Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    660
    Минатата недела бевме на адаптација во градинка, а оваа недела сме болни. Матичната ми напиша потврда за во градинка со датум 16.10.2026 година. Бидејќи ни е прво искуство со градинка, не ми е баш јасно дали утре, на 16 октомври, треба да го носам или од понеделник?
     
  2. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека е пишана утрешната дата за да ти важи во понеделник. Потврдите од матичен за во градинка важат само три дена. Јас така сум правела кога ме фаќал викенд. Носи го во понеделник слободно.
     
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    11.535
    Пол:
    Женски
    Бебе направи 6 месеци, планирам здравје ако ми испадне се по план да почне во градинка кога ќе наполни 1 година.

    Аплицирав во Бубамара уште во август, на самата страна пишува ќе бидете исконтактирани кога ќе го поднесете барањето. Сеуште никој ме нема побарано, немам никакво инфо за тоа дали е примен и слично. Ѕвонев повеќе пати на нивниот тел. број ама никој не крева…

    Има ли некој искуство да ме упати што како, треба ли на крајот лично да отидам таму или се чека волку за одговор секогаш? Или треба врски да се бркаат за жал???
     
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    27.801
    Пол:
    Женски
    Врски…
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Сите мои другарки аплицираа уредно и недна не доби повик… сите завршија со врски работа или вжприватна градинка така да тоа е патот за Скопје
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    3.528
    Пол:
    Женски
    Отиди во главната градинка. Види кога имаат приемни денови, побарај да се видиш со надлежна некоја. Нас не прими заменик директорката и беше префина. Не фативме врски, ни ја запишаа регуларно во февруари, од 1 март почна. Знам дека сме исклучок ама јас решив да си тргнам по регуларен пат и ете успеавме. Сеа со второво ќе видиме. Имам одамна аплицирано онлајн. После нова година планирам да одам на лице место да видам што ќе кажат.
     
    На dromka и rainbowec им се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    11.535
    Пол:
    Женски
    Ќе отидам во градинката наредниве денови, ако не бива така ќе идеме како и за се друго во државава, да бараме врски за дете во градинка да запишеме.

    А зошто се бркаат врски уствари, немаат ли место во градинките или нешто друго е во прашање? Стварно не разбирам…
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.737
    Допаѓања:
    20.346
    Пол:
    Женски
    Премногу деца се на листа на чекање, по 30 деца се во група и ако немаш врски, за 3 години може ќе успееш, нажалост кај нас се е така, оди директно кај директорка, педагог, некој.. барај ги, разговарај, замоли, ако имаш врски вклучи ги, што да кажам.. :x
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    27.801
    Пол:
    Женски
    Премногу деца. Лани имаше и список видов, со бројка на деца кои чекаат прием во градинка. Многууу беа.
     
    На Mumoftwo30 и rainbowec им се допаѓа ова.
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    3.528
    Пол:
    Женски
    Има листа на чекање огромна а мал капацитет. И предност имаат очигледно тие со врски, не знам.
    Јас отидов, културно си побарав да разговарам со некој кога ќе може и ќе има приемен ден, кажав дека сум аплицирала онлајн, кажав во кој објект би сакала да оди детето, ми кажаа кога ќе им се уписите и дека ќе ме контактираат кога ќе завршат. После тоа уште 2 пати бев дека не ме контактираа во меѓувреме, ама се си беше ок и регуларно ја запишаа. Сите викаат среќа сме имале, и може е така, ама и голем дел од луѓето одма на врски одат директ, бар од околу што гледам
     
    На Mumoftwo30 и rainbowec им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.737
    Допаѓања:
    20.346
    Пол:
    Женски
    Не знам кој како имал среќа да запише дете во градинка без врски, кај мене иако знаеја како санохрана мајка сум и од Социјално добија известување, пак чекав и пак на крај врски барав. Побрзо на факултет ќе запишеш дете отколку во градинка, кај нас.
     
  12. mum1234

    mum1234 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мајки ❤️

    Да замолам да споделите искуство за некоја од градинките во Кисела Вода, за групата јасли, син ми ќе треба да почне на околу 10 месеци