Се е нормално. За пет одење не можеш ништо повеке да очекуваш. Моето плачеше од сабајле на носење цели 7 месеци. Дури сега од сабајле оди со радост. И промените во однесувањето се нормални. Само упорно и многу зборење. Збори му за дечињата, игрите, воспитувачките, играчките.
Аман бе, посебно за она првото. Како бе со такви *надимаци* пред деца што треба така да ја завикаат сите. Не да и кажеш него да ја истресеш од гаќи. Колку што се сеќавам во нашава градинка сте, баш ме интересира која учителка е. Искрено во 3г одење немав некое негативно вакво искуство, мене ме нервираа на пр од др групи учителките кога некогаш го земаа од сабајле, бидејќи моментално не била тука неговата, на неколку пати да му искоментираат зошто плаче. А он плачеше баш затоа што немаше да ја види неговата, се врзува за луѓе и не сака многу промени мојов, бар дур беше помал.
Мајки што им облакате на децата за во градинка,јас и облакам маичка на прерамки,боди по долги и блузичка средно дебела, надоле халахопки термо и тенки панталони петокот на мм му рекле дека многу сме ја облакале.разбирам дека таму е стварно топло и дека се постојано во движење ама не можам да се осудам да и облечам нешто помалку и потенко од ова.ве молам споделете искуства
Арно ти кажале,што те читам па се препотив Соблакај хулахопките и бодито или блузичката. Јас му облакам долна тренерка,маичка на прерамки и блузичка памучна,тенка со долги ракави. Ептен да фатат минусни температури планирам врз тренерките да му облакам уште еден пар,бидејќи до градинка идеме пешки 5-10мин,па таму да му ги соблечам.
Убаво ти кажале, ти се вари дете. Многу им е топло, башка многу луге се во иста просторија и плус децата се цело време во движење. Јас му облекувам доле долни тренерки, горе боди на прерамки и блузичка тенка. И не носи топлинки, туку најк сандалчиња меки кои се цели отворени. И кога ке го земам чорапите му се секогаш мокри од што му се поти ногата. @chocolade за твојот проблем јас би реагирала но со ладна глава и смирен тон. И до сега сите замерку така ги имам решавано. Без карање и повишување на тон. Така повеке држи место и повеке ке најдеш разбирачка. Плус нема да се замериш со жената, зошто сепак детето и го оставаш на чување. Бар во нашата група воспитувачката замоли прво проблемите да пробаме да се решат мегу нас, па после да се оди на повисоко ниво. Јас така функционирам и до сега е успешно. А како му е обратила на детето не е во ред. Само не дека мислела или размислила што зборува, туку толку и е културата на жената, како зборуваат дома, така таа и на работно место зборува без да помисли дека може детето да го доведе во ситуација да биде предмет на исмевање од другите деца.
Дефинитивно е многу. Ќе се поти, па лесно ќе настинува. Олабави го детето малку, не требаат хулахопки ниту боди со долги. Тренерчиња и чорапчиња со маичка и гаќички одоздола се ок. Навистина е мнооогу топло во градинка, дури големиов последната година со кратки ракави седеше во градинка (надвор тогаш беше -20).
Фала ви на сите за вашите мислења. Денес не ја однесов јас малата во градинка, не ми беше нешто добро. Штом разговарам со учителките ќе ве известам за исходот. Убав ден мамички
Ke gi zamolam majkite cii decinja odat vo gradinkata Majski Cvet-taftalige,da spodelat iskustvo,osobeno za jasli...
Eh mojata gradinka, me potseti sea koga si odev jas vo gradinka ko mala. A i kako pogolema vo dvorot kisnevme. Pozadi zgrada mi bese gradinkava
Може ли некоја од вас да ме упати како оди запишување во градинка. Дали одам во објектот каде што сакам да запишам дете или во матичниот објект на градинката. Дали градинката мора да биде во иста општина со адреса на живеење или може и во друга општина?
Одиш во градинката каде што сакаш да го запишеш детето, таму ќе ти кажат што ти треба од документација, мислам и ќе ти дадат да пополниш барање. Ова за адресата не знам, велат дека треба да биде во иста општина со адреса на живеење, ама еве, моево одеше во градинка во друга општина, затоа што во нашата нема.
Кај нас ми рекоа дека поради гужвите предност им се дава на децата од општината. Ама тоа е поштениот пат, а патот со врски се знае како функционира, за жал.
Знам, претпоставувам дека е така. Јас, како што спомнав претходно, морав да го запишам големиот во градинка во друга општина, затоа што кај нас нема. И со врски го запишав, признавам, оти за кратко време беше работава. А малово регуларно го запишав, уште кога направи 4 месеци, да се надевам дека ќе биде примен следната година во септември.
Мајки губат работни места ради овие градинки. Градење на нови се и повеќе од потребни ама на кој да му кажеш..
Здраво мајки. Сакам да поднесам документи за упис во градинка за син ми (4месеци има а би одел од нареден септември). Прво, не знам дали мора да поднесам брање во некоја градинка во општината во која живееме и дали може во ппвеќе градинки истовремено во случај да не го примат некаде? Има ли некоја мајка што го носи детето во Весели цветови - мимоза кај шампионче за да сподели искуство? Мислам таа ни е најблиску, живееме близу стара рампа. Фала на одговори.
Хаха лелеее...страв ме фаќа дека и мојов нема да го примат никаде. А мора ли во општината во која живееме или може и други?
Јас како што знам мора во општината... баш имаме внуче кое поради работното место на мајката и таткото треба да се запише во градинка каде што живеат бабата и дедото... но не им даваат, дека е различна општината. Па сега во план се да се префрлат на таа адреса кај бабата и дедото за да може во таа градинка да оди.
Законски не постои ограничување (не постои реонизација како во училиштата). Но мене ми рекоа дека поради пренатрупаноста даваат предност на децата од општината. Инаку јас живеам на 5 мин од градинката и детето ми беше одбиен, а поднесов барање година дена порано.