Од 9 месеци, па натаму. Зависно од потребите на мајката (ако работи). Инаку, факт е дека колку се помали, полесно се прилагодуваат на новата средина, ама од имунолошки аспект е подобро да се пушти дете во градинка со две и пол, три години. Ние имаме минимални шанси за место во градинкава, ќе дознаеме во текот на денот. Дај Боже да е примен, не знам кај да го носам иначе.
Овде децата ги примаат од 3 месеци зошто толку е породилното одсуство. Помалите дечиња се почуствителни и цело време плачат а поголемите (од 7 месеци па нагоре) си играат и интересно им е.
Annath добивте ли место во градинка? И јас секој ден сум во исЧекување на одговор! Ја пријавив само во една градинка пошто е единствена во местово , за другите ми требаше кола И сеа се каам искрено , на пријателка детето е примено во градинката која каде каде има подобри услови од мојата во која конкуриравме Оваа недела ке ја пријавам и во другите две па ке Чекаме одговор!
Па, најверојатно, да. И тоа од октомври ќе почне, ако нешто не се смени во меѓувреме. Би требало да ми е полесно, оти добивме потврден одговор, ама додека дефинитивно не почне и не се прилагоди, не можам да се опуштам. Стискам палци и вам да ви одобрат за малата!
Баш убаво !!! Ке се прилагоди не му ја мисли ! ПоЧетокот е тежок !И за детето и за мајката ! Ама мене ми одговара да ја пратав во градинка , до тогаш ке се роди и другото бебе ! Овде во брзо време се донесе закон да секое дете МОРА да биде примено в градинка ! Во големите градови е страшно за место , кај нас е добро мене градинкава во двор што се вика ми е
Ние исто така ја пријавивме ќерка ми преку едни програми за мајки од европската унија, ништо не се плаќа ни јадењето ни ништо, но ете не не примија годинава, предност имаат вработените мајки а ако ја запишам обично се плаќа 300 евра месечно, епа премногу е тоа е, ќе пробаме повторно догодина
300 евра ? Боах многу е Кај нас градинките коштаат 100 евра одпрлика . Зависно колку време ке биде детето во градинката! Во нашава градинка е 110 евра , само со појадок ! од 07 30 до 13Ч. што ја прави најскапа во околината ! Во другите е од 07 30 до 16Ч со руЧек ,кој секако се доплака ! му доага 2 евра од оброк! ама ако е до 13Ч само е 90 евра! Според платите овде е нормална и цената , ама кај вас koritsaki 300 евра за градинка ?
Да маченцеена, премногу е , а јас се чудам кој плаќа на оваа криза во таа градинка кај што беме толку ни рекоа.А тој што ја има таа градинка има и други три така да секако иста би била цената Мене највеќе ми беше да ја оставам малата на пример од 9 сабајлето до кај 1 напладне , колку да се дружи , да научи нешто , бидејки со мене цел ден е итака во врска со јадењето , јас не би ја оставила да руча во градинката ете тоа да се одбие ама пак , и без ручекот пак скапо е тоа е , здравје, се надевам догодина ќе имаме среќа со програмиве
Кај нас е 4,5 евра од саат градинката. Во зависност од примањата на родителите предходната година се пресметува колкав дел од вкупната цена ќе ја плати државата а колкав дел родителите. Ние сме оваа година 2 евра од саат што значи околу 350 евра ама следната година ќе биде поскапо за нас бидејќи на маж ми му се покачи платата (покачувањето ќе оди за градинка )
денес правев муабет со една вработена во градинка-воспитувачка. Ми вели ние имаме повеќе деца од колку што треба да воспитува една воспитувачка и ни здосади секој ден истото-менење пелени,облекување итн. и вели отвориме врати,прозорци створиме промаја и едно дете ќе се разболи и од него останатите и ние одмориме малку ЦцЦц и прати го во градинка детето...
Со лесно нека ви е на сите што ќе ги носите дечињата утре во градинка, бидете силни и издржете , се надевам бргу ќе се прилагодите. Ана ќе тргне од другиот понеделник најверојатно бидејќи ни излезе позитивен микробиолошки на грло о ништо страшно ама додека не видам негативни микробиолошки не ја пуштам
ДА ДА ова е потполно точно,истиов муабет и јас го имам слушнато Па затоа децата и во сред лето се разбоуваат,еве сега на јатрва ми децата и двете се со тем.38,2.... И башка преку целата година се со течење на нос и кашлање.Кај ке им оди душата на тие што работат таму незнам,на деца се прави ли така беее
Ја запишав малата во друга градинка денес ! Бевме денеска во посета на сите градинки во околинава , во едната нема слободно место , во другата имаше само едно слободно место и тоа место на нас ни припадна! утре треба да ја однесам пријавата , и дефинтвино ке имаме место ! Во оваа градинка децата се групирани во две групи ! Деца од 1 до 3 години и група над 3 год. Во нашата група се плака 145 евра плус секој руЧек се плака 2,50 евра и за пиења неделено 5 евра! месеЧно 200 евра одпрлика од 07 до 16Ч ! Во градинката која беше претходно малата запишана е 118 евра до 13Ч, со разлика што сите деца од 02год и предшколски деца се заедно ! Во групата во која ке оди малата е со 11 деца , си имаат посебно просторија за јадење , за спиење , за играње ! Многу убава опремена соба со играЧки .. Презадоволна сум и сум срекна што добивме место !
Zdravo mamicki!! Jas sum prilicno nova na forumov pa mi treba mala pomos od Vas. Imam 10,5 mesecno since, i od ponedelnikot pocna da odi vo gradinka.Moram da priznaam ne e tolku loso ne place koga go ostavam i zemam naprotiv raspolozen e i ja guska negovatelkata...a vnatre priplakuval( normalno). Zal mie sto on uste ne proodel( a vo faza na prooduvajne e ) i pretpostavuvam deka oni celo vreme go cuvaat vo krevetce doma e hiperaktiven i kaj mozi on da izdrzi tolku...a mora zaso nemoze babamu od drug grad e, da sedi kaj nas so meseci....Ve molam nekoe iskustvo mnogu sum zagrizena....i drugo sakam nekoe iskustvo od gradinkava 25maj kompleks detelinka za jasli...pozzmamicki
irenajanko да ти кажам и моето внуче одеше во градинка од неполни 9 месеци. И не беше прооден. Најмал им беше во групата. Но не ги чуваа во креветче цел ден. Туку си шетаа, си играа на подот (подот беше со теписон) е ова нашево зошто не проодено лазеше по доле и им се моткаше. Ехе колку пати го имаа нагазено. Ама еве го сега голем дечко, ништо не му фали. Така да не ми е верно цел ден во креветче да седат.
И ние одиме во градинка,денес втор ден ,инаку и малиот иако е 13 месеци сеуште не е прооден,и мене тоа ме плаши ,но негувателкиве ептен зафатени неможе да се поразговара на раат.Насмеан си влегува но со плачки си излегува, денес седеше скоро 2 саати,и учителката рече цело време дека плачел,и дури ја гребел и гризал,дома ниту еднаш така нема направено,ме зачуди.И ме плаши искрено што плачел 2 саати,и друго ја прашав дали имате топка он цело време само со топки сака да си игра,ми вика немаме,како бре топка немаат во градинка па со што си играат,се понудив да донесам не ми дозволи е сега и за спиење ке си има мака сака да си гушка мече ,што ке се прави незнам . Само со храна немаме проблем се си јаде тоа ме теши,се надевам утре ке имаме подобар ден без плачење. Со среќа на сите дечиња во градинка и со лесно нека им е повеќе насмевки помалку плачки .
И ние еве денес прв ден во градинка. Нормално со плачки влеговме, а како бил не знам уште. Денес кратко ќе седи, едно пола саат - саат па ќе видиме како бил. Инаку тешко ни е со јадењево некако. Дома се со молење, кумење за да касне две лажички. Во градинка никој нема да го моли и да трча по него. Ајде ваљда гладен ќе касне на крај нешто. Со лесно на сите дечиња што тргнуваат во градинка и поздрав до сите мамички
не зафркавај зар е можно ова?па кај е совеста тука.па ова е жално и страсно,греота,па уште и кажува,немам зборови и неможам да се изначудам,се згрозив од муабетов
Трет ден во градинка малиов почна нос да му тече,и да подкаслува,а таму кај што се они гледам сите прозори се отворени,е дали има промаја незнам ама нека им е на чест ако прават такви глупости .