Кажете искуства кога ке им се смени воспитувачката. Како реагирало детето? Што да му зборувам. Од септември ке им менуваат и занимална и воспитувач. Се секирам како ке реагира.
Неме зезај се плашамдека нема да има место и ќе нема кој да ми го чува. На нероден петко планови се кројат
Одма штом се породиш, од болница мт нека оди да ја/го запише. Јас ја запишав на три месеци и ми рекоја касно е веќе беше 48 на листата.
@monik55 штом ќе се роди и ќе направите 2 месеци ќе си отидеш во градинка кај шефицата на клонот/градинката и ќе збориш. Јас за да тргне за 7,5 месеци ја запишав кога имаше 2. Разговарав за периодот на адаптација.Тоа тргна во градинка на 7,5 а до 9 ( додека ми траеше породилното) ја носев најпрво по 30 мин...па еден час...и се така до полно работно време. Ни за тебе ни за детето тој период не треба да е шок.Што е можно поблага да биде разделбата. Ќе ти кажат какви се правилата на исхрана и престој таму и ќе те подучат на што да го навикнуваш уште пред да го однесеш.
Мајки во потврдата што ми ја дадоја од советувалиште за в градинка пишива дека ја нема примено ммр вакцината. Дали имате искуство дали прават проблем или не обрнуваат внимание во градинка кога ќе ги носам документите?
Кај нас воопшто не го имаа во предвид тој момент. А @LiliBoz ако не се лажам, прагот/границата за ММР сега ко да е продолжена до некоја година плус од што беше Мојов за неколку дена 4 ќе прави, уште ја нема примено...
Кога тргнавме во градинка ни побараа потврда за ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС, сеуште ја немаше детево примено ММР, зашто имаше 7,5 месеци. На 13 ја прими, среќа без проблеми. Од тогаш ни немаат побарано таква потврда.
И мојава ја нема уште примено,а уште неколку месеци и 4 ќе прави ,а во градинка не ми побарале ништо,во нашата група скоро половина ја немаат примено.
И јас ќе прашав за потврдата, на мм му рекле денес можеме да ти дадеме потврда дека не е уредно вакциниран (20м е синко и ги нема примено само ммр и дтп на 18м што се прима). Утре треба јас да одам да видам. @kiki_riki ако сакаш прати по лп како изгледа таа потврда. Бидејќи неуредно вакциниран може различно да се протолкува?
Се чувствувам како пред да се породам цела во прашалници еден куп прашања Кажете ми со што им ставате на нозе за во градинка на дечињата. Малата не е проодена, па дали да ја пуштам по чевличките од кеги ( да не и е жешко) или топлинки. Или нешто сосем трето.