И јас сметам дека за работата премали им се платите. Можеби затоа што сум задоволна од нашите воспитувачи/негователки па затоа така зборам. Не знам, јас ги ценам максимално, со нив се однесувам со највиисока почит зашто сепак, најмилото им го оставам во нивни раце.
моја грешка е. денес прв пат седеше 4 часа а дадов само една пелена другите беа во шкаф. До сега никогаш не фатил осип ама ете беља еднаш ќе фати и баш таму. ајде не е страшно. Се уходуваме уште ))
Искрена да бидам нешто може? Од септември мојов ќе оди кај негувателка која не ми се допаѓа. Еднаш спомнав ако памтите на почеток кога ми се испонаша. Денес ме гледа носев бела шубара и вика леле каква капа и се вртам и се напрај не гледа. Ми идеше да и речам а ти овде за попис си или за симит јадење. Сите ми се допаѓаат само ете таа ич не ја можам. Се мислам од септември ако не во друг клон да го ставам само за кај неа да не биде. Ај тоа тогаш што така ми се испонаша ама луѓе коа и да отидам рашетарка низ ходникот. Немам намера ниту да се замерувам ниту да се нервирам ама ај совет што би сториле вие? Колку за потсетување еднаш она го прими и дур извадам пелена од шкаф бидејки не знаев дека се дава во рака зошто втор или третпат на пола час ни беше седење ми се развика-а кој ќе ги чува децата дур ние зимаме пелени? господ???
Така е,во секоја работа има пропусти и сите сме луѓе,и ако има некој проблем треба отворено да се разговара со воспитувачка/негователка,а не одма да се рипа за се и сешто од страна на родителите и да се напаѓаат,треба малку и во нивна кожа да се ставиме.Сум имала забелешки во некои ситуации ама тоа се неминорни работи што не се ни за муабет а не пак да одам и да се расправам. Задоволна сум многу и јас,најбитно по детето се гледа дека е среќно и задоволно таму.Во глобала никогаш не сме имале проблем некаков,освен пред некој ден негователката ми се пожали дека ќерка ми не спиела во последно време,само се врткала,па го туркала ќебето и им правела на другарчињата до неа муабет не можеле да заспијат од неа и пред неа и реков дека слободно може да и укажат и да ја искараат ако треба,а и дома зборувавме многу со мм па после некој ден негователката кажа дека после укажувањето се сменила и спиела.
Здраво мајки. Дали има некој искуство со градинката Калинка во Хром ? Малиот планирам да го пуштам таму здравје од септември, тогаш ќе биде 2 годинки па ме интересира доколку некој има искуство
околу годишните одмори на градинките, ме интересира ако знае некој која градинка ќе биде дежурна во аеродром летниот период и кој период е тоа, веќе искусни мамички споделете искуство, планираме во јуни да тргне во градинка. и период на навикнување каков беше кај вас на детенце од полни 2 годинки
Не го разбирам прашањето. Зар се затвараат градинки преку лето? Имам искуство само едно лето. Нашава работеше, син ми тргна мај, цело лето одеше ( до 12ч). Тргна на скоро две години. Моето искуство е позитивно во однос на времето кога тргна, услови во лето во градинка, неговиот психички развој и разболувањето. А за плачки, ке има плачки. Со месеци плачеше на носење
работат цело време. Пак јас. Да ви кажам се изнервирав преска. Запнала воспитувачката во градинка не знае дали ќе седел повеќе од понеделник а рековме со спиење да седи. Да ама после 2 ќе плачел и цитирам-ако плаче ќе го оставам да знаеш. Нема да можам да го држам во раце има и други деца. Велам во ред. Како за сите така и за него. не знам што мислеше дека ќе се припотресам ако ми рече ќе го остај да плаче ли?? така беше и за седење повеќе и за храна. 2 дена плачеше 3иот прекина. не јаде не јаде па оп јаде. не знам што очекува на лагер да сум цело време ли. Па да му се сневиди на работа одам. На крај и реков да можев ќе го чував дома ама работам. имајте го во обзир тоа. Совет?
Ти ги читам одамна макиве со градинката во однос на времето колку ќе седи....не разбирам, ти си таа што одлучува. Ако ти јасно и гласно кажуваш дека ти е јасно како ќе биде на почеток и дека ќе реагира на промената, свесна си што те чека, што толку се инсистира на тоа кратење на времето? Возрасна си, паметна, совршено знаеш на што ќе наидеш. Стварно не ги разбирам. Јас досега ќе изгубев трпение и ќе ги отерав воспитувачките Ако си решила да седи повеќе, пресечи дека така сакаш и готово. Па здравје, ќе видите како оди и за колку време ќе прифати. Се гледа дека детето добро се адаптира, некако како со сила да буткаат наназад Извини за мислењево, ама тој ми е впечатокот за воспитувачките Јас лично би инсистирала да почне како што е планот, па ако се наиде на препреки ќе се решат во од. Сепак ти си знаеш најубаво и ќе одлучиш
Апсолутно си во право. И јас мислам дека е злоупотреба на моето трпение но сакав да чујам баш некој дали мисли така. Детево не плаче. Вели денес кенкал ама сите кенкале. Еднаш дури ме викна да го земам зашто заплачел а кога отидов топ си беше детето. Почнувам и јас да се сомневам во нивните зборови. Го знам кога плачел воспален е одма и засипнат. Тоа не се случило овие 3 недели додека во септември кога одеше, да, рикаше навистина. Пола одмор и плус боледување искористив само за адаптација и што е многу многу е. Само не знам зашто вели ќе го оставам да плаче. Ок тебе ќе ти плаче на глава не мене. А прашање е дали воопшто ќе плаче.. Ќе ги замолам и @referentka @Annath да се изјаснат ако може за ова. .
Мислам дека сега му е моментот да почне повеќе да останува, т.е. да преспива во градинка. Веќе е колку толку навикнат, знае отприлика што се случува, по ова што го кажуваш веројатно брзо ќе се привикне. Разбирам претпазливост од нивна страна, и фино е што укажуваат на можни проблеми, сѐ е тоа во ред, ама мислам дека малку се заборавија во твојов случај
И јас мислам дека ти одлучуваш колку ќе седи. Нивно е да го примат, а да ти се јават ако навистина има проблем, во смисла плаче, воопшто не се смирува со часови, или пак не дај Боже се удрил, качил тт, повратил... само тогаш. А не да ти се јавуваат на секое кенкање. Може те гледаат така несигурна, па ако можат да одолговлечат, го прават тоа, за да имаат помалку деца за чување. Факт е дека групите се големи, ама за тоа тие не се виновни, ниту пак мајките се виновни. Инаку големиов кога почна во градинка, од прв ден јадеше таму, од втората недела веќе спиеше. А јас добив отказ од тогашната работа, барав друга. Ни на крај прамет не ми беше да го чувам дома кога веќе почнал во градинка или да го земам порано. А најдов друга работа после шест месеци.
Сега сакаат веднаш по спиење да го земам. Тоа е во 2 часот. Јас работам до 4 и најрано да излезам можам е 3 и 30. А прашање е дали и ќе можам зашто некогаш сум во хаос на работа и нема шанси. каква е таа адаптација ај баш некој нека каже дали одел т.е. носел дете вака. 4 дена по 30 мин. 3 дена по 45 мин. пауза 2 дена сторивме зашто кашлање ептен па пак 3 дена 45 мин потоа недела дена по 2 часа. И сега една недела 3 и пол часа и дака следно да е по 5 часа.
Не, не сум го земала одма после спиење. Обично околу три и пол, четири го земаше свекор ми, а додека бев дома, ако беше убаво времето, јас го земав. Цел ден беше од втората недела.
Многу долга вака адаптацијата некако изгледа Од мое лично искуство со моето дете, лесно поминавме кога наеднаш пресековме да останува до крај. Беше тажничок една недела кога го земав, сега кога го облекувам за дома ми вика дека сака да остане или да си земе некое од другарчињата дома Стој си на твоето, ако е сѐ во ред со дечкото, нема зошто да се плашиш
очигледно си играат мајтап со мене. ќе мора да го сменам мојот однос со нив а баш велев задоволна сум... ќе да не сум повеќе. Ќе мора така. Знам дека ќе пробаат да се јават и знам дека ќе отидам ако се јават зашто ќе ме гризе дали е добро. Но ако приметам дека не е плачен дефинитивно ќе се потскарам. ете зашто прво што шпрашуваат е каде работиш за да знаат колку можат да ти се качат на глава. човек сум со нерви ортоми но ова веќе се граничи со правење будала. А тоа не ми се допаѓа.
И @LadyC мислам дека слично ја мафтаа... ако прочита, ќе се јави со искуството... изгледа секаде е така, ако им успее да одолговлечат, им успее, ако не, на друг ќе пробаат. Не е во ред тоа.
знам ја читав баш кога беше тоа. знаеш што си мислам сега? пример еве утре да го однесам и да им речам нема шанси да успеам пред 1 да го земам. Што ќе сторат? ќе ми речат не може? ќе ме вратат нема да го примат? што можат да сторат? ?
@LiliBoz утре кога ќе го оставаш детето ќе прашаш ,,како тече адаптацијата,, Ако повторно инсистира да го земеш во 14 часот, тогаш слободно кажи дека ти си на работа до 16 и дека можеш да излегуваш од работа само инцидентно по потреба а не секој ден, како што тие бараат од тебе. Адаптација недела-две, колку да видат како детето реагира...ама со месеци-незнам баш дали е фер Крај краева, има директор таа градинка, ќе си разговараш со него. Работното време на градинките е од 5 сабајле до 18 часот и треба да те викнат ако има проблем со детето, а не од ќефови