Се разболуваат секако, кога и да ја пуштиш мора таа фаза да ја помине. Баш зборев со колешка и одеше детето во приватна пред да го префрли во државна, вика таму на тие пари што ги даваш и антибиотик ќе му даваат. Демек повеќе шанса има болни да ги чуваат таму него ли во државна. Во државна се повеќе ама одма се јавуваат ако приметат нешто. Нејсе, периодот мора да се помине вака или онака. Бебево мое се испоразболе шарлах после месец во градинка, ама знам дека е од брат му стрептококата донесена, во градинка немаше други деца болни..
Ти ќе ја чуваш, ама кога и да ја пратиш пак, истово ќе биде. Ако сакаш да ти оди во градинка, ќе издржиш разболувањата. А тоа приватна / државна за разбилувања. Исто е секаде. На пријатели детево е во приватна, јас незнам дали од март до сега, дали има истерано една недела. Е таму не им враќаат деца за се. Издржи само.
Мојот е 4 години скоро, од 15 месеци иде во градинка. До 3тата година беше нонстоп болен, повеќе дома седеше отколку што идеше, сега е еднаш у месецот значи уште се разболува само полесно и побрзо поминува од нога... Мене ми викаа до 3 години и после нема да се разболува ама кај нас тоа не е случај..
Мојот на почеток одеше у државна градинка у Центар, 15 деца беа и глава не кренавме од разболувања првата година особено... Мислам мора да помине низ таа фаза на почеток, колку и да се деца дур изгради имунитет..
Ќерка ми во државна во јасли, 15 деца беа на список, ретко кога одеа сите, ги враќаа буквално и за растечен нос. Ај моево може со послаб имунитет и често настинуваше, па така повеќе дома од во градинка беше. Е во муабет со негователка баш во приватна градинка во Ск, се жалам јас оти на секое дете дома седи и ми кажано ни е дека ќе ги враќаат, таа вика во приватна нема шанси, посебно не за растечен нос да ти го вратат од врата. И со кашлање вика седат, па се случува и температура да крени дете и да поминат часови додека дојде родител. Кај нас сега во градинкава (државна) за секое јавување дека со детето нешто не е во ред и документ добиваме со време, со се кога е пријавено. Пишува пример на детето Х измерена му е температура од 38,5 степени во 09:00 часот. Пријавено е кај родителот У, во 9:05, родителот се појавил да го превземи детето во 9:30. И сето тоа после кај матичен на заверка дека и матичен прегледал дете, вратено во градинка со потпис и печат и во досие стои.
Најискрено доста пари се месечно за градинка за разболувањава да не зборам … тоа башка, месецов ако пресметам 700-800еур сигурно отидоа во Систина, зегин и градинка а одеше вкупно 7денови се деуго беше хаос. Вака барем во државна плаќаш некои 2-2.500 и да се разболува ќе ја чувам дома пола месец ама нема да е трошокот од градинка како плус на сите лекарства и доктори ова во афект го пишувам пошто сум лута сама на себе зошто е болна ама не мислам дека ќе издржам да ја гледам ваква упте еднаш наредниов месец … мн многу многу ми е тешко кога е болна. Инаку од градинкава од однос и грижа сум презадоволна и не кожам да разберам како се разболува толку многу на се што е понудено а пред да почне градинка за 16месеци се имаше разболено вклупно 2пати … по 3-4дена до сега ниеднаш антибиотик нема примено и престресно ми е сево ова
Јас работев во Приватна и децата таму исто се разболуваат, ништо поразлично не е од државна градинка. И кај мојава (во државна градинка), се 14 дечиња во групата и си вртат вирусчиња/бактерии. Има деца со појак имунитет, кои и асимтоматски пренесуваат. Мојава 2м оди во градинка, а беше неколку пати мрсулава и со кашлица (температура среќа немала). Ама затоа до нејзини 2г, бато и дада свашта и донесоа... па и јас (со деца работам).
Не си ти крива што се разболува. Консултирај педијатар и земи ацидосалус спреј и прскај пред и после градинка, во носе и уста. Да не се подречам, ама ефект има кај нас голем.
Кај син ми во градинка не примаат болни деца и знаат да се јават на сред ден ако има потреба да си го земеш . Исто и на апликацијата од градинкава стигаат опомени да не де носат болни деца во градинка ( во приватна е ). Ама за разболување мислам дека нема врска приватна или државна, тоа е мит дека таму децата не се разболуваат. самото тоа што е дел од колектив за прв пат си го прави своето. Кога тргна сим ми лани во септември, првиот месец вирус на вирус закачуваше. Сега веќе е скроз различно. Само трпение и да поминува лесно.
Се разболува затоа што ја мешеш во колектив, претходно си ја чувала дома, не си ја мешала. Ова што се случува е сосем нормално. Период кој треба да помине, кога и да ја пуштиш исто ќе биде. Тешко е, ама поминува. Пробај со Дефендил, јас сум презадоволна.
Дали е доволна ,,заштита" ако пие дефендил и спрејче од диво оригано пред да оди во градинка, а кога ќе дојде физиолошки или не знам нешто друго? Почнува нареден месец, па сакам колку толку да го заштитам...