Колку што знам во Бамби е рвојот нели? Доле големите геупи имаа креветчиња што се вадат од шкафчињата, просториите се толкави. Вц-њата се нови и мн чисти. Точно дека за родителска се влага со кондури ама малку е безвезе возрасни луѓе да соблакаат, чистат после тоа сигурно. Скоро секое лето се кречи и дезинфицира. На хигиената нема замерка за таа градинка немој да се грижиш за тоа. многу се смепни шољите, минијатурни како за џуџиња
Кај нас денеска нова учителка. Начув дека имало уште неколку нови во другите групи,ама не разбрав дали е дополнување на кадарот или нешто трето е во прашање Зборам за "Сонце" во Н.Лисиче. Друг случај ваков во Аеродром или друга општина? Прво што ми паѓа на памет,промени со промените на власта,ама новиот градоначалник денеска ја презеде должноста. Не верувам дека веднаш почнала (не)очекуваната чистка. Врти сучи,децава ќе си трпат. За само три месеци,трет пат им менуваат една од трите во тимот
Да во Бамби е. Вака од врата чисто ми изгледа и мене. Затоа се зачудив.. Се надевам е така како што викаш. Фала на инфо
Па и во други држави спијат на такви креветчиња, душек со рачки и на подот. Исто и шољите се мали, јас ги имам видено. Хигената е ок.
@chocolade и јас кога влегов се зачудив, очекував нешто друго, од инвентар, од креветчиња, празни рафтови без играчки си викам што правело детето тука 5 месеци. Ама на влезот на градинката стоеше чистачка и на сите родители делеше каљачи ( мислам така се викаат) они најлоните на нозе што се ставаат врз кондурите.
Тоа со каљачите е супер решение и треба да го примениваат за родителски не е некоја инвестиција ионака имаат 2,3 родителски годишно. Играчки имаа кај нас многу, а и учителката што ги превзема како поголема група многу работеше со нив, јас бев ептен задоволна.
Да прашам, по колку време после адаптацијата почнаа да ви спијат децата во градинка? Ние еве една недела седиме со спиење, ама никако да заспие. Сите спиеле тој во раце. Очи му паѓаат, но не се предава. Кога и да го носам, жените како нервозни се. И ништо не ме оставаат да прашам. Држ не дај работава!
Дали некој има искуство со новата градинка во Капиштец, како сте задоволни? Јас малата сакам да ја запишам во градинката што ни е блиску, но викаат дека нема место.
Нешто не е ок. Секој ден е по пола саат две ипол недели веќе и не, плаче цело време до липтање и заоѓање. Само у градинка. Со било кој друг непознат е топ. Никаков страв и насмевки без оглед дал прв пат го гледа или неколку пати.
Разговарај смирено со воспитувачката и негувателката. Прашај ги дали некоја од нив го скарала или не дај Боже удрила. Не е нормално толку време да плаче до заоѓање. Да, нормално е да плаче и да не сака да оди во градинка, ама во принцип, децата брзо се навикнуваат на тој режим таму, си поплакуваат, ама брзо се прилагодуваат, особено помалите.
Не кажуваат прашувам секој ден. Секој ден се они изненадени, дека првиот ден супер беше и најлесно е да кажат уште некое време да иде по пола саат. Никаков одговор не добивам. А ми викаат да им однесам 10 тоалетни, салфетки, влажни, течен сапун и сл. Ако седи цело време по пола саат и после не се смирува уште пола саат, подобро дома ќе го чувам. Ова не мрда од мртва точка, у круг вртам од почеток на октомври.
на почетокот кога беше мирен ти кажав дека ова ќе се случи. осознал дека таму ќе е без мајка му. време само, ништо друго.
Да споделам искуство и со мoјава мома. Адаптацијата траеше еден месец. Првата недела беше со нас, по 2-3 часа, и немаше проблем. Потоа почна неколку пати и сама по неколку часа, исто без проблем. Потоа се освести дека е сама и повторно започнаа плачките и околу две недели повторно со нас околу 2-3 часа. Видовме дека така ќе оди до бескрај, па почнавме со солзи да ја оставаме. Доброто беше дека се смирувала многу бргу и целосно забораваше на нас се до моментот кога ја земавме. Ама со солзи ја облекувавме, со солзи одевме, со солзи ја остававме. После две недели драми, наеднаш едно утро не плачеше веќе. Влезе и во училницата, кажа чао и си се заврте. Неколку недели веќе останува од 09 па до 14-15-16, секогаш различно. Еднаш и спиеше таму, но тоа сеуште ни е проблем. Лежела ама не заспивала. И потоа секако како мува без глава била, преуморна за било што. Имавме разговор околу нејзиниот напредок. Во глобала сум задоволна. Седела заедно со дечињата на масата за појадок и за ручек (иако не сум баш задоволна колку јаде), заедно седнувала на подот во кругот кога пееле, танцувала, била премногу мила и кротка, ммогу сакала да се гушка со децата, и сама се заигрувала а и со другите дечиња во групните игри, посебно обожавала надвор кога е... Од сабајле до пладне била супер. После неспиењето како пијана се шетала натаму наваму. Ама момава моја некогаш ставала работи во уста, што дома не е случај. Рекоа фаза и е па пробува до каде може да оди и тестира граници и следи реакции на воспитачки. И секогаш не се вртела кога ја викале. Само погласно кога ќе и подвикнеле, да ја скараат, тогаш сериозно ги сфаќала. Инаку често и ги игнорирала. Се на се они задоволни а и ние. За 1.5 месец е одлично. Само размислувам околу времето на престој, пријавема р до 17.00 што реално никогаш нема толку да остане. Ја носиме во 09, мислам дека до 14.00 е доволно па корегиравме првично до 15.00, а понатаму најверојатно ќе намалиме и на 14.00. Сестра и почнува во истата група од Јануар. Ќе има една година. Малецко
Мојот вчера направи 11 месеци, од 10 е почнат со градинка. Може е и моја грешка што не форсирам да остане бар 1 ипол до 2. Може вака знае дека со плачки ќе го земеме порано и зајдува. Не знам што да кажам.
И јас мислам да го оставаш повеќе. Јас почнав од девет месеци, првата недела по еден саат наголемував се до 12, почна и да си јаде таму, па втората недела почнав и на спиење да ја оставам дека требаше на работа да тргнувам. Одма се навикна, плачеше две три недели на оставање ама после се смирувала, и после месец веќе сама ги пoдаваше рацете накај негователката. Треба време, кај некои деца и подолго, ама прашај ги воспитачкте дали има некој проблем или некое поголемо детенце да не го задева.
Денес не плачел ич. Се смеел, си играл со децата и сл. Може му бил денот. Ќе видиме утре како ќе мине.
Срце Може па веќе и се навикнал, од кај знаеш, може ќе те изненади и утре да не плаче Во случај ако плаче, не се разочарувај, и не се откажувај, му треба време на детето Ќе биде во ред