Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    10.418
    Не трескам глупости, само читам што пишуваат. Седи на кафе и од кафич се секира дека детето не и јаде во градинка, а притоа е слободна и може да му се посвети. Па што очекува од градинката?

    Како што кажа членката погоре, преголеми ви се очекувањата од градинките, каде што две воспитувачки се грижат за 32 деца. Не можеш да очекуваш индивидуален третман и воспитувачката да стои над твоето дете и да го убедува да јаде.

    Ако детето е слабо и пребирливо, можеби треба прво да се размисли дали градинката воопшто е неопходна во моментот, особено кога мајката е слободна и може да се посвети на него. Во исто време, има родители на кои градинката им е буквално неопходна за да можат да одат на работа, па или чукаат глава за место или плаќаат приватна градинка.

    Затоа, малку реалност во очекувањата нема да ви штети. Ќе ви биде полесно и вам, а и на воспитувачките.
     
    На bookslover, Milkiway, EnaEnA30 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Јас сум била во градинката и ги знам очекувањата и си го познавам детето. А и ги познавам учителките, тоа што државата не направила капацитет за да се сместат децата во градинка, не е виновен никој. Јас одам на работа исто и маж ми, не ги пуштаат во градинка за да се отарасат од децата. Тогаш дај отказ и посвети се на детето, после кукате онде дека 2000 скапо било за градинка и ќе ми збориш на мене дека треба да седам мирна и да свиркам, кога гледам дека не се трудат воопшто учителките. Детето јаде, да не јаде, да не ми е се ова чудно, ама детето јаде.
     
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.676
    Пол:
    Женски
    Како мислиш дека ќе изгледа тоа во група со 40 деца, учителката да даде телефон на едно дете?
     
    На naturally, princess5, EnaEnA30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    10.418
    Не ми беше конкретно за тебе коментарот, ниту за твојата ситуација. Ти немаш избор и детето мора да оди во градинка, тоа ми е сосема јасно.
    Коментарот повеќе се однесуваше на мајката што седи во кафич, а јас само сакав да кажам дека лично не би го избрала тоа во таква ситуација.
    Еве, конкретно јас, ако имам можност да бидам дома со детето, а притоа тоа ми е слабичко и има проблем со јадењето, би сакала повеќе да се посветам на него и да му помогнам да јаде, наместо да одам на дружба по кафичи.
    Секако, не мислам дека мајката треба целосно да се посвети само на детето и да нема време за себе. Секој има потреба и од одмор и од дружење. Само мислам дека треба да има некоја граница и баланс, особено кога детето има поголема потреба од внимание.
     
    На EnaEnA30, Tea SK, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    5.376
    @Feniksgirl Дете мења. Може да јадела па да не јаде, па да јаде ко дупната па пак да прекине, па да се дави во месо па да несака да го помириса и тоа е. Додека е здрава нема потреба за грижи. Мојава дома не јаде, во градинка репете бара. Кога одиме кај некој на ручек и кога ќе ме прашаат што јаде за да зготвам, викам појма немам, ете до толку менува, нема правила веќе. Ама не се водам по нејзе, имаш ручек, сакаш јади сакаш не јади, гладна ќе била, па нека биде. Ехе со денови била на леб, па ни на леб, само глупости, и ништо не и е.

    Околу пристапот во градинка, не знам дали те разбрав добро, до лани јаделе пасирано сега почнале на парчиња? Може тоа да и сменило нешто и да и е чудно, едно е таму, друго си е дома. Воспитувачките што викаш дека лани за 4 дена и помогнале да пројаде, претпоставувам дека се и сега истите, па верувам дека немаат полош пристап годинава со нејзе, очигледно работат со децата и се соработливи со вас како родители. Договори се со нив, кажи им дека сметаш дека е проблем што јаде само леб, а чим и они тоа ти го спомнуваат верувам и на нив не им е сеедно и сигурно сакаат да го поправат, така да нека ти дадат насоки како да продолжите и ќе следите промени заедно. Ако не се соработливи не знам да те советувам, не знам ни јас што би правела во таков случај, можда група ќе сменам.

    Кај нас во градинката има психолог во одредени денови, за друга проблематика бевме на разговор, советите кои ги добивме ги знаевме само ни ги потврди стручно лице, ете да сме мирни. Но ни рекоа дека ги гледаат децата, зборуваат, прават анализа, зборуваат со учителките, ги следат, така што ја имате и таа опција верувам, чисто да ве смири ако ништо друго.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Не се истите, сега е мала група. Овие се нови, тие од јасли за 4 дена ја пројадоа. Она јаде парчиња, затоа и не знам што се случува. Разговарав со нив, рекоа ќе сменат пристап, но секое зимање веќе две недели од кога зборевме, она е на леб… значи не се менува ништо.. јас не барам да ја третираат ко кралица, но ако викаат дека само она прави проблем ниедно друго дете не, значи може 5 минути повеќе внимание само околу хранава да добие.
     
    На cocopuff и Kaja991 им се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Де бе дечки зарем ако не оди на работа не смее да излезе на кафе сабајлето пошто го однела детево во градинка 8) што народ ќе бевме, чека работа да почне за некој ден, не е немајка цццц
    Немам искуство ич со државните ама тоа што слушам е ужас … не знам што да кажам за телефоните :x
     
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.676
    Пол:
    Женски
    Нема врска приватна/државна градинка.
    Дали сметаш дека во ред е учителка да извади телефон и да даде на дете, небитно од која причина и небитно во која градинка?
    Верувам дека си пристрасна затоа што се работи за другарка ти, ама по која сакаш логика размислувај, чиста небулоза е учителка да даде телефон на дете за да јаде во градинка.

    На тема државна градинка, јас сум задоволна од нашата. Во група има неколку деца од приватна што се дојдени, мајките се 100 пати позадоволни од тука, отколку од приватната каде што им иделе децата претходно.
     
    Последна измена: 30 септември 2026
    На Em4e711, naturally, princess5 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.426
    Допаѓања:
    47.780
    Пол:
    Женски
    Моето дете лани одеше во приватна, не знам дали беше до возраста или градинката но не се навикна воопшто. Го запишав во државна од први, 3.5г е, многу убаво се прилагоди, не знам дали е до учителката или тоа што веќе е голем, веројотано од се по малце, ама сепак мислам дека најголем удел има пристапот на учителката. Адаптацијата е правило еден месец ама тој уште втора недела сакаше да остане на спиење, иако година дена дома немаше денска дремка, сега таму спие. Многу е среќен кога го земам и мислам дека тоа што чекав до сега ми е супер одлука.
    Инаку и моето не јаде, само леб и овошје, ама и дома не јаде, не барам посебен пристап за него оти не јаде, мислам дека телефон или цртан за едно дете да јаде е многу нереална и многу глупава идеја за во градинка.
     
    На merriel0, Miss_S и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  10. Kalianne

    Kalianne Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    162
    Мојата исто не јадеше кога ја префлија во прва мала. Во јасли си јадеше, дома исто. Парчиња од 7 месеци јаде, сама.
    Во прва мала кога почна им ги туркаше тањирите и не јадеше ништо, дури ни леб. Јас сабајле и давав доручек, па ја носев, за да не седи цел ден гладна. Околу две-три недели траеше тоа, па се погоди на замена негователката што и беше во јасли. Си седнала со неа да јаде, две чинии за 10 минути ги смачкала. Таа негователка беше со нив три дена, за тој период си јадеше без проблем што и да има на мени. Среќа и после тоа си продолжи да јаде.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    27.801
    Пол:
    Женски
    Кога вработена од приватните, ми кажа ништо не е како што гледате, повеќе од јасно ми се некои работи.
    Пример: Ги облакаат во јакни и едно по едно надвор ги носат и сликаат и враќаат назад ( ,,дека биле надвор”)
    На мени авокадо, јадењето пржен пипер со јајца.
    Пред да ги дадат, брзинско миење мрсулите залепени што седеле цел ден на нив, за да бидат чисти.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Ваму еве цел месец нема промена, ете и после разговорот со негувателките, исто е, нема промена. Стварно јаде, да е дете што не јаде, да не ми е чудно. Мене ми е за тоа во јасли како може во 4 дена да има успех, овде не. Се надевам ќе има промена како кај вас, не знам што е толку проблем. На родителска едната учителка не ми остави добар впечаток, мислам и малава има одбивност кон нејзе, стално ни ја збори другата дома. Не знам дали нешто и смета кај таа, па прави штрајк. Еве вчера дома како дупната се побара да јаде, додека има денови каде е прејадена од леб и не бара ни дома.
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    9.900
    Пол:
    Женски
    Истото го имам слушнато од вработена во приватна градинка во Ск.

    Конкретно за државна еве за кај нас, условите се тие што се, деца двојно повеќе од стандардот. Воспитувачките незадоволни, е да е полошо незадоволството се рефлектира врз децата и родителите.
    Кога ќе се случи нешто никој ништо не видел. Секој разговор или порака во група е дека се 30+ деца. Буквално до степен кажано, годинава бидете задоволни што децата се згрижени. До максимум ќе се трудиме да се нахранети. За Вц одат сами. За работа како ќе дозволат условите и крај.

    А ниту родителите сме виновни, а децата уште помалку што некој дозволил во една просторија да се 30, па и 40 деца.
    Буквално негователката вика само на вратата од Вц е застаната и да облекува или соблекува некое дете за во Вц.
     
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    5.376
    Биди упорна со учителките, мора да соработуваат. Ако не соработуваат обрати се кај раководител. Да има проблем со учителките веројатно нема само јадењето да и биде штрајк, ќе забележите и други промени. Закажи состанок со психологот во градинката, нека појде и она нека види како се однесува детето. Сите работи кои те загрижуваат имаш право да си ги решиш. Не мора тоа со закани и нервози да биде, си има чекори изоди ги. И фала богу не сме имале мака, односно стварно супер соработка имаме, ама да имам мака каде што нема соработка веројатно би сменила група.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    20.360
    Извини вака директно ќе те се умешам ама деца јадачи и што јадат и не прибираат немаат проблем ни во градинка ни во школо. Дете што пребира и не јаде, тоа е. Има деца дома не спијат, во градинка спијат. Во градинка јадат манџи дома никако и обратно. Убаво ти викаат не е секогаш вината во учителките каква полза инаат они да не јаде детето. Го ставааѕ тањирот пред него и ако не јаде тоа е. Може да пробаат еднаш два пати и толку едноставно така е во колектив во приватните е поинаку. Во школо па ќе немаш поим ич.
    Моето одеше во приватна каде ме убедуваа дека јаде се', кога почна во државна сфатив дека лажат. А мислев дома не јаде таму топ јаде. Верувај дека храната не секое дете ја прифаќа
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Ама ти си имаш мака со градинката и мислиш дека сите се такви. Еве ти кажувам во јасли ни помогнаа да ја извадиме цуцлата, што мака мачевме со месеци да ја тргнеме. Исто 4 дена не јадеше, секое земање учителките кажуваа да не се секирам нема да се откажат, дека и посветувале повеќе внимание последна и стварно детето почна да јаде. Овде ми вика не сака само она, само леб сака, јас кажувам дека доби запек детево одвај се искака со пиштење, ве замолувам немојте леб толку често, да смениме начин. Во ред ќе смениме, не сакале да ја форсираат. Добро ве замолувам да најдеме друг начин, поминаа две недели начинот не е сменет, пак одма леб и се дава… значи само она прави проблем и 5 минути плус внимание мислам нема на никој круната да му падне. Јаде, значи како и сите има работи што не и се омилени, ама го гледам менито од градинката и се тоа јаде детево. Не е проблематична за јадење, ако била немала ни во јасли да јаде.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    20.360
    Немав мака со градинка имаб мака со нејадач. Дете што до 2г јадеше се' и одеднаш прекина.
    Ако е јадач нема по леб да посегнува тоа ти кажувам. Деца многу менуваат. Мене и за цуцла и за пелени ми помогнале. Се надевам ќе успееш
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl Немора да значи дека ако јадела во јасли ќе јаде и прва мала, може е и период , и отпор нови се учителките и просторијата а и јадењето... верувам дека не ти е , а и на учителките не им е најлесно да дадат леб... и тие нема што друго да понудат за ручек... ќе помине ќе влезе во шема гледајќи ги и другите само треба трпение и време...
     
    На Milkiway и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.681
    Допаѓања:
    43.857
    Пол:
    Женски
    Сите деца што ги знам магично станале прибирливи и нејадачи после 2г. Едноставно период им е. Еве и овде по темите сум читала како децата после 2 години престанале да јадат.
     
    На Tasha masha и Milkiway им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Дома јаде.