Кратко оди, почна во септември и после еден куп паузи. За услови, супер е, барем тоа што видов на родителската. Сѐ е ново, занималните, купатилото и се гледа дека пазат на хигиена. Воспитачката и негователката мене ми се гледаат ок, башка и родителите и децата гледам дека многу ги сакаат и почитуваат и двете. Менито исто им е многу убаво, во главно малку се работи што јас не би ги дала. Не знам како е во другите градинки, ама пријатно се изненадив од тоа што имаат за јадење. Тоа е тоа отприлика, ќе видиме како ќе биде понатаму.
Сонце-Н.Лисиче,веднаш до новото училиште "Александар Македонски"...па веќе и стари се,накај 5 год Јака 4 давам генерално за се. Ако имаш врски,не му се мисли
Мај или Јуни баш не е за поаѓање во градинка. Почнува лето па помалку деца има и спојуваат групи, нема програма и слично. За да појде од Септември секако треба од сега за да запишеш во градинка. Инаку ако покажува љубомора кон новото бебе никако нема пуштање во градинка пред да ја решите таа фаза. Ќе се чувствува отфрлено ако види дека ти остануваш дома со бебето, а таа оди во градинка.
Дете со конјуктивит да праќам во градинка или не? Малку и се црвени очињата и има секрет мн малку.. Стварно незнам
Мене ми се јавувале да си ја земам кога имала конјуктивит, така што веќе не ја праќам кога има. Изгледа им е очигледен симптом дека детето има бактерија, што знам што да мислам..
Не е пожелно. Подобро немој, ако можеш да се снајдеш. Прво лесно е заразен, па не е фер кога веке знаеш дека има. И мене еднаш ми се јавија да си го земам ради иста причина. Сабајле кога стана имаше многу малку па не посветив внимание, но до 12 куп.
Не ја погодивме со смени матичната денес, па со препорака од фармацев ставам Торбекс капки. Утре ке ја носиме здравје. Фала мајка
нека спие на страна на тоа око зашто ако солзи веднаш ќе отиде во другото и ќе фати и на тоа. премногу се пренесува а во градинка џабе ќе носиш одмана те вратат.
Ја побара мм и таа маст и му рекле не се произведувала веќе од алкалоид а со идентичен состав немало друга маст @LiliBoz беше она денес во градинка а од сабајле ми беше чудна во очите. Имаше малку секрет, ја исчистив и ја испратив. Мислев спие откриена цела ноќ па настинала. Ај јас не знаев што е затоа што прв пат фаќа, ама па и во градинка ваљда не ја приметиле. Сестра ми ја виде и она ми рече дека е тоа. Си има деца она со искуство е
Види што ќе ви каже педијатрот, мада секогаш прв избор гледам дека е Тобрекс па ако не поминува за недела дена те праќа на очно.
Баш! Јас веќе не ни одам на педијатар, џабе да мрцварам дете кога више за некои основни инфекции даваат едно те исто, па сама си купувам. Сам свој доктор станав.
@thebabylover Почекај барем до Септември, јас така би направила на твое место. Преку лето е хаос, секоја недела различна учителка. Само џабе ќе ја истрауматизираш пола персонал е на одмор.
Мајки дали вашите деца после градинка ручаат со вас? Мојата последно време почна да одбива да јаде со нас до 6 не сака ништо. Некако рано им е ручекот па затоа се чудам како издржува, иако има ужина во 2.