1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    5.422
    Пол:
    Женски
    И мојава е иста.Со урлање влегува се тегне за мене ама кога ја земам е многу среќна и весела.. Мене ме караат што ја гушкам пред да ја оставам се влечеме, викаат треба одма иста секунда да ја дадам;( а жал ми е
     
  2. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Еве сме иста ситуација, 7м оди и од трет ден си седи по цел ден таму ама се уште плаче на оставање. Имаше неколку дена кај што почна да не плаче и да ми мавта за чао си реков конечно пројде таа фаза но пак се врати на старото неделава. Негователката ми вика воопшто да не се секирам бидејќи одма внатре се смирува и сите оброци ги јаде, учествува во сите активности и си спие без проблем. На одење до градинка не прави проблем, и баш и зборувам за дечињата, за каде оди, што ќе прави и е весела но кога ќе сфати дека ја оставам почнува драмата.
     
    На Thor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.976
    Допаѓања:
    7.563
    Пол:
    Женски
    И ќерка ми плаче на разделбата, учителките ми викаат дека е нормално, ми ораќат слика за неполни 5минути како е смирена и си функционира супер, минатата недела и заспа прв пат и си спиела саат ипол без прекини што за нив значи дека е опуштена и адаптирана ама сабајле е плачки :( јас ја гушкам и бацувам додека одиме по патеката пред влезот, внатре само ја предавам и заминувам :( после до кола ми е претешко и се осеќам како немајка ама влегувам во кола и ми почнуваат обврските и ќе добијам слика како е смирена од плачење и продолжувам со денот. На зимање е секогаш расположена
     
    На Thor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    27.833
    Пол:
    Женски
    За ова гушкањево, сабајлево баш една вработена ( во пералната работи мислам) на една баба и се ,,пушти” ( познанички се според муабетот) и и вика: Ама зошто стоиш и чекаш? Правиш полошо. Педагог беше до пред некој година и си заборавила, што и како се пристапува.

    И мене жал кога ја оставам. Со тоа очињата полни солзи кога ќе ме погледне, срцево партал ми е.
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.712
    Допаѓања:
    18.534
    Пол:
    Женски
    Од 8ипол месеци почна во градинка, на почеток не плачеше оти не разбираше толку, сега кога ќе ја оставиме плаче, но за кратко се смирува и си продолжува да игра, одма ја предавам и заминувам, не гледам потреба да одолговлекувам уште толку да се тегне и да плаче, ги гледа децата внатре и за кратко се смирува.

    За разболувањто 3 дена оди 2 недели после тоа е затната, кашла и не ја носиме. Од април како сме почнати до сега дали еден месец и е собрано да оди во градинка, најмногу има врзано 4 дена да оди.