Може има и револт. Незнае како да го каже тоа. Сменета група, нова занимална, нови учителки. Кај мојава ,,проблем” пример е влегувањето во друг објект, откако смени се. И ја нема нејзината омилена негователка. Се им е ново и на нив. Ти го разбирам револтот скроз. Може го немаме истиот проблем, ама па го разбирам и детето, зошто и кај моето беше малце хаотично откако тргна во поголема група.
Здраво мајки, имам дилема. Дали сметате дека е нормално што родителите немаат пристап до "занимавалните"/просториите во кои нивните деца треба да го минуваат целиот ден? Почнавме во градинка со адаптација, но тоа што не знаеме точно во каква просторија престојува нашето дете некако ми нема логика. Сите вработени се оградуваат дека им е забрането да видат родители каде престојува нивното дете. Кој ја издал таа "забрана" никој нема одговор. Како родител мислам дека имаме право да знаеме и да имаме отворен пристап во градинките каде што се нашите деца.
Нормално е и е одлично правило. Не сите родители се нормално и апсолутно не сакам било кој да шета каде што ми е детето 9 саати доверено на чување.
На родителска бевте? Ние сега бевме на родителска во занималната на ќерка ми, така да видовме каде го поминуваат денот. Сигурно не ти дозволуваат да влезеш додека се децата таму, прашај да отидеш да ѕирнеш кога нема да има деца, околу 17:30, 18:00.. не гледам причина така зашто не би ти дале да видиш
Во нашава градинка носиме деца до занимална, така да што се вика секој ден може да ѕирнеме внатре каков е просторот, од врата де, без влегување внатре. Исто сметам дека не треба секој и кога сака да влегува внатре, што од хигиенски, што од безбедносен аспект. Имавме и родителска внатре во занимална, обавезно се праќаат слики од активностите така да не дека не го знаеме просторот. Дополнително предложи раководителката на родителска доколку има заинтересирани на попладне повремено може да се организира разгледување на градинката, со тоа што би се собрала поголема група на родители. Не поединечни посети. За ова барем колку што знам се нема досега пријавено некој, барем не од наша група.
Добро си е правилото, си има правилник градинката со причина. Секој ден гледам едни исти мајки како бараат извештај детално од учителките, а замисли да е дозволен влез. Секако имаме право да знаеме за детето ама замисли секоја од нас да праша што јадеше, колку какаше, колку вода испи…5мин по 30 деца - 2 саати и кусур треба да изгубат на објаснување. Менито е истакнато, вода им е достапна во секое време, ако имало некој проблем секако дека кажуваат дури и се јавуваат некои. На родителска секако влегуваме, разгледуваме, самите учителки кажуваат ако нешто им фали или им треба соработка со нас.
Инаку во полагањата за неговател, во делот на опис и законик, стои дека родителите можат да влезат во занималните, освен во период кога е време за оброк или спиење. Ама јас сум за тоа дека нема апсолутно потреба, да се влегува во простор каде се децата згрижени.
Не знам искрено за какво влегување зборувате што толку многу ви смета, што мислите дека се прави ако влезеш во занимална, отвараат фиоки плакари, прегледуваат деца кои и какви се, ги буткаат ги малтретираат? Не гледам причина да не смееш, нормално да не го злоупотребуваш, не сакаат сите секој ден да прашуваат за децата и немаат сите потреба за тоа. Може еднаш во месецот да сакам да прашам, зошто тоа да го правам на врата и да ме слушаат сите ко на улица да сум? Не знам, пак ќе кажам, кај нас и ова е решено, можеше еднаш месечно да влезеш во занимална во одреден временски рок пример од 2ипол до 4ипол, и да прашаш подетално, а и не мораш, и најчесто не мораш секако.
Реално кај нас викаат и стоење на врата да нема, посебно на земање зошто негователката е сама со сите или повеќето деца и ако стои со некој надвор, внатре децата сами можат 300 глупости да направат. На телефон се достапни постојано и така се прават консултации најчесто.
Родителот апсолутно треба да знае каде е згрижено детето. Тоа не значи дека секој ден треба да одиш и разгледуваш, ама на упис или прием требало да направат тура со разгледување колку родителите да имаат престава како им изгледа денот на децата. На адаптација кога седите таму со детето нели шетате секаде низ градинката? Не може да не знам како изгледа занималната па и другите простории, каде детето ми поминува 5-6-7-8 часа на ден. Не сфаќам. Како ги земате децата во тој случај?
На адаптација чекаш во двор. И на родителска внатре ја гледаш занималната каква е. А некои работи и стојат забренети, само поради родители кои немаат осет. Зима дете и 40 мин распрашува секој ден, а внатре 25 деца седат сами. И верувај дека секој ден се исти прашања. Па и малце е тоа, истите прашања ги поставуваат во вибер групата.
Мислам дека Мк само остана тоа да на адаптација не си внатре и да немаш после тоа пристап до училницата. Странство секаде детето го преслекува мајката во соблекувална, предходно она соблака чевли и го носи детето до групата. Јас со второво доживеав да морам на средина од втората недела од адаптација да излезам порано него протоколот каков е и и се направи стрес, па мислам дека најдобро е адаптација да почне со мајка внатре и посетепено да се излегува додека детето не се навикне на средината. Со првото дете адаптацијата беше испочитувана и тек после 3 недела јас ме бев внатре.
Разбирам дека некои родители се без осет ама не се ни тие криви. Едноставно не оставам мали деца сами да угодам на некој родител што му се збори, кој сака да збори нек си направи посебен термин. Каква е таа адаптација родителот да не е со детето на почеток? Како може до вчера со мене 24/7 и денеска го подавам преку врата на непознат човек. Читам дека така ги оставаат и тек сега сфаќам дека тоа била целата адаптација. Цело време мислев тоа е отпосле кога делот со родителот поминува. Не може да ми биде нормално дете да предавам на врата оти има родители без осет што сакаат да си муабетат. Во таа институција детето поминува поголем дел од денот и јас само вратата предна да ја знам не ми е во ред никако.
Револт некој е дефинитивно. Мојава дома јаде... Ај да не и се свиѓа нешто таму, ама ништо? Па баш манџите во градинка се најубави... Мојава првите две нед јадеше (особено манџите, манџи сака мн), после се разболе и една нед беше дома.. како ја вративме назад, престана да јаде. Вчера пуштиле слика, на масиче седнати и чекаат ручек... дури како уплакана да е на сликата. Дали мојава сфатила дека дома ќе си дојде после ручекот и тука веќе ја фаќаат плачките... Твојата останува да спие? Имавме родителска и негувателката зачудено ме праша... Што правиме со нејадењево? Се пробале, сама да јаде, они да ја ранат... јок. Вика во ист момент го бутка чинчето што го ставаме пред неа. А се друго е супер, не плаче ни на оставање.. ни на зимање, таму била океј си играла. Вовче правеле, слика има седи со сите дечиња... Чудно ептен. Трето ми е знаеш, ваков проблем не сум имала со нејадење во градинка..
Не се допишав. Одиме до врата, детето си излегува, си го спремаш во ходник, тука се јакнички, обувки, ранци. Ама да не излегува негователката од занимална и со сите родители/баби/дедовци да стои надвор, а децата останати сами внатре. @Yowannty , ќерка ми за кратко полни 3 години како е во градинка. Сме смениле и групи и градинка, во ниедна не сме седеле со неа на адаптација. Дури и првиот ден таква траума ми е, носам дете 9 месеци, од врата подотвора негователката, ми ја граба од раце, ни кое е детево, ни какви навики има, буквално ништо. Само муабет вратете се за 1 час. На пола час веќе ми се јави ептен плаче и одма да се појавите да ја земете. Ок, чекавме во кола на улица, не бевме далеку ама сепак значи не сме на дугме и ние. Ми фрли дете во раце, кажа дека јадела, плачела цело време, утре пак дојдете и крај. Тоа беше муабетот.
Па ова е сосем во ред. Исто е и кај мене. Сите шкафчиња им стојат пред занимална. Се спремаме си зема ранецот и си одиме. И тоа има 3 возрасни со нив во занимална во секое време па никој не излегува да муабети. Ама излегува некој од нив само ако нешто се случило да каже, или сметаат дека нешто ново што научило детето треба да се пренесе. Во суштина и информации околу градинката ни оставаат над шкафчињата, каде на јаже со штипки се закачени со сликата од детето. Не сум ни ја по муабетење и таман ми е.
Се дополнив и погоре за адаптација. За учење досега не ми споменале тоа научи, не научи. Во претходната градинка ако изработувале нешто, ни го даваа да си го земеме, цртеж ли, било што. Сега им чуваат таму во папка. Знаат да се јават и после градинка ако ептен некој голем проблем настанал. Со тоа што кај нас воспитувачката е од 6:30 наутро, до кај пладне тука. Негователката од кај 9:30 мислам до 16:00 некаде. Така да може и да не си прекажат нешто за конкретно дете. Со оглед на тоа па и дека 30+ деца се на две жени, успех и тоа што децава се сите нахранети и чисти.
Aма вие ко да не знаете дека во Македонија живееме, за инат крадат алишта и ранчиња, не па поише. Во јасли беше така, една мајка прљавите чизмички ги оставила на шкавчето за да не се измокри ранчето внатре и да не се испрља, до зимање од градинка веќе ги немало на шкафче.
Никогаш не сме оставале обувки во ранец. Секогаш стојат на полица до занималната. Сме имале случај на заменети едно со друго, пример ќерка ми и друго другарче комплетно исти патики имаа, да ги земат нашите по грешка и да ги смениме, ама кражба немало. И за алишта исто се случило од нашето ранче воспитувачките да се позајмат за друго дете, секако со дозвола ама кражба не се случила.