И јас обично нозев јаболко. Поарно 1 вид отколку различни па да се нечкаат кој каво сака, некои може па ич не пие сок така да не можеш сите да ги погодиш колку и да сакаш
^Попрактично големо паковање,со вакви мали не секој умее да ја отвори цевката,погоди во дупчето,некој ќе ја скрши...така бар ми посочија учителките синко кога частеше за роденден/именден. Носев дволитарски од јаболко. Таму им ставале во чашките што ги носиме секој месец.
Готови се пакетчињата. Сравив сокче, Барни мече и Џунга лунга. Таму се големи децата, сите се со полни 4 години. Се исто зедов. И по боја и по вкус.
Super se eve jas slicni kako gi napraviv za lanskiot rodenden nesakav da frlam pari za hartienite kutii
Со прашањето можеби малку излегувам од темата, меѓутоа дали месечната уплата за градинка е само дел од сумата која ги покрива трошоците за едно дете? Јас мислам дека министерство за труд и социјала ги обезбедува останатите средства потребни за покривање на трошоците. На ова размислување ме поттикнаа неодамнешни коментари од типот што очекуваш за 1500 денари месечно, приватните градинки наплаќаат и по 15000 денари.
Претпоставував@referentka само не се изразив правилно (тазе сум со градинкава) често слушам коментари па малку ме испровоцираа, ми беше нелогично 1500 денари да покриваат толку оброци, плати на воспитувачки и др. Во тој случај не држи вода муабетот дека за тие пари толку, туку толку е моќта на нашите институции.
@MissDior целокупната сума по дете е 8500, а ние плаќаме 1490 денари месечно. Остатокот пак ние го плаќаме, од буџетот, кој ние го полниме.
Јас лично многу пати сум пишала дека сум задоволна од третманот што го имаат децата. Незнам дали некои родители многу очекуваат па се изненадени. Искрено, доволно ми е што детето ми е згрижено 9 часа, нахрането и суво.Колку-толку социјално канализирано.
Тоа и ми беше поентата @Annath ние го плаќаме што плаќаме придонеси и даноци, само ме интересираше споредба на целата сума во однос на приватните. И јас сум генерално задоволна за сега, храната е пристојна и повеќе од доволна, а воспитувачките зависи како ќе се погоди. Нашата градинка не е баш од новите ама проаѓа тоа е, се тешам дека атмосверата, игрите и песничките што ги учат се она што ќе го памети. А не испиланиот ѕид или стариот паркет.
мајки да прашам и јас нешто во врска со уплатите.ќерека ми почна од октомври во градинка но по почнувањето настина и 1 недела не одеше.на мажот ми му дале уплатница за цела сума од 1490 ден дали треба да ја платиме цела сума или треба да има намалување за тие денови што не одеше?
Сумата се намалува ако детето не посетува градинка повеќе од 16 работни дена, а сумата се намалува многу малку, од 1490 денари, на 1100 доаѓа.
Уплатницата е за октомври или? Во наредната сума би требало да ви е одбиен износот и помалку ќе платите
За една недела не одбиваат. Ние летово кога бевме на одмор две недели гледам ПАК иста сума...па си прашав, па ми кажаа