Тоа ќе ти речев а да не и даваат леб пробале еден оброк да остане гладна и како реагира на наредниот?
Мојава ни леб не јаде И си ја зимаме, не останува на спиење... ништо нејадена, греотка е да остане. Дома јаде. Ама па јас знам што е работата... терсен е малку кога станува збор за храна. Научена е на наш вкус, на други места иста храна различно зготвена.. не ја јаде. Летово Грција бевме All inc она жива гладна остана (како и маж ми). Ја доранував со шмукалчиња, банани, праски, крофни на плажа Абе јајце варено ако ти се верува дека не го јадеше таму, а дома јаде Пржено некогаш и одбива на свекрва ми, дека го сака МОЕТО пржено. Па некако ако го погоди слично како моето, го јаде. Ќе си ја имаме макава додека не пркне ние...
Ама дома јаде, дури и како дупната е некогаш од што не е јадена во градинка. Ме утеши Не ја оставаат, страв им е гладна да не остане. Истото ни го направи на одмор и нас, ама во јасли јадеше… тоа не го разбирам. Во јасли пројаде работи што воопшто не ги јадеше… ама учителките ептен беа посветени, дури и цуцла извадивме заради нив, што мака имавме со нејзе.
Мој совет е да не се потресуваш пред нив да не им збориш освен ако немаш опција дома да ја зимаш порано. Син ми не јадеше, е ама откако се породив пред 6 месеци им стана огромен проблем нејадењето на глава ми се качија дома да го зимам порано. Не можев да се расправам пошо нели бебево во истата градинка треба да го запишам... така да внимавај си многу со нив
Па нема да оставам така. Не може во јасли да ја ранат без проблем, овде да е проблем. Ако упорно викаат дека е само моето што не јаде, значи со другите не се мачат, може да посветат внимание повеќе, не одма лебот. Ако треба ќе одам и на повисоко, плаќам во градинката, тоа дека ќе ме уценуваат да ја земам порано, на погрешно место тропаат. Некаде има проблем, мора да го решиме.
Сабајле со другарка бев на кафе нејзиниот е 2ипол години и се јавија додека седевме, учителката вика несака да јаде ручек, доручекот колку да се рече да не му давате нешто дома сабајле штом стане? И другаркава вика бисквита грицка во кола до градинка … епа затоа нејке да јадеееее. Другаркава ме погледнува и почнува лом да ги прави / како не ви е срам, детето од една бисквитка нејадело цел ден. Затвори телефон изнервирана ептен и почна да ми кажува како ич не се грижат во Лисиче некоја градинка е ова и само и досаѓаат по телефон. Не јадел, не спиел, испотен бил, трчал Глупости,и ѕвонат по сто пати зошто знаат дека не работи и очекуваат да го зима пред спиење. Рече ќе оди кај директорката да збори за тоа колку треба да се потрудат зошто веќе неколку пати на телефон и на зимање им кажува дека јаде со пуштени песнички а учителките негираат немале телевизор / имаат телефони де кога мајката вика употребувајте - употребувајте сакам да јаде и готово. Ама со 40деца во група тоа е … криво ми беше кога ја слушав прееска, а слабичко преслабичко е нејзиното
Па ако не работи нека го чува детето дома и така е викаш слабичко додека малце се поправи, плус ќе ослободи место на некое дете на кое што двајцата родители му работат.
Па не треба, предност имаат деца на двајца вработени родители поготово за градинки со огромни листи на чекање. Слободно пробај терај до крај, ама они меѓу себе ќе се штитат. Може јадела во јасли пошто блендирано и ја ранеле. Тоа и веројатно ќе ти го кажат.
Па тоа треба да го прават тие што одлучуваат во градинката, не она. Не е крив никој што државата нема капацитет. Јаде парчиња, не е проблем тоа.
Леле па децата не ги праќме во градинка да се отарасиме од нив ги праќаме да стекнат нови вештини да си играат во друштво да се дружат
Па по правило не треба, примарна дејност на градинка е згрижувачка институција, односно дете на кое двата родители му работат да биде згрижено во работните саати. Се што доаѓа како плус од градинката е отом потом но градинките не се задолжителен дел од синџирот на едукација. Такашто да колку и да звучи сурово ако мајката не работи не знам и зошто би си го пратила детето во градинка кога има листа од 200 деца што чекаат на кои и двајцата родители им работат. Ама добро па истите тие луѓе се први да зборат дека се во државава е со врски и државни институции не чинат. Настрана тоа, повеќе е за другата членка ова, Феникс можеби е револт некој за бебето што доаѓа? Да се осеќа отфрлено и на тој начин да го покажува тоа? Или може е едноставно фаза низ која што проаѓаат еден куп тодлери што не јадат ништо. Остави ја, си има таа инстинкт за преживување гладна нема да остане. На деца не им ни треба толку храна колку што ние мислиме дека им треба и колку што ни се презентира. Ако јаде дома давај и потечна храна ете за да нема мака со столица. Не може да ја остават гладна во градинка и секогаш ќе и дадат леб или бисквита и реално не е за обвинување зошто верувај не сакаш да дојде до ситуација да падне во хипогликемија. А не сакаат ни тие зошто е на нивна одговорност тие саати. Пробај да увидиш да не е ментален проблем особено ако сите зборуваат за новото бебе да се чувствува запоставено па на тој начин да покажува револт мене ми е тоа најлогично штом јадела во јасли и сега наеднаш не јаде. Да додадам уште нешто, мислам дека имаш малку превисоки очекувања од градинката. Не ме сфаќај погрешно, пријателски ти го зборувам ова. Да беше и во приватна градинка па дури и жена да ти ја чуваше дома ако има проблем со хранење нема да се смени. Имаме во околина познанички што не работат и децата не им јадат ништо а тие седат со нив дома цел ден и мајкиве буквааално се само на тоа фокусирани, со цртани, со давање секаков тип на храна, експериментирање и не бива. И ете едново детенце јаде само 2 пржени лепчиња дневно и одвреме навреме макарони со мелено месо и лазања. Толку. 6 години е овие 3 работи ги јаде 4 години. Го има оставено да прегладне и ни тоа не помогна. Има деца што се такви а и деца кои не се такви имаат такви периоди кои знаат и баш долго да потраат. А да очекуваш во градинка со минимум 10-15 деца а може да се и 30-40 дека ќе му посветуваат особено внимание на твоето дете е малку делулу искрено. Само ти ќе се чувствуваш лошо и исфрустрирано а тоа директно ќе го чувствува детето и уште толку може одбивност да покажува. Реално верувам дека се обидуваат ама...
Мене ми е само чудно дека и во јасли почна вака и таму за четири дена пројаде, ама стварно учителките не се откажаа. Стварно пројаде работи што не сакаше ни да ги проба, во шок бевме со маж ми. Да се парчиња проблем ќе прави и дома, а она дома парчесто јаде, и поголемиот дел од оброците сама јаде. Не верувам да е ди бебето, зашто воопшто не и го спомнуваме во таков контекст, дури и она сама го спомнува, кажува колку го сакала, како ќе го чувала, па пишува на едно табличе цело време и стално и бебето го пишува, го спомнува со име, знае и како ќе се вика. Ептен со љубов го спомнува. Некако не ми се допаѓа и пристапот да е одма замена леб.. дома правам сѐ за да нема пак запек. Учителкиве викаат дека сѐ е супер, само јадењево е проблем. И еве денес како дупната од прееска бара да јаде… Мене ми е моментот дека упорно ми потенцираат дека само она не јаде, сите други без проблем јадат, значи може малку да пробаат со различен пристап, зашто сепак другите не прават проблем.
Те разбирам да ама веројатно се обиделе на различен пристап. Ако се некои попринципиелни не сакаат да употребуваат методи како тв/телефон што е ок зошто па може тоа и други деца да насамари да го прават истото а со конвенционални методи веројатно не успева и на крај и даваат леб за да не седи гладна. Не знам тогаш што би било проблем. Евентуално друго што ми паѓа на памет е дека има разлика од парчиња до парчиња. Можеби дома нудиш различна текстура од таму. Еве моето дете не јаде нешто намачкано на леб. На кришка леб ако му намачкам абц или путер од јатки не го јаде. А ако му дадам башка леб башка намаз си црпка со лажиче од намазот и лебот сув го јаде. И здравје ко ќе прејде во поголема група ќе им го кажам ова оти нема да им јаде кога ќе имаат на распоред леб со кремсир или леб со путер и мед да дадат замена. Го дадов ова како пример да забележиш некоја таква работа што можеби би и направило разлика. Или на крај краева да оставиш да пројде и да се надеваш дека е период. Нема трето.
Па на родителска ми рекоа дека не сакале да ја форсираат да не направеле контра ефект. И упорно ме прашуваат дали јаде дома, ми иде слики и видеа да им пратам да видат дека јаде. Не знам што да мислам, сакам да го најдеме решението, зашто не сакам само на леб да е цела недела и после викенд јас да исправам колку можам. Дека некогаш ако се изнајала леб, не сака ни дома да јаде.
Лепчињата намачкани им стигаат од кујна. Замена незнам што би било, ама и дека посебно ќе и остават на маса, не се надевај на тоа. Мајки. Сите деца се различни. И дека на секое ќе му се погоди се, нема шанси. Некои деца се вклопуваат во редот и храната, на некои не им оди тоа така лесно да кажам. Ние сите си ги сакаме децата најмногу на свет, правиме се за нив. Ама да не сме со очекувања дека некој истото ќе го прави.