1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Moira кај ти текна сега со веста :tmi: ние тргнавме скоро во градинка,морници ме полазија кога прочитав :x И не е секоја створена да биде негуватлка!
    macence4 ние плативме 1450 се надевам истата цена е и во Бт :hai:
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Unique каде се наоѓа оваа градинка и ме интересира од колку месеци ја прати малечката во градинка?
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Јас сум од Струмица, а баба ми е учителка во градинка
    Таа вели новиот кадар кој е примен на работа не е со соодветното образовани, туку ај што не е , не обрнува никакво внимание на децата. На работа се колку да пополнуваат места.

    Дефинитивно ова е работа во која треба многу внимание , и не е секој за воспитувачка, не е секој за да се занимава со деца.

    Малото било искасано, а тоа не е нешто што се случува секундарно како да падне, туку треба време, сигурно детенцево викало , плачело, не стоело мирно, а учителката некаде си дремела, си пиела кафенце. Oва треба да се казни, на дотичнава учителка да и забранат влез во градинка , а пак деца да чува.
    Но за жал тоа е, партиски вработувања се во прашање, затоа ќе страдат невини мали дечиња.
     
  4. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    да така е за жал кадарот шо доаѓа ради реда само е катСТРОФА има и исклучоци не се сите лоши сеа да бидеме реални јас идам и се трудам без бари таму работам и со љубов кон децата постапувам а ме фрустрира тоа што нит некој се ангажира да ми покаже нешо пример дополнително документации ова она и згора на тоа ме кријат коа ке дојде родител со мои перја ке се китат тие таму ... малце офф топик извинете али ипак е у вези темава градинки ;)
    а за тепачките деца ко деца кое разбира се ке каже дома кој го удрил го гребнал со која учителка му е убаво ........
    а и мајки уште ова не е се така лошо како што се мисли за градинките се трудат да јаде и секое дете е пресоблечено барем тука ама кога има премногу деца не е можно да се постигне се набрзина кај сите и нешо ке промакне од рака али тоа е зошто да се вработи уште некој се така функционира во државава. за жал ради дефицит од кадар децата трпат...
    извините не сакам да упаѓам у муабетиве само туку сакам да кажам да не се претерува со мислењата дека внатре е до толку лошо и дека никој не се замара си пие кафе и децата ке се тепаат и гребат и слични работи....сепак има граници за се :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И моето беше изапано и тоа на три места една на рачето,една на образот и една на вратот ,кога го видов лошо ми стана,инаку се знаеме лично со мајката на девојчето и ми се извини за тоа исто и воспитувачката сите мислеле дека ќе се гушнат у уствари така го изапала,јас не дигам премногу паника за тоа зошто и моето може некое да апне ако не се случило до сега да направи такво нешто)освен кога му излегуваа заби имаше такви напади на бес)
     
    На redhat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Синко мој со 1 година веднаш тргна во градинка. Две недели се на адаптација и супер ја завршуваме втората. Се почнува два дена по три часа со родите, потем 3 дена по 4 часа. Ако родителот работи, добива две недели платено отсуство за да присуствува. Следната недела, се остава само по час, следен ден час и половина, нареден два пати по 1 час.
    Распоредот им е следен од утро да речеме 8 часот си играат со играчки по свој избор, па месат глина, прават фигури до кај 15 за 10 потем ги облекуваат во скафандер и чизмички,капче и надвор си играат во песка, на ќебенце со играчки. Меѓувреме имаат ужина јаболко, банана, грозје тоа го јадат надвор. Кај 11 влегуваат внатре, полека во групи по 3, (на 15 деца се 3 воспитувачи). Си мијат рачиња, менување пелена, се пее,чита приказна сите заедно па јадат. После 10 мин сите одат во собата за спиење, пригушено светло, музика и си спијат скоро час и 15 мин. Кој не спие си игра потивко.
    Па игра, ужинка, боење, приказни и дома.
    Прекрасен однос дете-воспитувач, полни се со трепние и разбирање, да сега не сум видела некое дете да се истепа или скара со друго, имало плачки за внимание ама после еден мал разговор со нив се поминало. Е вака и во Мк треба да изгледа еден ден во градинка.
    Како ви влијае градинката врз односот со вашето најмило? Кај мене синко е многу порадосен и одвај чека пак да оди во градинка ама и мене како ме гушка после денот поминат таму,милина. Кои се вашите искуства? Дали си играте слични игри и пеете песничи од градинка дома?Дали децата добија нова рутина и како се прилагодија на заспивање во група?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.803
    Допаѓања:
    202.801
    Пол:
    Женски
    Малиов мој веќе трета недела е во градинка. Искрено, не можам да се пожалам. Не очекував дека адаптацијата ќе оди полесно кај него, со оглед на тоа дека има две и пол годинки, непишано правило е дека поголеми деца потешко се адаптираат, посебно оние кои седеле дома сами со мајката. Ама еве, уште првите денови се прилагоди брзо, сака да оди, меѓутоа имаме проблем кога му зборуваме дека треба да оди, кога го облекувам, се противи, се лути, а еве, таму не прави проблеми.
    Го носи свекор ми, јас или мм не го носиме, оти многу плаче. Наутро кога го облекувам плаче, не сака да оди, ама штом стигнат во градинката си влегува сам. Воспитувачката вели дека има криза до кај 9 часот, после веќе нема гајле. Вчера за првпат спиеше таму, а за јадењето и играњето со другарчињата немаме проблем.
    Не сум ја видела градинката, не знам ни менито какво им е, ама детево задоволно се враќа оттаму, ми кажува како си играат, што прават и како се забавуваат. Имаат доста едукативни активности и забава, па мислам дека не му е досадно. Е сега, малку ме загрижува менито, а верувам дека не е ништо подобро од другите градинки, па се трудам дома да надополнам со многу овошје и зеленчук. Уште пред да оди во градинка му давам витаминска бомба од овошја, некогаш со житарици, некогаш без, ама најбитно, секогаш со кокосово масло и мед за јачање на имунитетот. Се надевам дека нема да биде проблематичен од имунолошки аспект, ама допрва зима иде, па ќе видиме. Суплементи не планирам да му давам, освен провитамин Д, кој секако е пожелен во зимските месеци, меѓутоа, ако утврдиме дека има потреба, можеби и ќе му дадам нешто, иако сум строго против хемија.
     
    На Moira, Mama25 и NoellePage им се допаѓа ова.
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Moira ...ова не е прв случај ваков во Македонија.
    Се сеќавам на една случка со една мајка во Скопје исто , тоа исто беше емитувано на ТВ...не се сеќавам мислам дека го имаше на канал 5. Детето беше исто гризено и се претпоставува и удрено. Ама тоа е тоа...децата се гризат...меѓутоа затоа се тука вопситувачките колку што можат да помогнат тоа да не се повторува и с разбира да ги зивестат родителите...што скоро никогаш и не се случува
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Annath и ни се скоро па да не речам иста постава. Еве веќе недела дена малата ми оди во градинка и да не речам адаптацијата ја оекував најмалку 2 недели,со тоа што беше до пред да се породам само со мене и беше доста приврзана и дива со луѓе кои не ги познава.Јас сеуште не сум била да ја земам.Свеки ја носеше првите неколку дена и јаземаше во 12 после ручек пред да си легнат. Првите денови знаела да полаче ама тоа веќе и стана рутина и дома самата си вели - малку си полачувам и после е срамота :) кога ја предава на воспитувачката изгледа ја фаќа срам и заборава. Еве од вчера почна и да спие,то не е случај и дома. Дома се бориме за да легне преку ден и тоа се случувше ретко со плачки. Незнам какво им е менито а искрено би сакала да знам,многу не е јашлива баш вчера кога се слушнав телефонски како е ситуацијата ми рекоа дека дорушекот не го јаде,најверојатно дека и ние дома толку рано не јадеме. Тоа некако ме мачи но верувам гледајќи ги другите ќе се подобри.
    Ана во каква форма синчето го зема витаминот Д? Јас до пред скоро и давав мед со коприва и искрено сама се чудев колку го сака. Сега моментално сме во потрега по добар мед,во најбрзо време планирам пак да почнам да давам. Инаку со имунитетот сме добри сега за сега. А змово ќе видиме како ќе претераме :)
     
    На Annath и Moira им се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Јас искрено,не мислам дека поголеми деца потешко се адаптираат во градинка, баш напротив. Дете кое ќе тргне во градинка во ПРАВИОТ момент, нема да има никакви потешкотии, ниту долгорочни плачки, како дете кое „со сила“ е носено, а не е спремно.

    До сега, јас лично сите ситуации што ги знам на деца поголеми од 2.5год кои за прв пат тргнале во градинка, еднаш не сум слушнала да имаат проблеми со адаптацијата (освен минорните почетни плачења нели :) ).
    Јас сум, ако се има избор, за носење во градинка околу 3 години, не за џабе и многу доктори го препорачуваат како идеална возраст...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    двете деца тргнаа во градинка од 3 години. Претходно беа чувани дома.
    Адаптацијата во градинка им беше супер.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.285
    Допаѓања:
    107.706
    Пол:
    Женски
    Еве да ви се обрати една изреволтирана тетка, можеби сеуште под еуфорија од настаните но многу голема е работата. Нашиве градинки се вистински проблем на денешницата значи.

    Внука ми има 3 години и 3 месеци, здраво право дете, единствениот проблем е што не збори, не комуницира со другите деца и со нас на нормален јазик туку цело време си збори на нејзин јазик, но целосно е здраво дете, паметно, знае да разликува, знае да осознава... Во градинка е буквално оставена сама на себе, си игра најчесто сама, никој не внимава на неа, нема потреба затоа што е незахтевно детенце. Е сеа се дешавало да удри некого, но јас си ја познавам неа, она нема да удти дете од чиста мира, најчесто знае да се закачне ако некој неа прво ја закачи, ако ја испоровоцира некое детенце, иначе си игра прилично мирно. И како најголем апсурд е тоа што нашата малечка сака со сета душа да иде во градинка, никогаш не правела проблеми, не се тегнела, напротив кога после два часа поминати во градинка ја зимаат таа плаче за да остане. Е кажете ми како, како е можно вакво дете да е тешко за чување, како е можно да биде проблематично дете, зарем дете кое цел час може да си црта, да игра со пластелин, да гледа долгометражни цртани, да танцува на песнички, зарем тоа дете е хиперактивно, или од неукост на детето му се лепи етикета за да се отфрли полесно грижата за него. Мојата внука луѓе е едно прилично нормално дете кое сеуште нема прозборено, друг проблем нема. Зарем е најлесно на детето да му се даде таква глупава дијагноза наместо да се поработи со него да се социјализира, да се вклопи во општеството, да напоменеме, тоа дете е со препорака од специјалисти да се продолжи најнормално со градинка, дека тоа ќе и помогне да се опушти полесно.

    Од друга страна во истата населба, малку понатаму во една друга градинка едно друго детенце е оставено да се шетка низ градинка со отклучени врати од кои може да излезе во секое време надвор на улица по која поминуваат коли и автобуси. Таа воспитачка е со дијагноза мили мои, таа треба да се окарактеризира со некоја си дијагноза и да се тресне од земја, а не кога ќе се покаже кон неа со прст да се брани со глупави изговори, со приказни за мали деца, па и тие што ги чува се попаметни од неа, глупачка една. Замислете само, детето без знаење на воспотачката дедото го зел од градинка изреволтиран од тоа што ја чекал воспитачката пола саат а таа никаде ја немало додека детето само се шета низ градинка, и цел ден од градинка да не се јават да прашаат дали тоа дете е во ред, како воопшто да не постои во градинката, како тој ден воопшто да не отишол во градинка, за другиот ден мајка му да ги најде неговите алиштенца и торбата надвор од плакарче. Замислете, детето да не го почекало дедо му, да излегло само надвор, што во тој случај, зарем ќе имало место за изговори тогаш. Не би сакала целата приказна да ја изнесам затоа што не е фер, но ова е срамота со градинките што се случува, ние плаќаме за тие градинки, што за грижата и негата на децата, што преку даноци и давачки кон државата, за некој со нашите деца да се однесува немарно, срамота.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    за ѓал и во градинките и во училиштата се вработува кадар кој очигледно не ја сака, не ја разбира доволно или пак не е финансиски доволно мотивиран за да ја извршува работата онака како што налагаат законите и правилата. Дете кое се уште не зборува на таа возраст нема никаков хендикеп, треба само воља и напор повеќе и од установата т.е. градинката во која детето престојува преку ден. Затоа има служби, таму има и психолози и педагози, пардон, треба да има и психолози и педагози за да посветат внимание сегаде каде има потреба.
    ама кај нас не е така, ние првин одиме на исклучување на сите деца кои излегуваат од некаков шаблон и нормално на
    толеранција на сите проблематични деца кои што имаат родители со
    .
    Се сеќавам и на сторијата на Ребека, кога таа молеше од свој џеб да финансира дефектолог, само за да оди нејзиното дете во градинка.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    ^^Почнаа и таму со дијагнозите?
    Тука мислам дека 99% од децата што се дијагнозирани како хиперактивни, АDD,AHDA итн се само од бесни родители кои не знаат да си ги контролираат децата па ги клукаат со хемии за да бидат мирни.
    Не знам сериозно какви сакаат да бидат децата, онака да ги седниме со нас на маса, да им дадеме кафе и цигара и да тераат бош муабети?
    И моето дете е хиперактивно, мислам дека да го пуштам маратон ќе истрчи ама не го гледам тоа како на нешто негативно, живо си е детето, такво беше во стомакот, таков е и сега, во градинка кога го носев го прифатија како таков и му наоѓаа екстра занимација за да си го потроши тој вишок на енергија што го има, не му лепеа дијагноза, впрочем тоа не им е ни работа.

    Јас мислам дека згрешив што не го носам малиот веќе во градинка, го носев само тие денови кога ни се поклопуваа со мм смените, другите денови си беше дома или кај моите, сега со новото бебе ај си викам да не се чувствува отфрлен ама згрешив мислејќи дека и бебево ќе е исто како брат му.
    Бебево не спие ноќе, очите филџанчиња ги прави иако се имам направено за да не спие преку ден, да си фати некој ред, со него дежурам цела ноќ, таман тој кога ќе заспие поголемиот ќе се разбуди и спиење за мене е science fiction.
    Мм ми предложи веќе само неколку дена да го носиме колку да можам јас да спијам, ќе видиме што ќе биде.Инаку за социјализација не му се секирам има многу деца во комшии, внуците мои помалите секојден се заедно а за рутина и такви работи тие веќе од дома си ги има, не очекував во градинка да го воспитуваат, тоа си е наша работа, на родителите.
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе бидам малку надвор од темата ама морам да кажам. Ич да не се секирате што детето не зборува на три и нешто години. Иста ситуација беше со мојот внук до три и нешто не зборуваше ништо, ништо не го разбиравме, дури ни името не си го кажуваше, ништо ништо само некој неразбирливи слогови. А замисли одеше во градинка од негови 8 месеци, и тоа по осум саати во градинка со спиење, а не само да си поигра со децата. И сите не советуваа да бараме чаре или лек. Боже сачувај едноставно секое дете си има свој индивидуален развоен пат. Е сега има 7 години и сега меле ко воденица и што треба и што не треба ќе ти каже.
    Ист бил случајот со мене и јас имам прозборено на три и пол години. А до тогаш само извици ко мајмунче. Така да немате место за паника, ќе си прозбори. Секое дете е различно.
    А за ова хиперактивноста и јас се прашувам, што нова мода е тоа бре. Ама на секое второ дете му се лепи таква етикета. Па штом е немирно значи е здраво, ако лежи мирно треба да се засекираш да не го боли нешто. Па во наше време кај беа хиперактивните деца во градинките или можеби тогаш немирни ги викаа.
     
  16. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    различно е кај секое дете ама држи вода мислата дека колку поголемо толку е потешко лично глеам како 4 годишни деца имаат порблем со адаптација
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.803
    Допаѓања:
    202.801
    Пол:
    Женски
    Mama25, уште не сум почнала да давам, по препорака на педијатар треба да почнеме кон крајот на месецов, најверојатно ќе земам перли, ако не ги сака, пак со капки, само поголема доза најверојатно.
    Во секој случај, ќе се консултирам уште еднаш со педијатар пред да купам нешто конечно.

    А инаку, за адаптацијата - секое дете е своја приказна. Факт е дека е најдобро детето да тргне во градинка некаде околу третата година, ама не сите можат да си дозволат дома да ги чуваат до три години. И факт е дека колку е помало детето може полесно да се прилагоди на новата ситуација, не дека поголемо дете не може, но некогаш не зависи само од детето. Внука ми не сака да оди во градинка - почна, одеше со радост првата недела, повеќе не сака да оди, бидејќи и било досадно, барем таа така вели. Едноставно, не сака да оди и прави се што може за да го избегне тоа. Не знам која е причината, ама верувам дека има нешто што не го кажува. Нејзините сакаат да пробаат со детски психолог, ама и се плашат да не се затвори детето во себе.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9BD1319 ... 01C0AA9065
    Нови градинки оооо машала браво.
    Замислете во Германија, Меркел и уште 20 соработници да одат ленти да сечат зошто направиле нешто со даноците од граѓаните.
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Само да напишам што прочитав на мени за исхрана за деца до 3 години.
    Некои беа ок, но имаше и леб со намаз од мајонез и кечап, па со кој памет бе такви работи и уште една работа, маргарин јајце и млеко се заедно. Овие работи никогаш не би му дала на моето дете, еј алоо кечап и мајоноз свашта.
    Се изнервирав ептен.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.285
    Допаѓања:
    107.706
    Пол:
    Женски
    Саншајн а намаз, замисли си дозволуваат намаз да го наречат, од ајвар, урда и мајонез, за појадок, за ужинка наполитанки или смоки, сок сано со цефче, маргарин на дете од 3 години :tmi: Затоа внука ми јаде само лепче во градинка, затоа што дома никогаш нема да и дадат нешто толку одвратно за појадок. Смајли што се крсти во темава е најпотребна работа :!: