Ја има и кај нас Варивакс вакцината за варичела. Јас лани се јавував за ќерка ми сакав да ја прими, ми рекоа ако се договориме тројца да дојдеме зашто од 1 вијала вадат 3 дози, да не пропаднат. Приватно се плаќа. Дур се договоривме ни фатија децава варичела и ја прележаа без вакцина.
Пнеумокок немате примено на 12 месеци за стрептокока е и дитепер на 18. Тие ви фалат. По календар се тие. Измеѓу двете е мрп. Што ви рекоа?
На 6 м примаше и следно пишуваше мрп. Летово ја дупна главата и ни рекоа дека треба да прими тетанус. Една од вакцинире на 18 м и е тетанус. Само со тоа ја боцнаа и рекоа за два месеци за остатокот да одиме.
Отвори книшка, тетанус е примена заради што ја дупнала главата, значи и ставиле дитапер. До 6 се вакцини и ревакцини на рота и петовалентна и шестовалента, после 6 м на 12 е следна за стрептокока(пнеумокок), на 13 мрп и на 18 дитапер( тетанус, дифтерија) и незз таму што беше.
А зошто во книшката откако прими на 6 м вакцини, следно со молив запишаа мрп на 13 м? И кога бев во вакцинален ми рекоа на 13 м мрп и следно на 18 м. После тоа дури во школо кога ќе тргне. Така ми кажа др во вакцинален Ѓорче.
Не знам, ама пишува во книшка за стрептокока, нешто може се збуниле. Баш отвори види. Ја коа бев за стрептокока ми спомна се гледаме за месец за мрп. Па после бев за дтепер ми рекоа за месец џа ја донесам за мрп. Пошо нели ја касниме.
Ќе отидам јас да се разбереме убаво. Посекако сега им е бум со варичела, па не би да боцкам. Јануари има опција да седи дома, па тогаш да ставиме.