Два дена во градинка, третиот е со мрсули, четвртиот не иде. Ред нема никогаш да фатиме. Затоа реков сега пред роденден две недели дома ќе ја чуваме сите што се слободни, нешто ќе измислуваме, ќе се снаоѓаме, зошто иначе роденден вака тешко дека ќе видиме.
Кај нас нон стоп се враќаше стрептокока, јас со ангини и ларингитис (за прв пат во мојот живот) а кај детето освен проблеми со ушите од секрет во носот (што се појавуваше отпосле, кога веќе и му беа чисти брисевите) немаше други симптоми. Цело време помини па пак фати се додека по совет на ОРЛ сите дома не испивме по една доза антибиотик во исто време. Анегдотално искуство ама за секој случај да пренесам ако се најдете во слична ситуација.
Јас како дете во градинка нон стоп бев со гнојна ангина, со температури со повраќање со отечени крајници мајка ми кога ќе се потсети мн се растажува… еве сега од ќерка ми префатив и не дигнав температура ама крајниците партал 4дена како стакло да голтав ми се чинеше. Вероватно некој имунитет створил организмов и се избори + антибиотикот одма делуваше
Има внесено дека е вакцинирана на 2.11 тогаш е ибродена со нешто HB пишува само, и на 7 пред искачање со БСЖ, ама нема која серија или фирма. Сега новите пишува кои вакцини и дати ама ни серија ни ништо само -//- е вака стои. Не сум против вакцините ама 21 век. Има доволно пенкала, можат да напишат и фирма и рок и се. Таква ни е државата. Не ми беше зборот ни да внесувам сомнеж ни ништо. Станува збор за чисто техничка работа. Може таму во некоја нивна евиденција Има, ама не е тоа поентата. Ние сме 3 години, од кај да знам ја после колку години и кои бус појави и пд која вакцина може да се јават, гледајки ова што се случи во Хрватска.
“Избодена” е со вакцина за Хепатит Б, тоа што пишува HB. А на прашањето, од кај да знаете кои нус појави ќе појави од вакцина - нема да дознаете, да знаевме однапред што би било кога би било многу работи немаше да правиме. Тоа не се однесува само за вакцините, ами и за многу други работи што се исто така многу битни. Ве гледам погоре се чудите како може да пренесете инфекција ако е родено детето со царски. Родилниот канал не е единствено место за пренос на инфекции, каде е плацентата, плодоватс вода? Треба да има запишано серија од сите вакцини во картонот, веројатно на некој му се брзало па не запишал. Поварајте во вакциналниот пункт.
Не може за секоја вакцина "да му се брза на некој". Ако можеле во родилиште да напишат се што треба, можат и во пункт. За што стои во картонот горе серија, датум, производител, потпис? За украс? Јас пријавував после секоја вакцина проблем со атопичниот дерматит, рани се ствараа, ама упорно ме убедуваат дека дома имаме алергии, а немаме. Еве од бсж можна последица е појава на атопичен дерматит, дознав сега со последните случувања. Ама за тие во пунктот очигледно не е, измислуваат алергии кои ги немаме. Пријави ги слободно, јас пишав на меил и ми одговори одговорната за имунизација за цела држава. Искрено не се сеќавам на името на жената, ама ако сакаш ќе го побарам меилот. Им пратив и слика од картонот. Дури жената ми побара и тел.број за да им го даде во пунктот да ме бараат да отидам за да внесат.
@Orchidea Не ги бранам тие што не запишале, нивен пропуст е што не треба да им случи не па секојдневна пракса да им е.
Кога ќе одам следно ќе прашам и ако има ќе си сликам. Да не ја оптеретувам теемата повеќе сепак е за градинките. Фала ви на сите
Имаше епидемија на заушки, бар во Скопје во средните школи пред некои 15-16год не ме држи точно за збор не памтам. Ама доста болни имаше
Мислам 2007-8 беше епидемијата, над 15,000 имаше заболено. Во школите имаше вонредна вакцинација на сите што немаа втора доза мрп.
Во контекст на муабетот кои вакцини сме ги примиле, очигледно чим имало епидемија и вакцинирање, генераци 80-90 сме немале/немаме заштита за заушки. Тогаш бев завршена со средно, а на факс сигурно никој не ни дал препораки за вакцини. Други мисли ни се вртеле во глава не заушки.
2009та. Сега проверив. И јас и мм имаме примено мрп на 13 месеци, па само морбили на 6, 6 ипол години и пак мрп 2009та во март. 18 и 20 години сме имале. Значи три дози за морбили