Јас сум задоволна од Чекорче за таа возраст. Во група се запишани околу 27-8 ама редовно одат околу 15-18 деца. Инаку за членката погоре со проблемот со учителките, разговарај со другите родители види дали ќе имаш поддршка од нив и кренете галама. Најпрво кај раководител, следно секаде кај што треба, па и медиуми. Верувај можете да направите притисок да ја тргнат само ако почнете да не се откажувате. Имаше случка во нашата градинка кај што една мајка успеа да издејствува, викнаа друга учителка на замена и таа остана до крај со нив. Мислам дека советот на родители исто помогна, да видиш кој е претставник од вашата група. И крајно отпиши го детето ако не успееш, не е должно да ги трпи фрустрациите на некоја кокошка таму, премногу залет земаа пошо си ќутиме.
Не сте/сме свесни колку подобри можат да бидат градинката само ако се сложни родители и буквално да се издејствуваат многу промени и работи. Нашата група со со петиции издејствувавме големи промени. Советот на родители е врзан со градинката, најчесто, таму џабе. Само петиции собирање потписи и одење во општина
Дали некоја мајка остава дете во градинка околу 7:15-20? Она е многу приврзана за мене ама брзо се адаптираше во градинка. Е сега, насабајле плаче и неколку пати ми кажале многу рано ја оставате затоа плаче, единствена и прва била. Јас стварно не можам покасно, немаме баба дедо сервис и сами сме. Едвај си најдов работа да се погодам со смени па уште и скратено за веќе во 14:30 да ја земам од жал. И пак ми наби некако грижа на совест иако да можам секако би ја оставила покасно, ама и вака трчам на работа буквално. Другата воспитувачка никогаш не ми кажала такво нешто, ми вика немаш гајле нормално е кај сите деца, но ете оваа мисли дека е поради тоа што и е многу рано. Јас па гледам има родители носат деца сабајле, баш ми е жал и многу ги мислам зборовиве и не знам можеби лошо правам за неа што е така рано..
@Peperutce6 ,во нашава градинка од 6 часот наутро е прием или 6:30 беше и нормално кој има потреба остава дете и толку рано. Е сега првите деца од сите групи ги собираат заедно и реално не се сами, си играат, се препознаваат веќе кој оди прв. Сум носела дете и директно во занимална, да е прво. Она што ми сметало е што воспитувачката воопшто не се трудела додека е детето само да помине време 1на1. Да се приближи до детето, самото дете да се опушти, да добие доверба. Ако ти одговара тоа време да го носиш тоа е што е, нема ни набивање вина, ни ништо. Кај нас пак обратно, повеќе набиваат вина за децата што после 16:00 седеле. Како гладни седеле, како последни, како не знам што.
Верувам дека има многу деца што тоа време ги нисат, родители што се на работа од 8:00. Поголем дел од Скопје е со работно време од 9:00 затоа може така и се чини на учителката … ама што има нејзе да и се чини, работно време си има објектот штом е отворен си прифаќа деца и стварно се непотребни вакви коментари. Инаку за споредба, пред ндкој ден бњв кај ќерка ми во градинка на една консултација попладнето, јас ја зимам околу 3-3ипол и се вратив попладнето во договор со учителката во 5ипол, во градинката имаше уште деца…. Нашата градинка работи до 6ипол и најнормално си беа седнати на подлога беа разни возрасти и си играа секој со различни работи. Никој нејке дете да носи во зори во градинка ниту пак да земе дете во темници ама некој нема избор и стварно немој да се обвинуваш, затоа што е згрижена, учителкката ако сака сама кафето утринско да го пие натенане нека си го пие дома на тераса
Не се сеќирај биди без гајле во 07:30 сме го оставале до 16:30 сме немале друга опција. Имало денови кога седел со хигиеничарката. За плачење може да плаче и во 08:00 кога ќе ја оставаш не е репер. Ги оставааѕ сами додека излезат и пречекаат некое дете, тогаш сите во хор плачат
Ние секој ден, од 8 сме на работа, не може поинаку. Иначе немај гајле, до 7 и пол веќе повеќето ги носат, заради тоа што се од 8 на работа. Не си стварај грижа на совест, заради поврзаноста плаче, не зашто е сама.
Каков глупав коментар. Јас ја носам ќерка ми околу 7:30 и искрено да, има помалце дечиња но јас не гледам дека е тоа проблем, напротив, има време да се прилагоди до доручекот во споредба со носење во 8 и 15 кога доаѓаат сите и плачат и се е хаос. Во групата на ќерка ми има и девојче што го носат од 6:30.
Глупости, мене ми звучи како да таа негователка сака на раат да пие кафе сабајле па затоа ти набива грижа на совест. Ќе ја носиш кога ти одговара тебе, ако работиш од порано ќе си ја носиш порано и никому ништо, чим градинката е отворена и има кој да ја згрижи тоа е тоа. Јас не ја носам толку рано пошто од подоцна почнувам со работа ама па затоа пред 4ипол нема шанси да ја земам и мене ли треба сеа да ми зборат да ми набиваат вина дека седи сама, безвезе. (Додуша во нашава градинка сите ги зимаат подоцна)
Е мене еднаш драма ми направија за тоа покасно земање (ми се јави негователка, не нашата, дежурната, во 4 и 35 со прашање дали планирам да си го земам детето), па ја пријавив каде што стигнав од раководител, до управа, до директорка на градинка и после инцидентот син ми многу често остануваше сам со неа ама повеќе никогаш ништо не рече зошто толку ме налути ќе терав до министерство ако требаше (кај нас родителите се испраксирани во 3 да ги земаат децата а мојов седеше до 4,4 и пол зависи и во 90 посто од случаите е сам) А за носење, ние го носиме меѓу последните дека работата ни е на 5 мин од градинката а работното време ни почнува во 8 и пол и така ни одговара, но на нашата учителка работното време и почнува во 6 и 30 и во нашата група има деца што одат од 6 и 30
Купувате ли подароци за учителките за нова година? Таков предлог се даде во нашава... и елка да сме обновеле ама за да се пријави некоја бактерија или вирус тоа некако потешко...
Нашава група е да се молиш за пари. Не купуваме, имаат децата како размена меѓусебно ала Сикрит Санта и тоа ограничено на симболичен подарок до кај 200 денари (било сликовница, новогодишни чорапчиња, ли било што ситно). Само концептот на подарување да го научат. За елка има предлог од мајките да се соберат пари или ако има некој вишок дома да однесе. Може и второто да е. За подароци за воспитувачки, знам група кај што за роденденот на воспитувачките се собираат пари и се купува подарок ама веќе ми е претерано тоа.