Ќе се надоврзам на Џојка, вирус кој сепак поминува иако е хорор неколку дена. И кај нас во градинка ни имаат кажано ако има нешто ќе се јавуваат одма
^Не земајте се здраво за готово што ќе чуете/прочитате од медиуми. Во икс ситуации ги пумпаат работите заради гледаност/читаност. Најубаво прашајте си во матичната градинка дали е регистрирана појава на вирусот.
Мислaм декa тaјмингoт е секaкo лoш. И дa немa рoтa имa се другo. Речиси дa не пoзнaвaм дете штo oди вo грaдинкa a е здрaвo пoследнaвa неделa. Oвoј периoд е секaкo непoвoлен зa пoaѓaње вo грaдинкa. Бaр Мaрт дa пoмине. Oвa е секaкo мoе мислење.
Да А кога немало некој вирус во градинка? може пак да фати рота, исти симптоми ке има? Никогаш не е најдобар момент за во градинка кога ке видиш Еден вирус ке владее сега, друг нареден месец итн Јас па во Јан, на почетокот.. слушнав епидемија на рота дека имаше.
ти си знаеш ама баш сега ти е екот и на грип и на се друго.Јас би почекал месецов и мартот.Па после би пуштила.Башка и дека мало бебенце имате дома
Јас не би се замарала до толку. Излегува и останатите деца што се редовни подобро да не ги носиме периодов. И ние сме цело зимо- две недели оди, па една е дома, или обратно. Тоа е, од вируси нема бегање.
Мој најискрен совет ти е почекај уште еден месец. Ич не е исто сега и после месец. Сега е врвот на вирусите. Кај син ми од пеесет деца петнаесет одат. И тој е дома втора недела, а од него го префати и малото. Ова му е прва волкава пауза од како оди во градинка. По мене најубав период за тргање е април мај. Мојов така тргна и многу убаво поминавме во однос на разболување.
Април, Мај стоплува и тогаш е сезона на вируси ради таа промена на времето, лани така беше.. Април и Мај највеќе вируси имаше, па не се појави во градинка. Ке видиме како ке тера сега, мора да оди..
Според мене во градинка нон стоп има вируси, цела година. Децата немаат стекнато имунитет и цело време си ги префрлаат вирусите и бактериите едно на друго. Мојата лани кога ја запишав на 2 год. цела година беше една недела во градинка, три дома. Оваа година кога има 3г.+ од септември до сега има отсуствувано само недела дена. Мора да помине кај секое дете фазата на стекнување имунитет.
ЈАс веќе не слушам вести за епидемии и чуда. КАко што кажа некој погоре, ако нешто има во конкретната градинка ќе кажат, не се ненормални. А кога го носам детето сите се весели, сре'ни - друг свет од онај прикажаниот на веести. Така да, терам напред. Секој период има вируси, грипови...ако чекаме погоден момент, здравје на 6 години на школо ќе го пуштам.
Кај син ми, средна голема група, сите деца се, едно до две отсуствуваат само. Он цела недела беше дома, бактерија во нос имаше. Годинава ова му е второ отсуство и тоа заради бактерии. Вирусите ги мине на нога. Но кога почна со градинка, и тоа во мај, исто, една недела во градинка, три дома. Во август фати пневмонија. Во градинка нема правила, цело време си има вируси и бактерии.
И ние септември појдовме како ај нема вируси толку. Ама затоа имаше бактерии и стомачен вирус. Џабе е мајки. Мора да се пројде низ тоа. Секогаш може да закачи нешто дур ојача. Јас го однесов денес, имаше баеги дечиња, и од градинка ми потврдија дека нема дојава за рота. И уште од две места кои не би да ги спомнувам.
Рота има цело време, жално што не донесоа вакцина кај нас. Сега има грип 2000 заболени за една недела.
Штета да што не ја донесоа вакцината за рота. А ја има цело време. Син ми кога ја фати, немаше епидемија, а ние поминавме лошо. Стално има нешто по градинките, ама ете така зајакнуваат и гледам по син ми и децата во неговата група. Отсуствата се минимални, а не како кога беа помали и кога почнаа. Пола група боледуваше.
Фала ти А рота дали може да се фати пак, доколку еднаш е прележана? Никој не ми одговори на тоа.. минатата зима ја поминавме.
Кај малата во градимка имаше норо вирус. Што чудо е тоа кој знае слично на рота. Имаше известување што да правиме во случај на вирус.А чак после 3 ден советот беше доктор. Рота имаме примено вакцина. Само што ќе помине една болест лепат нова.Секој месец различни има.Кутрите деца до дека пораснат од се си прележале како и јас кога сум била дете.
Слично е на рота вирус, да. Само редовно миење раце и пазење на храната, ништо повеќе. Иначе, има вируси сега, особено грипот е активен, и тоа е поради топлава зима, лани немаше толку грипосани. Допрва ќе зема замав. Чувајте се, повеќе време на воздух поминувајте, колку што е изводливо, избегнувајте затворени простории, важи и за децата. Ако не мора, нека не одат во градинка. Јачајте имунитет обавезно.