1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.986
    Допаѓања:
    115.458
    Пол:
    Женски
    Јас немам прележано, а синко кога донесе дома не префатив и јас.
    Втор ден од раѓање не ги боцкаат вакцина, ги боцкаат на искачање. Црп и да е од вакцина не може да се качи одма, затоа и не се посомневале на тоа, иако сум сигурна дека втор ден од раѓање не била боцната сигурно.
     
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    на ден на раѓање ги боцкаат со хепатит б, бсж еден ден по раѓање, кај мене двете се така вакцинирани
     
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    ние кога ја носевме за трета доза дтп не вратија иако беше здрава и матичната рече дека може да прими, не прашаа кога била болна последно, имаше три недели негде поминато и крвна слика правевме, сепак ни рекоа да ја одложиме за еден месец, за мрп кога примаше големата баш ја прегледаа, крвна слика ни бараа и 100 прашања ни поставија пред да ја вакцинираат, баш океј впечаток имам, е сега малово ќе го вакцинирам со мрп, па ќе видиме, другарка вика сега ништо не барале, само штанцале :drunk:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.259
    Допаѓања:
    16.578
    Пол:
    Женски
    Аман бе, мене па матичната ми рече нема гајле за носето. Кога било ова за големата? Може сега ризикот од епидемија е поголем, па затоа вака прават. Еве гледаш во странство па воопшто не ни пазеле дали е болно или не..
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    9.942
    Пол:
    Женски
    Во градов одам да прашам пред години ова зошто дете пиеше антибиотик, колку време да помине после тоа за Мрп? Ми враќа ако сакаш и утре дојди, антибиотикот не смета, ако е општата состојба на детето добра. Секако не појдовме, седеше дома дете, комплетно да оздрави, па да одиме ама муабети бар тука си кажуваа како ќе им дојде.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    642
    Мој близок возрасен де вакцинираше за ковид во Србија вечерта качи темература и мн лошо помина надовно бил болен со вирус а незнаел и со вакцината се му се поремети на болен со вирус боцкаш нов вирус мн заебано јас пред него незнаев дека може да биде толку лошо затоа мислам дека е подобро дете да е здраво во странство ако ги боцкале не значи дека е исправно така
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    големата прими мрп пред 4 години скоро, на време ја ставивме, а малово требаше сега во септември да прими ама тргна во градинка и цело време нешто и е, никако не е комплетно здрава, ја носев вчера кај матичната и она со истиот муабет пред недела дена беше со пролив и повраќање, два месеци и се жлезди отечени на главата, ај носот тоа стандарт и анемична е и викам шо да праам со мрп ми вика нишо врска нема еве сега одма вакцинирај ја денес :?: ама јас ја остаив сега дома, да помине некое време па ќе ја вакцинирам
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.259
    Допаѓања:
    16.578
    Пол:
    Женски
    Ама збориме за носе, не зборам за дете што кашла и секрет кој апла се гледа дека има нешто. Секако правиме крвна слика, да видиш на што си.
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.340
    Допаѓања:
    193.669
    Пол:
    Женски
    Не боцкаат болни деца никаде. Нос течење не сметаат за медицинска итност. Пред секоја вакцина прашуваат дали детето е здраво и дали имало тт последните 3 дена. Ти како родител најдобро знаеш во секој момент за благосостојбата на своето дете. Крвна слика не прават оти не е меродавна. Ако има фатено вирус, првите симптоми се појавуваат тек по неколку дена, така што крвната слика може да не покаже ништо тој ден, а детето сепак да е заразено.

    Туку за друго дојдов. Дали знаете дали во Македонија во ʼ90тите се примала втора доза мрп? Мајка ми ме убедува дека сум примила втора доза, аи ми вика не, а и дека не се водела евиденција за истото. Дали некоја од вас знае дали е можно да се стаса до наш вакцинален картон? Нас не вакцинираа во школо па дали знае некоја од вас, дали постои архивирана евиденција и каде? Во главна болница можда?
     
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    13.614
    Пол:
    Женски
    Постои архива, кај вакцинален пункт во твојот град ќе побараш, се прави препис. Ми требаше мене, па вадев и доставував овде.
    Инаку за 20 евра може да се испитаат антитела и да се направи евентуално освежување на вакцина. И тоа правев, пред да останам трудна од киндевунш клиника ми правеа, па немав доволно и морав да се вакцинирам повторно.
     
    На H.VAGA и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.340
    Допаѓања:
    193.669
    Пол:
    Женски
    Ах па добро, ова ми е полесна опција да испитам антитела. Каде можам да одам за ова?
    Иначе нема вакцинален пункт, не вакцинираа во школо, или ако бевме болни, таму каде што не носеа одпосле да се вакцинираме одамна е затворено местото. :?:
    Ако имам антитела значи дека не мора да се вакцинирам?
    Се вакцинираше со мрп? Имаше симптоми?
     
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    13.614
    Пол:
    Женски
    Не ништо од симптоми немав. Евентуално рака шо болеше ден два.
    Можеш кај матичен доктор да испиташ, а можеш и дирекно во лабораторија да прашаш и да испиташ. За таа услуга плаќаш, а вакцината е бесплатна.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.340
    Допаѓања:
    193.669
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам прими мрп пошто немаш прележано воопшто? Супер, значи уште сме јас и ти непрележани. :D Испитано ми е само за варичела и немав антитела, ама тогаш не знаев дека таква вакцина кај нас не ни имало тогаш. Сега има мрпв па ваљда ќе можам неа да ја примам.
     
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    5.389
    Јас истово го прашував:D
    Мрп немало втора доза, се примала еднаш, втора доза имало за морбили само, мене така ми кажа. И ваљда за рубеола и заушки немаме целосна заштита, ама па тие не се пренесуваат мислам дека толку лесно како морбилите па затоа немаме епидемии и да има случаеви брзо ги изолираат. Антитела на сите три претпоставувам треба да испиташ ако сакаш да се вакцинираш. Ама 90ти се правени промени значи доцни 90ти можда и примиле.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    13.614
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога испитував ми беше за работа, пошто немав вакцинален пасош овде дека сум ваквинирана. Првиот пат бев во сива зона некоја и ми прифатија.
    Вториот пат ми беше за третман за неплодност, не се почнуваше кај мојот доктор, ако немаш антитела. Па тогаш вакцинирав. Не знам дали сум лежела или не ко мала.
    Ама тука секако е пракса да се освежуваат вакцини, така што шо сакаш, тоа може :D. Ти само желба имај.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    јас не ни размислив дека треба да се засекирам за мене дали имам или не доволно дози за мрп, new fear unlocked. некако детето си го вакцинирав и толку во мојата глава беше решен проблемот оф леле
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    9.942
    Пол:
    Женски
    На пријателка, не баш фан на вакцини, главна дебата ова и беше во диспанзер посебно пред децата да се првачиња, кога следува ревакцина на МРП и ДТП после. Зошто никој во држава не испитувал антитела дали имаат децата пред вакцини да се стават.

    Реално за мене, комплетно вакцинирана сум исто и дете. Не ми е сепак 100% начисто и сеедно ако ептен се наголеми бројот на заразени во државава.
     
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.518
    Допаѓања:
    27.892
    Пол:
    Женски
    Заушки имаше некоја епидемија негде 2008 мислам беше.
    На сите ни бараа вакцинален картон. И дел од 90 и 91 немавме примено вакцина и не боцкаа тогаш.
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    7.638
    Пол:
    Женски
    Се замислив и ја, ама ја имам книшката од бебе ја чува мајка ми и ми ја даде кога се омажив :D ќе прочитам сабајле. Иначе не беше некоја од овие вакцини што ни ги мереа со лењирче дали е успешна во школо не боцкаа знам и ова чекавме во редица? :?:
     
  20. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Женски
    Воопшто немате ништо впишано во картонот? На тоа од болницата пишуваше за хепатит б, потоа кога го носев за други вакцини во пунктот не ми ги впишуваа податоците во нашиот картон, само во нивниот. Им се запнавме со мм да ги внесат, ама едната сестра рече само ако одиме во странство можеле да ги впишат во посебен картон. Ги пријавив во министерството и кога отидовме за наредна вакцина после 6-7 месеци ако не и повеќе, и реков на истата сестра да ми ги внесе и не се побуни и ги внесе за сите вакцини. Значи можело тогаш. Ако не сакаат да внесат пријави ги.
    Бсж и моето е вакцинирано со спорната серија, верувам дека атопичен дерматит му се јави од вакцините. Да ми бил овој ум тогаш немало да дозволам да прима по 3 вакцини наеднаш. Сега ја касниме таа на 18 месеци и мрп. Некако изгубив доверба после се ова што се случува.

    Инаку, и јас се породив царски поради намалена плодова вода и исто бебето имаше покачено црп и беше на антибиотик, а кај мене се беше чисто претходно. Ама само хепатит б прими таму. За бсж го носевме после десетина дена во пункт, така што од таа не е сигурно, бар кај нас.