Боже боже, па Прилеп не е Африка бе луѓе, реагирајте, какво стапче какво јадење побрзо леле што прочитав не ми е верно
За тие неколку ретки од блиски децата кај што се, кога ќе слушнам дека гледаат дете баш онака како што треба и како нивно, ми иде капа да им симнам. Ама голем дел се партиски вработени и самобендисани личности, што гледаат некако денот да го истераат. Да искористат родител ако работи на некое место од кај што имаат користи. Да се "измолат" за подароци, донации. Еве кај нас прво и основно им е, ако не спие дете на пладне си го земате и крај. Имало, немало кој да го чува ќе се снајдеш работава. Ни некаква тивка занимација да најдат, ни ништо. Тој период им е за кафе, цигара, раат да си се. Ќерка ми еден период редеше играчки (кукли, мечиња) со име од децата и следните зборови, Х на првото столче, А на второто, Б, на третото, сега сте сите казнети.
Син ми сам седнувал на "креветче кај што седат деца што плачат" и седел сам додека не се смири. Да се смири само дете од 4 години замислете ,мене тоа ми звучи како хорор приказна кога ќе размислам. Кога знам колку љубов и гушкање му треба дома за да се смири од плачење а таму седи сам и липта додека некој му се дере да престане
Имам неколку другарки што носат деца во дежавни градинки во Скопје и ми кажувале глупости ама до волку ива што прочитав тука не… јас секунда не би чекала да се испокарам и да дигнам се у вис да чујам нешто вакво
Епа пробав, и тоа со убаво да им објаснам што ми смета, ако може да се смени и дента си добил гратис дерење од засегнатата воспитувачка. И повеќе не би се осмелила затоа што ми е страв такви умови што можат да му прават таму.
Само јавно, пријава кај градоначалникот и кај министерот. Така може да се понаша дома со нејзините деца/ внуци што и да има. Сигурно не си само ти туку има и други засегнати мајки. Органирајте се одете кај директорот кренете го градот на нозе. Што е важно од која партија е таа аждаја, местото не и е во градинка, нека иде на пазар нека продава.
Убаво на збор, да е една таква. Ама кога голем дел се такви Пола од нив рака под рака се со градоначалникот. Први со знамињата на сите митинзи и се останато.
Син ми го посетуваше Монтесори центарот едно време, тоа му беше првата градинка во која почна и на почетокот имаше денови кога даваше отпор и не сакаше да оди. Учителките од таму, немаше ден да не се појави тој сабајле на врата да не се јават уште утрото дали е се во ред. Ова го пишувам како паралела со следната градинка (исто приватна), кои не се јавија цел месец да прашаат кај е и како е детето, што беше причина плус да го отпишеме (имаше уште куп други пропусти). Абе рандом некој што си го гледал секој ден па ќе се запрашаш што е со човекот, а не детенце во група што ти е, што поминува пола ден со тебе. Сега што оди на дополнителни активности, учителката исто за секој пропуштен час се јавува да праша дали е се во ред. Не е оправдување премногу деца има, преоптеретени се, едноставно или си човек или не. Еве во вторава градинка не беа повеќе од 5-6 деца во групата, па цел месец не ги заинтересира што е со детево зошто не доаѓа.
Мора да направите некаков притисок. Пријавете во министерство. Не може со деца така да се понашаат. Се нервирам дека има вакви работи. Партија посебно за деца не треба да важи.
Барајте друго чаре за чување на детето, греота е... или терај до крај со медиуми и новинари да се истера работатаевентуално да се смени нешто и да се прочешлаат сите градинки... 21век, стапче,ало...дно.. јас имав таков одделенски наставник и не сте свесни колку до ден денес го мразам и имаме сите од клас трауми набиено од него.. заштитете си ги децата, ова затвор е па со стапче ќе мавале за јадење, наместо да ги остават да си уживаат во јадењето.. гнаси
И воспитувачки и негувателка мислам дека сите си земаат за право, како не им е жал на толку мали деца да викаат. Јас и реков дека детето кажува дека се кара она ми вика као сигурно на него не било сигурно негувателка се има скарано некои други деца се кажале па додека стасаат до нив... дрн дрн јариња. Инаку и мојов стана агресивен неможам да го успијам од градинка и не тепа и мене и татко му, ме каса, мава по маса, фрла перници играчки... се мислам некојпат дали е нормалноА сега баш читав статус на друга мајка https://www.facebook.com/share/1F581Xaw6L/