде. Две недели пред да почне во градинка и реков на матичната да ми даде витамини за имунитет зошто ете и без контакт со други деца се нешто закачува. Ми даде wellbaby и ги давам скоро месец, дали имаат ефект не знам, има мрсули после 3 недели одење во градинка, уште и стојат, а и на нас малку ни даде
Ние за 15ипол месеци била болна еднаш 3 дена со мрсули, кашлање и температура до 38.5 и вториот пат стомачен вирус 48h со повраќање и температура до 38.5 толку од болести засега. Е сега во градинка ќе видиме мала група се ама имам другарки со деца во група од 10дечиња и пак се со бронхити, ларингити, сите можни бактерии итн зависи како ќе се погоди склопот на деца ваљда
Здраво мајки, ме интересира искуство со Црвенкапа градинката во Аеродром ама државната . Детето ми тргна пред некое време и уште е адаптација а не плаче веќе ама они инсистираат така да терало уште некое време демек му требало време да се опушти. А кажува детево и дека секој ден им пуштаат песни да гледаат па незнам колку ова е нормално ми треба искуство некој ако има да сподели
Здраво. Да прашам ацидосалус ставате само пред градинка или и после градинка? И дали треба пред ацидосалус чистење и со физиолошки или не?
Чистам со синомарин, влечам со носко па прскам ацидосалус пред градинка секое сабајле а матичната ми рече кога има зелени густи мрсули да повторам истото и после градинка
Па како заштита од бактерии и вируси. За мрсули мислам додека идат во градинка ќе имаат хахахах Ама со спрејов, јас сум задоволна. Пу пу пу тераме без проблем.
Мојата почна од први септември на година ипол, претходно дека дома еднаш или два пати беше настината со антибиотик стрептокока. Одкако почна градинка, после 4 дена носето почна да тече. Ама секој ден после градинка ја бањам цела и прскам бејби оригано. Помина така носето недела дена течеше, направив брис беше чист и немаше ниеден друг симптом. Си идеше во градинка. Сега седи подолго од сабајле до дремка и ја земаме. Адаптација иде бавно мн деца се . Дома давам пробаланс бејби пробиотик, омега, бејбивит капки и виранто сирупче едно 5 дена само кога течеше носот и шмукавме со носко. Незнам мислам витаминиве немаат мн големо влијание, освен капењето и чистење нос. Тоа не дозволува да се развијат многу бактериите во нос ако ги има. Таму се чепкаат сигурно и по лице по коса кој ги знае хаха по вака што ја гледам кога е со деца одма иде за носе да ги фати. Вирусот неможе да не го фати ако го има. И да поминуваат само лесно настинките. Зошто знам дека не очекува тежок период ама мора да помине. И мислам нема врска приватна државна градинка.
После 3г дома, тргна градинка. Значи хорор вторава недела таква хистерија да тоа е страшно. Се надевам дека кризата брзо ќе мине пошо не ме бараат и седи до 12ч ама разделбата е ужасна. Тука ммогу тешко се добива место и пред 3 е скоро не возможно ама од тоа што ве читам мислам дека пред наполнати 2г најлесно поминувате. Иначе мојата голема ќерка за 2 и пол години градинка само 5 пати дали остана дома, групата и беше па скоро секогаш полна такви маки не сме имале.
Мајки има ли некоја искуство со јасли во објект пинокио градинка корчагин (позади градска болница) ? И општо вака да прашам бидејќи прво дете дали ќе биде доволен период на адаптација месец и пол? За 8 ипол месечно бебе ?толку можеме со одмори а немаме сервис баба дедо па дали е возможно за месец и пол да фати ред цел ден да седи
Ајде и јас да се пожалам и совет со надеж дека ќе има промена. Значи одиме од април во градинка, прво јасли сега е во поголема група. Во јасли на почеток не јадеше нешто ама тоа траеше кратко и после без проблем пројаде. Како ја префрлија во поголемата група, детево не јаде во градинка. Еве цел септември веќе ми ја товат само со солени пецива, за пред некој ден да добие запек и со пиштење и плачење да не може да се искака, што не се десило никогаш. Вежби и правев да може да се искака... Не е проблем парчиња, јаде парчиња само, дома јаде без проблем, значи како дупната е дури, само бара да јаде. Во јасли баш се трудеа учителкиве да ја нахранат и не се откажуваа, овде воопшто не се трудат иако ми потенцираат дека само моето не јадело, другите сите јаделе. Исто да потенцирам дека знае и сама да јаде, не е ни тоа проблем. Останатиот дел во градинка е супер, спие, весела и дружељубива е. Како да го решиме проблемов, зашто упорно само на бели пецива ја ставаат, пошо тоа се ужинките...
Најдобронамерно укажи им во градинка дека дома јаде, знае и сама да јаде и да пробаат да најдат начин и во градинка да јаде, да не и нудат веднаш бели печива. Спомна дека сега сте преминале во поголема група, така што и нејзе и сега сменето се и можеби и треба време дури да се навикне на промените.Но, тоа не значи дека воспитувачките не треба малку повеќе да се потрудат.
Адаптацијата зависи од вас. Не кажувај колку време сте слободни до последниот ден ќе ја адаптираат. Мојата почна на 9 месеци. Помали полесно се адаптираат, немаат поим што им се случува. Остана на спиење втората недела. Ми ѕвонеа секој ден порано да ја зимам со некој изговор дека плаче, знаат дека работам блиску, но им кажав дека веќе не можам да излегувам дека ќе ме казнат. Толку беше сега останува до 3. Оваа и е трета недела.
Здраво, Дали имате искуство со градинка Кочо Рацин - објект Бели Мугри? Веќе цел месец сме на адаптација но некако воспитувачките ми делуваат доста не заинтересирани и имаат доста ладен пристап кон моето дете.
Здраво, дали некој има искуство со слична ситуација.. малата оди од април во градинка и многу лош јадач е генерално пребирлива и дома. Денес (3години има) ми кажа дека учителката со сила пробувала да ја нахрани со стегање на образите… не е начин иако знае да извади од такт не сакањето ниту да проба вкус нели? Не знам како да постапам сепак не ми е мило да користат такви методи.