Мајки, се работи за 4 годишно дете кое прв пат трга во градинка пред скоро 3 месеци, и во овие 3 месеци не само што нема напредок во адаптацијата туку станува се полошо. Одбива да оди, плаче се тегне на врата и се пика во нас. Откако ќе влезе се смирува и соработува, послушен е и ги извршува задачите се додека не дојде времето за спиење кога пак почнува со плачење, при што го тераат да лежи да не мрда, не смее да зборува и слично. Имаше ситуација во која воспитувачка му рекла "ако не престанеш да плачеш ќе и се јавам на мајка ти да не доаѓа да те земе до вечер" нормално дека тоа ми засмета и одлучив да им кажам, откако им кажав истата воспитувачка агресивно му се развикала и му рекла "повеќе да не разговара со неа". Според мене тоа однесување не доликува на педагог и воспитувач кој работи со деца. Дури и пробуваат да не направат криви нас за тоа што детето толку долг период не може да се прилагоди. А ние преземаме се што е во наша можност и сме упорни со одењето, му зборуваме убаво за градинката и слично. Ја разбирам и другата страна и колку е работата тешка и захтевна, но никое дете не треба да се плаши да оди во градинка и да оди со сила секој ден. Ве молам за совет и мислење како да постапам како родител, бидејќи ми е страв дека доколку повторно им сугерирам или замерам нешто ќе се однесуваат со детето уште полошо.
Побарајте да разговарате со повисок по хиерархија во градинката и да им ја објасните ситуацијата. Доколку и после овој разговор не се подобри однесувањето на воспитувачките тогаш барајте преместување во друг клон од таа градинка или преместете се во скроз друга градинка. Јас вака би постапила.