Ја имаш примено. Во прво одделение ја примивме. Јас сум 94та, маж ми 93та исто ја има примено. Голем размак има меѓу прва и втора доза кај нас, за разлика од Германија. Но немај гајле 100% ја имаш примено. Во книшката иначе пишува.
Мајка ми ме убедува дека не сум примила мрп ( многу често бев болна и до мои 11 години да не речам живеев во Козле) ама сега кога бев бремена и испитував торч ми излезе дека имам антитела на рубеола. Не памтам дека сум ја прележала, може мајка ми поим нема некогаш кога не вакцинирале во школо ме боцнале гарант, па ќе си мислам дека сум вакцинирана хаха. Јас ја изгубив таа книшка немам поим што се сум вакцинирана, а за сега сум 3 од 3 од детево од градника, 3 пати она болна, 3 пати јас префаќам од неа. Нека ми е со среќа
Леле ова ми е најтешко, кај нејзе болна ја гледам па и ја фатив гнојна ангина поред неа што пиете вие со деца во градинка за имунинитет???? се осеќам како и ја да се вратив во градинка и ми се враќаат флешови зошто главна бев со гнојна ангина кало мала и имам сеќавања како татко ми ми става нишадор во вц мајка ми ме држи и плачам силно Некои ствари стварно остануваат во глава за стално
јас се прележав со големата кога тргна во градинка, мислам дека цела година бев со температура, се што фаќаа во група ме фаќаше и мене, коксаки ја фатив она не
Ти си помала од мене, брат ми е ʼ94та и тие генерации ја имате примено или барем поголем дел од вас. Јас сум ʼ89 и средина на ʼ90тите би требало да имам примено втора доза, ама за тој период статусот за ревакцинирање е многу нејасен и хаотичен. Тогаш имавме големи зелени книшки, кои потоа ги заменивме со помали сини и зелената со вакциналните податоци ми е изгубена, а во сината не се пренесени.
Јас имам зелена книшка, од раѓање уште ми е истата. Внатре стојат и морбили за вакцина. Мислам дека 100 % имаш примено. Баш ќе ги прашам колегиве таа генерација и ќе ти пишам кај нив како е.
@Yowannty, можеш да побараш картон во вакцинален пункт, имаат архива. Пред 10-тина години му требаше на мој близок исто за во странство, го најдоа.
Сабајлево проверив и јас во мојата книшк - јас сум 90то годиште имам прва доза морбили во 91ва и втора доза во 1997ма на 7годинки во прво одд
Јас сум 92ро. Ваљда сите имаме по 2? Едит: се сеќавам пред 7 години кога правев на бременост тест за антитела и рубеола беше во нив ми беше позитивна,валда истото и за морбили би имала ама не беа тие во анализите вметнати незнам зошто.. Еве и на гугл што инфо има :1987 година. Воведена е ревакцинација на седумгодишна возраст, но само со поединечна вакцина против морбили.
Јас имам и друга недоумица, искочив позитивна на стрептокока / гнојна ангина имам а ќерка ми помина без антибиотик со 4дена температура и мрсули. Мрсуливе уште ги вадиме али нема температура и вратена и е силата скроз. Во консултација со педијатарот матичен ми вика, може може штом поминало кај неа готово не пипај завршено … од систина педијатарот ми вика да направиме брис од грло и кај неа да не се провлекува нешто за понатаму … ви се случило нешто вакво? Црп кај неа беше мирно кај мене мн високо
Не пипкај, плус се изборило телото, која е поенатата да му се дава антибиотик ако нема никакви сиптоми веќе. Еве мојата е со мораксела која еднаш ја уништивме дека имаше симптоми и пак си ја закачи па сеа и е асимптоматски. Не се третира ако нема ништо. Да не дознаеше ти дека имаш зашто префати, немаше ни да знаеш дека имала стрептокока.
Неам поима ова со градинкава со болестиве ми е се ново и малце ми е конфузно ако волку се разболува која е поентата ем она болна ем ја не работам и така у круг ем пари за градинка одат мачењето и колку се жални да го гледаш кога се болни бонус
После колку време заоде убаво твојата во градинка без разболувачки? со маж ми деновиве си прајме муабет и да стопираме зимово … немам памет што да правам
Па од април до пола септември глава не кренавме. Значи буквално два дена и болна, после на една недела, и еве сеа од пола септември без прекин е. Да се поплукам. Ама почнав и дефендил, па ваљда влијае и тоа.