Епа така течела адаптацијата де. За "јас да не сум имала проблем потоа нема да сакал да влезе во градинка ". Може и е така не велам не ама нек е така 2 недели. Ова четврта ќе фати од понеделник. .
Е како да не така било,се согласувам со сите наведени мислења погоре,ќе им кажеш јасно и гласно дека си на работа и точка. Јас кога почнав да ја носам мојава беше 9 месеци,два дена ја носев по саат два,па следната недела ја земав пред спиење кај 12 море и ручек и даваа,па им кажав дека тргнувам на работа и ќе мора на спиење,ми рекоа ок нема проблем.Мајка ми дојде таа недела до кај 14-14,30 да ја зема и веќе четвртата недела си седеше до 16 часот.Плачеше на оставање до тогаш ,после се смирувала и може и си поплакувала не ми кажувале ама знам дека имало денови кога плаче од некоја причина ама си седеше и се навикна.Сега веќе дека голема си знае до 17 седи еј ,меѓу последните ја земам,и дека сите ги собираат во бебешка секој ден начекувам расплакани бебиња сироти си седат уште во 17 саат што да прават ако нема друго ќе се навикнат. Често знам да ја прашам зошто плачеше тоа бебе ,ми вика "му се пие водичка ".
@LiliBoz многу мека си кон воспитувачката. Не заслужува таков третман после се. Се измачи ма жено откога те читам Да го пуштиш маж ти малку или заедно да настапите? Крај краева и директор. Искрено ова ми личи на глумење лудило. Пробале, виделе оти можат и си продолжиле. Срам да им е.
Маж ми Јас сум лошата дома можеш да замислиш од утре нема да сум баш мека. ја демек разбирање за нив ама они мене ме решија. Значи не смееш да си мек нигде. ..
@LiliBoz и мене слично ме мафтаа со адаптација, со тоа што јас 4 пати адаптирав па стекнав малку искуство. Седењето од час, час и половина мене 2 недели ми го влечеа, па уште толку сакаа до заспивање да го земам зашто не бил спремен. Така да, јас сама си правев адаптација, на оставање кажував кога ќе го земам, не ги прашував. Кога дојде време за спиење, реков дека пред 2-3 неможе никој да го земе, тоа е. Не навлегував да се објаснувам со нив за да не бидам остра, ама со "загрижена" фаца им кажував дека ќе мора да седи денес повеќе зошто сум на работа и сл. А колку време ти седи малиот таму? Спие ли?
Нас ни е 3та адаптација. Се надевам нема да те стигнам. Јас таман ќе направам загрижена фаца и они одма офкат лошо било так за детето ама овој пат им кажав-тоа е. Ама ќе плаче-нека плаче велам. Морам на работа. Он неделава седи од 8 до пред 12. најчесто 11 и 30 одма после ручек го зимам а од понеделник планот е да спие таму но таа запнува "во два да сум се нацртала таму зашто ќе плачел". Не ми е јасно како уште сега знае дека ќе плаче!? Вчера подоцна јадел јас само што стигнав и ѕвонам на домофон и ми го носат. Детево му висеше храна од уста не го оставиле ни да се доџвака. .
Јас спиењето веќе го сметам за комплет завршена адаптација. Процени си по детето дали и колку ќе го оставиш, ти најдобро си го знаеш. Еве во пон нека спие па земи го во 2, потоа до крај на недела оставај го како што сметаш. Незнам што ти се запнале во 2, и така тогаш повеќето дечиња почнуваат да ги земаат, не дека твоето многу напор ќе им зема
Која Црвенкапа, приватната? Незнам за таа ако е ,а за државната што е под Срничка знам дека имало многу добри учителки.
Ne ne za drzavnata prasuvam...Za pocetok dobro e da se cue deka se dobri ucitelkite Me interesira i grupite kolkavi se...i site mozni detali Malata na 2,5 treba da pocne vo maj..
Незнам од искуство,ама од она што сум слушала од мајки е дека групите не се толку големи како во другите градинки во Аеродром,и стварно многу ги фалат учителките ,веројатно дека се и помалку па и имаат време повеќе да им посветат внимание. Инаку ќерка ми оди во клон Изворче и едно време се мислев да ја префрлам во Црвенкапа ама веќе се навикна ваму и не сакам да ја делам од учителките и другарчињата. Ако има друга мајка искуство или повеќе информации нека пише
Мајки како правите вие. Сакам на учителките за празникот да им подарам мало внимание. Мислам ништо посебно, но сепак. Јас од сабајле само едната ја гледам, другите две не. Како им ги давате. Да и го пуштам синко да им ги подари или на таа едната па она на другите две.
Само што мислев истово прашање да го поставам Јас ништо нема да купам, сметам дека нема потреба од мали да ги учиме на коруптивно однесување. Со малава ќе направиме честитки изработени со многу љубов, и тоа... Тоа е мој став, што не значи дека е исправен за другите, нели?
Кај нас се собира 100ден од учителка, секако кој сака. Мислам вака е најуваво, ем обележан денот, ем јас не сум во дилема дали да земам, што да земам, како да им дадам... А учителките ги учат дечињата на песничка за мајката и ќе ни изработат честитки
Јас лани однесов мали бомбоњерки бајадери од оние темно чоколадо со бадеми. Убаво беа завиткани. Толку планирам и годинава. Тоа не ми е корупција туку почит, а детево си ги обожава учителките така што и мене ми е мерак да купам.
Абе јас сум против групно купување на ташни и накит. Сепак посакав мал знак на внимание да им дадам. Жениве беа први што ми излегоа во пресрет кога поминував големо премрежје во животов. Кога со бебе во рака трчав низ болници, а во едно големото не ми беше ич адаптирано, а немаше кој да го чува. Разговарав искрено, ми рекоа штом е така оставај го, ке се учиме, ке се навикнуваме. Исто како на мајка ми и свеки, исто и нив сакам мал знак на внимание. Прашањето ми е како им ги даде. Не се сите од сабајле дојдени.
Сите во една ќесичка ги ставив и и ги дадов на таа што ја прими сабајлето. И годинава мислам исто оти ако и ги дадам на ќерче да ги даде ќе бара да ги отпакува итн и триста драми ќе направи.
Во нашиов дел од градинката се 2 групи и 4 воспитувачки, лани за сите пратив по еден цвет отсабајле кога ја однесов во градинка. Оваа година собираме заедно по 200 ден (за двете наши воспитувачки) и план е да се купи ваучер од Делимано, па сами да си одберат нешто Само малце ми е шубе што треба со празни раце да ја однесам сабајлето. И мене празников ми е да искажеме благодарност, од ќеиф, бидејќи е единствен повод.
Мене ми е поубаво групно отколу индивидуално купување, прво за 200 ден што би им земала, второ како ќе им дадам? Освен тоа ако некој нема средства нема да се осети глупаво, кој сакал и имал -дал. А со повеќе пари може да се земе поубав подарок, еве лани им зеле по еден ваучер од Сити Мол, па сами да си одберат што им треба, може ќе си доплатат за нешто поубаво. Во секој случај воспитувачките ни се срциња, заслужиле.