^^Да е топло цело време разбирам да е отворено ... А инаку Плус има и родители кои ги пуштаат децата со растеЧени носеви , што кашлаат ...и ете ти децата прифакаат ! Јас како мајка, не би ја пуштила керками ако гледам дека има растеЧен нос , би поЧекала некое време да се подобри и тек тогаш! Инаку нема крај така , од едно дете на друго
Проблемот настанува кога родителите кои работат неможат да си дозволат да одсуствуваат од работа заради растечен нос. Едноставно работниот пазар е премногу строг и суров и тоа е реалноста. А од дамнина се знае дека во градинка децата се разболуваат постојано и тоа мора да се прифати инаку треба сите децата да ги чуваме дома во карантин. Ете и ќерка ми се настина и јас не ја носев три дена и после кога отидовме гледам на сите деца носот им тече. За следниот пат ќе си знам.
Тоа е друго Сесилија работата не ти дозволува Често отсуства, ама па вака гледано детето нон стоп ке ми биде болно ! Еве гледајки денес керками е малце настината , со растеЧен нос , оЧи крвави насолзени и треба јас тоа дете да го пратам во градинка Повеке ми одговара да си остане дома тие три дена и да си се врати здрава , да не постои можност и некое друго дете да се прифати ! Јас те разборам немаш никој свој , на кој би го оставила детето а не иде Често отсуство од работа истото и мене ме Чека ама би требало и другите родители да бидат посовесни
Еве денес не го пуштив малиот во градинка,настинат е нос и почна и да кашла. Вистината е таа ,некои родители стварно неможат да си дозволат отсуство од работа,јас сеуште не работам ама неверувам дека некој би ме толерирал постојано ако има настинка.Мене ми е муабетот со промајата и ред други дешаванки,ете за три дена со по 2 саати во градинка и црвени препони си имаше ,дур бил таму му смениле пелена јас им однесов и пелени и марамчиња и крема ама од која ставаат незнам.Да се надеваме децата да имаат подобар имунитет и полесно да им поминува .
И јас треба да се пожалам,значи оваа недела после 4 месеца одење во градинка синко мој нон стоп се враќаше плачејки и не сакаше наутро да оди никако за жива глава,некако имав претчуство дека ќе се разболи па и така се случи,тој мајчински инстикт чудна работа е,му реков на маж ми уште кога ја почнавме неделата дека нешто чудно се случувуа со синко,па така во петок си го земавме и си плачеше цел ден дома она без причина,го прашувам што му е ,не добив одговор а ечеше цела зграда од нас така да на момент од многу плачење се стиши и заспа,останав цела во прашалници,вечерта излеговме со маж ми да го шетаме се помина добро но некако целиот омалаксан,само што стигнавме дома температура 40,ни со сируп ни туширање,мачање не му падна па моравме на болница и ајде инекција и некако малце му падна ,но ништо по неколку саати пак иста песна пак на болница и др ни рече демек можело некоја бактерија да е закачил дали од градинка дали од друго место,па утре ќе го носиме кај матичната да видеме што ќе ни рече таа,значи не знам дали е до градинката зошто и на мои другарки децата што одат во градинка сите се со исти симптоми,сигурна сум дека не се внимава на хигиената па едно ако има однесено болно сите се разболија,никогаш не сум го однела ако има барем еден симптом на болест,прво на болница проверка па потоа,ама тоа е тоа
Читам и неможам да верувам за ова со промајава и разболувањето ... пред една недела тргнав на волотирање во градинка затоа што воспитувачката е на породилно и јас сум на замена ..тука кај што сум јас во групата пазиме прилично доста на децата едино нешто шо ми преЧи е климата што реално мислам не се става со просторија за мали деца ама пред да легнат се гаси или се глеада дали им дува кога спијат . за разболувањето приметив многу родители носат болни деца настинати па може лесно едни од други да се настинат секако родителите не се криви ако се обврзани со работа и немааат друг избор освен да го остават тука детето а и многу ми е убаво и со задоволство работам и се трудам иако не платено додека не си донесат политичарчињава некоја на тоа место ..... #мојатачудесназемјамакедонија
Redhad сакаш да кажеш дека секаде има клима во градинкиве,јас дома и во најжешкото непуштив клима поради малиот,сега ова што го пиша ептен ме изненади.И бидејќи си во градинка ај те молам доловими слика на еден ден на малите во јасли,значи малиов не е прооден,ама си лази ,па дали ги оставаат во креветче по цел ден или играат со нешто,здружно играчки за секого или по една во креветче немам појма како е ,а не дозволуваат да се види ни кај спијат ни кај јадат ништо.И кога ќе им однесеме памперс или влажни ,или крема од кај знаат чија е,бидејки јас им однесов една пелена они со сосем друга го преслекле,знаќи сите на куп и која им е при рака таа.Малиот во петокот не го пуштив во градинка ради нос и ми поткашлува ,но гледам дека сите деца со исти симтоми се во градинка ,има тамуу нели др па да каже на родителите да не ги носат децата или нема такво нешто.те изнатрупав со миљон прашања ,но немам кого да прашам восптивачките само на две минути ги гледам и се се брзаат.
Јас малава сабајле ке ја носам прв пат во градинка , се надевам добро ќе поминеме и ќе ви пишам како помина првиот ден во градинка
во јасли нема клима не се секирај барем кај нас .. кај малите јасли има креветчиња и душеци и играчки и зависно од детето некое трчка некое лежи првин додека се навикнат плачат после се супер .. а за памперс тоа е до вработените ке им кажеш секое дете има шкафче незнам дали ги мешаат таму во таа градинка , за креми марамици ги бришат сите ама поради тоа шо некои родители не носат за своите деца и глеам се зима еден од друг за јадење ги хранат кашесто е се немај гајле им кажуваат дане ги носат болни ама ако нема кај да ги остават.. тука во мојата мала група скоро на сите носот им тече а и однеси повеќе пелени нека ти ги стават во катче кај детето кажи им и шо и да треба прашувај да воспитувачките мнoгу "зафатени се " не сите со чесни исклулоци ама има и ок морам да кажам кај нас баш во мали јасли се најфините.
а да и сакаше еден ден во мали јасли па вака е: првин има прием на деца додека се соберат сите ова она после тоа доручек има поосле тоа си играат со играчки или глеаат цртанки или песнички може да им пуштат си шеткаат низ занималната по душечињата или кое сака си лежи во кревет подоцна се пресоблекуваат па им доаѓа и време за ручек и спиење коа ке станат пак се пресоблекуваат пред да си идат некое време или пак некое ако има потреба и порано активности немаат пошто нели се мали
Фала уште еднаш за исцрпниот одговор,јас денес го однесов малиот седеше 2 часа,дали денес како прв ден од неделата ама сите плачеа од почеток,па и он ,битно дека си јаде ама кога ќе дојде време за спиење ке биде борбата ,полека се привикнува иако си плаче.Ама затоа кога ќе си дојдеме дома од видик ако ме изгуби куќата во вис ја крева лепенака ми е .Утре нов ден ќе видиме како ќе го истераме.
ке биде зависи и детето како соработува мислам како се снаоѓа и дали сака нови луѓе има некои од мали шо не плачат
Мајки јас не стигнав да ви пишам за во градинка. Најпрво морам да ги пофалам негователките Марина и Лиле - прва најмала глупа јасли - Градинка 25Мај - објект Сонце. Ќерками сеуште ја носам на адаптација до 12ч , но во петокот заспа таму. Иако се договоривме на родителска дека предност им давам на мајките кои што одат на работа (јас сеуште не одам) првин тие да ги навикнуваат дечињата , ќерками сепак сама си заспа. И мислам дека од утре ќе почне и на спиење да си останува , секако ако сака. Негувателките се многу фер иако првите денови искрено многу ми беше тешко и мислев дека никогаш нема да се адаптира , сега си влегува и излегува насмеана. Верувам дека и тие се задоволни од мене, разбирање и заеднички јазик најдовме буквално за се. И на родителска се убаво ни беше објаснето како изгледа еден ден во јасли. Поздрав мајки и запомнете убав збор и железна врата отвара. Сепак кога ќе почнат да одат до 17-18 часот, тие ќе поминуваат повеќе време од нас со нашите дечиња. Сакав да кажам дека јас и не очекував премногу но, пријатно се изненадив .. и се мислам како ќе биде кога ќе се префрлиме во 2група. Поздрав
Жално е што и запишувањето во градинка стана партиско до кое ниво стигна се. Али како и да е малата ја запишавме и од понеделник официјално треба да тргне,здравје со Господ напред се надевам дека се ѓе биде добро иако навидум и не изгледа така ама си давам кураж сама на себе а и секако и на неа. Има ли некој искуство со Изворче? Би сакала да чујам некои мислења
Едногодишно детенце искасано, изгребано и целото во модринки во Струмичка градинка И после 23 дена, мајката на ова едногодишно детенце од Струмица нема добиено никаков одговор од одговрните лица за случајот кој се случил во детската градинка во Струмица. Максимилијан е една години и од овој Септември редовно оди во детската градинка во Струмица но на 17-ти Септември кога неговата мајка го земала од градинка неговото лице и рачиња било буквално искасани изгребани и отечени. Како одговор од воспитувачката таа го добила следново: - Во моментот имало само една воспитувачка на таа смена, која ги оставила повеќе од 20-тина дечиња на воздраст од две години без надзор од друго лице додека заминала да земе некое друго детенце или пак да оди во тоалет, а откако се вратила забележала дека Максимилијан е целосно искасан и изгребан по лицето и рачињата. Истиот овој случај воспитувачката не го пријавила кај директорката и иако во склоп на градинката има медицинско лице таа не го однела Максимилијан на преглед, туку на своја рака и воља повредите ги намачкала со Павловиќева маст. Кога подоцна Максимилијан бил однесен во соодветна здравствена установа медицинското лице потврдило дека повредите најпрво би требало да бидат исчистени правилно со антисептик, поради длабочината на гребнатините и искасаниците, додека пак Павловиќева маст е сосема погрешен третман на таков вид повреди. Истиот ден мајката го пријавила случајот кај директорката на градинката, која изразила жал за тоа што се случило а воедно и ветила дека во најбрзо време ќе дознае што се случило и како се случило. И после 23 дена мајката за овој немил настан нема добиено никаква информација ниту пак во најмала рака објаснување за тоа што се случило како се случило и дали е превземена некаква соодветна мерка врз воспитувачката која што би требало да биде на своето работно место во тоа време. За инцидентот е информиран и струмичкиот градоначалник Зоран Заев кој пак го предал случајот на општинскиот инспектор Зоран Узунов. На своја иницијатива мајката разговарала со општински инспектор кој пак дал само неколку празни ветувања дека ќе даде се од себе за да се дознае вистината за случајот како и да бидат превземени соодветни мерки за воспитувачата која била на смена, и за одговорните. Оваа мајка засега има добиено само празни разговори и ветувања од директорката на градинката, струмичкиот градоначалник, и оптинскиот инспектор. \\"Секое чудо за три дена\\" вели мајката како што се надеваа одговрните лица, за жал нема да се случи бидејќи случајот го предала на Министерството за труд и социјална политика. Редакцијата на Сител е во целосна подршка за превземање на соодветни мерки, санкции како и расчистување на она што се случило, се со цел она што се случило на ова дете да не се случи повторно на ниедно другоа се додека ваквите немили инциденти се кријат и притајуваат во градинките никогаш нема да се искоренат и избегнат.
Каде им биле очите на тие негувателки,па за ваков масакар да му се направи на детево требало да помине повеќе време,а не како што пишува на момент ги оставиле сами. Страшноо
Мене ова ми е најалармантно, како може една жена да чува 20 деца на воздраст од 2 години. Жив човек е замислете да и се слоши нема кој да ги згрижи децата. Кај нас има една жена на 5 деца а за бебињата една на 4 и тоа ми е сосема нормално. Има проблем во организацијата на градинката. Тоа што воспитувачката погрешно постапила одкако се случил настанот е друг проблем ама и таа заслужува да отиде во тоалет еднаш во денот.
Жално за детенцето срце ме доболе кога видов , се ставив на местото на мајката ....кога го видела вакво детето , искасано , гребано и којзнае уште што Не се за оправдување ни учителката ни градинката. Неможе две учителки на 20 и кусур деца . и како што викаат едната во 12ч си заминува , останува другата со останатите деца . Ние во нашата идна градинка , во групата во која ке биде ќерками се 11 деца со 3 учителки/негувателки Што е сосема во ред .
сакам да прашам колку се плаќа месечно за во градинка.која е цената? еве конкретно ме интересира за во Битола.фала однапред