Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    @LiliBoz cisto prvin ke si pobaras razgovor so rakovoditel, kaj nas posle 16:30 ili 17 ostanuvaat so Edna. Ako ne vrodi so plod i do kaj direktor. Cisto informativno kako se odviva vnatre rabotata pa ako smetas deka e necisto i do inspektorat. Sekogas ke se vadat so nedostig na personal sto e i realno ama jasli bar sekogas treba da e najcisto kaj nas se usisuva I brishe parhet sekoj den vo jasli iako tamu se samo jasli. Sekoja gradinka svoja politika morame da se borime kako roditeli.
    Ete mojot so streptokoka i Peugenis i pneumonis vo isto vreme od kade pa se znae. Za zal svesta e na nisko nivo. Malku so poozbilen razgovor moze in ke se sredi
     
    На NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    чистачки фалат демек? епа не е бе некој огромен простор..
     
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Директно кај директорот затоа што ако не му направите притисок на него нема ништо да се смени. Мајка ми работи во градинка и во нејзината група имаше случај со дете со посебни потреби. Имаше случај каде што тоа дете со посебни потреби нападна друго дете и му нанесе видливи повреди. Родителите се бунеле и свикале состанок со директорот 2 пати тој рекол дека ќе го реши проблемот , но тогаш не сторил ништо во поглед на тоа да се најде решение. Третиот пат свикале состанок со него и по големиот притисок врз него и страв дека случајот може да добие поголеми размери, нашол и ангажирал стручно лице кое ќе се грижи само за тоа дете. Детето со посебни потреби не ништо виновно туку проблемот е што поставениот систем не функционира како што треба.
     
    На SummerGirl и karak им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    "Не сакам моето дете да оди во градинка заедно со дете со посебни потреби" е најжалниот и најдолниот вид на дискриминација. Деца постојано си нанесуваат "видливи повреди" едно на друго во градинка. Убаво е да се реагира, лошо е условот за таквото реагирање да биде тоа дете да биде одделено од другите деца.
    Многу грдо постапиле родителите. Ако тоа дете е способно да оди на градинка, и на куче ќе му објасниш дека не треба да каса, а не на човечко суштество.
    Се изреволтирав ептен од тоа колку затуцано општество сме и сами се дискриминираме меѓусебно.
    Јас да сум на место на директорот ќе сум го испишала детето на родителите кои решиле дека им смета детето со посебни потреби. Ако им смета - нека си најдат друга градинка.
     
    На blackwave, azelea, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе во потполност. Но погледни малку од страната на вработените во градинката. Тие не се обучени за работа со деца со посебни потреби, а градинката не ги исполнила потребни услови. Детето со посебни потреби имаше потреба од стручно лице кое ќе работи со него и кое ги разбира неговите знаци и реакции. Поради тоа реагирале родителите бидејќи градинката не ги исполнувала условите. Едноставно тие се загрижиле и за своите деца, но и за самото дете бидејќи доколку не му се пружи потребната помош и разбирање од стручно лице кое ги разбира неговите постапки целиот процес на социјализација ќе биде залуден. Се согласувам дека не треба да се дискриминираат децата со посебни потреби, но мора да им се овозможат потребните услови ако сакаме да бидеме нормална држава.
     
    На blackwave, Lolipop23, Mari-Ja и 4 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Ако препрочиташ уште еднаш, ќе видиш дека воопшто не се работело за тоа дете да се отпише од градинката. Децата со посебни потреби кои одат во редовни градинки и училишта, треба да имаат надзор од дефектолог само за тоа дете. Тоа е пред сѐ за нивно добро, а и за доброто на другите деца. Треба да знаете дека некои од тие деца се доста агресивни, и не се работи за разбирање или неразбирање, туку тоа е состојба ичи болест која си бара дополнителна грижа и безбедност. Инклузијата подразбира вклучување во редовната настава, заради социјализација пред сѐ, но сепак да има стручно лице кое ќе се грижи дополнително за детето со посебни потреби. Не знам кој родител не би реагирал доколку детето му е физички нападнато, особено во таа ранлива возраст. Крива е институцијата што не обезбедила дефектолог, или евентуално родителите на детето. Мислам дека со инклузијата во Македонија, родителите треба сами да обезбедат. Инаку воспитувачите и наставниците, не само што не се обучени за пристап кон вакви деца, туку и не можат да се посветат подеднакво и на едните и на другите, од причина што, ете може да се случат и вакви инциденти. Во секој случај, губат и едните, и другите доколку нема дефектолог.
     
    На Lolipop23, zuto, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сега тоа дете е се уште во група со другите деца, или целосно одвоено?
     
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Не може да биде одвоено. Заедно е со сите, само покрај воспитувачка и негователка, има и дефектолог кој се грижи за него. Тоа е всушност инклузијата.
     
    На karak и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јасно ми е што е инклузија, ми недостига моментот кај што родителите на тоа дете барале дефектолог. Не се ли тие свесни дека треба, дека тоа дете не може без работа со дефектолог? Како го пуштиле во градинка во која нема дефектолог?
     
    На Harper и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Не е целосно одвоено од групата, само за разлика од претходно сега за него се грижи стручно лице и има мали подобрувања на неговата состојба. Инаку детето има оштетен вид и слух, не зборува туку само испушта звуци и вика многу гласно. Кога има такви панични напади односно кога вика многу гласно , стручното лице го носи во дворот за да не им пречи на останатите и за да може да се одвиваат активностите во групата.
     
    На DAngel и NarCis@ им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам. Има секакви случаи. Не знам дали се работи за неинформираност или друго е во прашање. Мислам дека градинката прво требала да ги информира, па и да ги услови. Знам дека во училишта каде што има еден дефектолог, не е проблем, освен ако бројот на деца со посебни потреби е поголем, тогаш не знам како го решаваат. Ама таму каде што нема, родителите сами плаќаат по саат стручно лице да се грижи за нивното дете. Кај некои можеби се проблем финансииите. Ама во секој случај, за вакви деца, дополнителна грижа мора да има.
    Едит: Морам да додадам, дека законот за инклузија кај нас, е тотално неиспланиран ,нефункционален и контрадикторен. Од една страна ги вклучуваат тие деца во редовна настава, не им обезбедуваат стручно лице, а тие што сами си носат од надвор, значи лице кое не е вработено во образовната институција, прекршуваат закон, бидејќи надворешни лица не смеат да присуствуваат на настава.
     
    На blackwave, RAF Camora, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Родителите на тоа дете не сториле ништо за да му помогнат. Се убедуваат самите себе дека тоа дете ќе почне да се развива и ќе му се подобри состојбата сама по себе. Сите ги советуваат да се обидат да побараат помош од доктори од странство за да им кажат дали и на кој начин може да му се подобри состојбата. Едноставно го пратиле во градинка за да може да си ги бркаат бизнисите, бидејќи се работи за луѓе кои имаат средства и доколку сакале до сега ќе стореле нешто за да му помогнат на тоа дете.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Тоа и јас мислев, никако не ми е разбирливо да го пуштиле родителите детето во градинка ако нема стручно лице, затоа веднаш претпоставив дека е неоснована дискриминација.
    Знам дека има проекти со кои се ангажираата млади дефектолози и психолози за некоја минимална накнада, како волонтери...
     
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Таа градинка има недостаток на кадар на секоја работна позиција. Проблемот е што не е само таа градинка . Во сите имаат недостаток на кадар, бидејќи како што велат градинките имале недостаток од финансиски средства.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Каква минимална накнада, волонтери, тоа кај нас го нема и не треба да го има. Министерството треба да си го реши проблемот. Не може да наметнува нешто, а нема никаква стратегија како ќе се спроведе тоа. Таа работа е тешка, одговорна и исцрпувачка, ја би им дала на дефектолозите и бенефициран стаж, ако ме прашуваш. Со здрави прави деца работам, се исцрпувам, не па вака.
     
    На blackwave, Lolipop23, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Знам, ама е и деликатна работа. Се стекнуваат со искуство и по завршувањето на обуките и праксата се вработуваат.
    Туку друго ми беше муабетот, сакав да кажам дека не смееш да кажеш дека нема дефектолог, со оглед на тоа што има невработени дефектолози.
    Родителите требало да си поведат сметка за детето, градинката не смеела да го прима без дефектолог.
     
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Накратко, вака оди тоа: градинката бара работна позиција пр. дефектолог, министерство ти вели на тоа дека нема пари. И така е за сѐ останато: воспитувачки, негователки, чистачки итн. Е сега, градинката мора да го прими детето, пошто законот е таков. Затоа пишав погоре, законот е неосмислен и нефункционален, за сите, и за образовните установи и за сите деца, затоа што сите се во право и сите не се во право.
     
    На karak, Kitten, RAF Camora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    На дете со посебни потреби не му е местото каде што нема доволно стручен кадар за деца како тоа . Не може негувателка што нема школо од таков вид да знае како да се однесува и како да постапува со него. Нема да има никаков прогрес детето и тоа не е ок.
     
    На TarantulaA, Lolipop23, RAF Camora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.429
    Допаѓања:
    183.893
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали и како ги мијат нокширите на децата после употреба. На малата после секое мочкање/какање ѝ го мијам, и тоа што е само нејзин, ама таму претпоставувам немаат свои. Отсекогаш ми било ова мисла, некако многу ми е страв од уринарни инфекции :worried:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Во градинка немаат нокшири колку што знам. На шолја седат, а шолјите се помали од стандардните, т.е се прилагодени за нивна висина. И сигурна сум дека ги чистат секој ден.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.