Најверојатно оти на негувателките не им е продолжен договорот. Не знам дали на сите... Мене минатата недела така ми кажа негувателката на ќерка ми. Јас ја немам однесено во градинка од тогаш и не знам дали и кај нас е вака, ама не би ме чудело. Ако не се лажам во иста градинка ни одат децата, само различни објекти. Еве нека кажат и други мајки чии деца одат во Буба Мара дали и кај нив е вака.
@irena.1 @An-na ние сме во "Сонце"/Буба мара,не сме неделава во градинка,но од ланското искуство ми текнува дека овој период,како и за време на летен распуст,споени се заради намален број на дечиња во групите.
Мојата веќе 4 месеци оди во градинка, нормално со прекини кога болна, и сеуште плаче од сабајле кога ќе стане цело време вика не одиме во градинка. Кога ја земам е нормална без знаци дека плачела, ми кажуваат дека јадела, ама мене ми е тешко секое сабајле да ја гледам расплакана. Останува и на спиење ама кога треба да си оди нејзината учителка се вознемирува и не сака да седи со други. До кога да очекувам адаптацијата да трае?
Кај секое дете е различно. Мојот 8 месеци плачеше од сабајле. 8 месеци од будење, облекување, по пат во раце со плачки. Сите фази ги поминавме, од плачење, не јадење, тепање. Сега е добар, со радост оди од сабајле, само не спие. Уште таа пречка, седи со спиење, ама не заспива. Ке се навикне.
Абе ние тргни застани праиме, 2 недели сме во градинка, две дома болни. И така никако да се навикнеме цел ден, секое ново одење ни е како нов почеток...
Нормално е Многу е тешко, ама кај повеќето деца е така. За жал Син ми кога тргна во градинка на третиот ден веќе беше болен (префатил вирус). После 2 недели седеше дома. По враќање во градинка пак исто, за 2 или 3 дена нов вирус или настинка. Па пак дома 2 недели. И така цела зима и цела пролет. Ама се навикна и на градинката, и му се ојача имунитетот. Сега му е досадно со нас кога не оди во градинка, бара да го носиме и за викенд Трпение, сѐ ќе си дојде на место. Не го форсирај за ништо, кај сите дечиња има проблеми со адаптацијата, посебно со разболување на почетокот.
Веќе ми се здосади и почнав да се нервирам. ЧЕсто си го поставувам прашањето „Дали моето дете има слаб имунитет, дали нешто не е во ред со овие температури, вируси и бактерии“, ама кога ќе слушнам вака и други дека исто поминале на почеток ми звучи охрабрувачки. Фала ти. ЌЕ истераме и истраеме
Нормално е, знам колку е тешко за родителите, исто и за детето. Ама ќе помине, треба време за тоа. Секако, ако има поголеми проблеми, ќе се советуваш со педијатар дали и кога да продолжи, ама сѐ додека се работи за краткотрајни настинки и вируси е во ред, така е кај сите дечиња За некој месец веќе ќе почне сѐ поретко да го фаќа нешто и да се разболува и ќе си ја прифати градинката како нешто убаво во секојдневието.
Brojot na deca januari e namalen skolskite deca se na raspust malite gi cuvaat poveketo babi dedovci, zimuvanje se na se brojot e namalen so 70 posto zatoa se koristat ostaveno denovi i vospituvackite i neguvatelkite koristat denovi denovi od odmor grupite na toj nacin se speni soodvetno
Мојов цела година така... и еве го сега 3 месеци не оди, од страв да не и донесе на дада му нешто Се што може да се фати, фаќа... и тоа он 3 дена во градинка, две недели дома
Ај да те прашам мислам во градинка работеше ти. Мојов прави пауза од адаптација. Велам од адаптација зашто повеќе од 1 час нема седено. Планирам тек во март да го пуштам пак. Тогаш ќе има 17 месеци, а нели, групата на јасли е до 18 а наредната од 18. Во која ќе почне? Можно е право во другата група да оди наместо да се навикнува во рок од еден месец на две негувателки?
Јас незнам дали секоја градинка е со своја политика но во нашата јасли се до 24 м, а преминувањето во поголема група е само во септември па кој е над 24 м тогаш ќе премине. Има едно девојче што тогаш ќе има 2 и пол години и дури тогаш може да се префрли...и мене ми е ова малку нејасно, нека ни објасни кој знае повеќе
Слично е и ваму, фактички само просторија и негувателка менува и останува кај таа од 18 до 24 месеци. Е после 24 менува друга... Искрено прашувам зашто имав шанса да ми се испонаша таа што треба да му биде од 18 и тоа безпотребно... Ич нејќу да се замерувам со негувателки зошто нели, таа треба да ми го гледа детето, ама начинот на кој ми кажа како пелена не сум и подала и ГОСПОД ЛИ ЌЕ ГИ ЧУВА ДЕЦАТА ДУР ОНА ЗИМА ПЕЛЕНА, а моево едвај пол час седи таму...немам коментар.
Денес во нашата градинка пола воспитувачки не се на работа. Изгледа децата до 22.01 ќе бидат споени. Ич не сакам спојувалки, оти поголемите деца мајтап си играат со помалите и ги тепаат. Ама тоа е..
Сега ќе ми се смеете ама ќе ви кажам... Мојов знае сам да се качи/ симне од кревет, спална, гарнитура и све тоа од мебел... АМА има навика и од креветче да се прекачи па колку и да е спуштено на најдолу.. Во градинка знам дека го имаат ставано во креветче и во ред е, нормално , нооо.. дома кога се прекачува се фрла на спална.... а таму ќе завршува на земја. Сега дома му држам час како да се прекачи од креветче а да не заврши со цвикнат врат или џумка на глава
Моево нема полна година а тргна во градинка од вчера. Сеуште по саат, адаптација. Во мисла ми е за цуцлата. Прикачена и е за блузичето а синџирчето долгичко, па ќе и се влече по подот кога не е во уста. Ај дома, одржувам повисоко ниво на хигиена, ама за надвор, вака.... во мисла сум. А без синџирче не бива, мала е за да си ја пази. Големата не фати цуцла, со двата прста во уста, па немав вакви недоумици. Претерувам ли?
Може и не претеруваш ама ќе се навикнеш, градинка е така. Мојот сеуште ги лиже сите играчки и сака на плочки и паркет да лежи со лице, замислував како тоа изгледа во градинка кај што не е чисто како дома...и ете 4 пати бактерии ми фаќа
Мојот цело време на адаптација, па дома од вирус, па пак адаптација, па пак дома, и секое наредно одење му беше адаптација Денес го оставив и реков ќе го земеме после ручек пред спиење, ќе плаче знам ама мора веќе да се навикне. Инаку, за воспитувачките и тоа што не биле на работа....Слушнав на многу им ги прекинале договорите, односно не им ги продолжиле.