Не верувам дека се до толку. Не верувам дека сепак прават нечовечни грешки до тој степен за да се назначат како монструми. Јес да има отстапка најпрво ради неуслови па после до самиот карактер ама да се изживљаваат на таков начин со бебиња не верувам, има секогаш исклучоци за жал што читаме по светов нели ама не верувам дека 90 посто од градинките се нечовечни кон бебињата.
Оф мајки ова не се тропи повеќе.Малата еве како втора недела е во нова група ама не да плака се дере .На место секое одење помалку да плака таа се повеќе плака.Кога бевме на адаптација претходно не плакаше ни 1/8од сега.До сега со ќеф одеше на градинка.Сега од дома не дава да ја спремам плака уште од дома.Сте имале ли ваков случај со децата да не сакаат да одат во новата група и колку време трае ова плакање т.е адаптацијата?
Како ме биде, не знам. И зборувам заградинка, дка е убаво, деца, ова она... ама не била одвоена од нас, освен еден период баба и кога ја чуваше. Толку ми е страв... тоа очите полни солзи, како ќе не биде... сака деца, сака нови играчки, знам дека мора еднаш да се одвоиме, ама знам дека ќе плаче и срце ми се кине. Се осеќам толку беспомошно. ЗНам дека мора да оди и знам дека многу ке плаче. Како да и помогнам одвојувањето од нас да не го сфати претешко?
нема да плачеш кога ќе ја оставаш. напротив, ќе и кажеш дека мама ќе се врати откако таа убаво ќе си поигра со дечињата. никако не смее да осети несигурност кај тебе. сигурно градинката има психолог, зборни со него. јас месец дена пред да го носам правев муабет баш зашто бев како тебе. душа ми се корнеше. со аритмии одев го носев. после му фатив ред. знаеше дека дома кога ќе дојде го чека спремен сок и мама ќе донесе играчка. секој ден така. количка некоја поефтинка и омилениот сок на кревет го чека. првата недела плачеше, втората вриштеше третата веќе не одевме поради здраствени проблеми. потоа кога почнавме пак некако беше-аха, ова ми е познато, ќе ме земе мама...
Пред неа ќе се ,,одушевуваш,, гласно од играчки, од дечиња, од воспитувачки. Спреми се дека ќе плаче на разделбите, голема е веќе и неможеш да ја излажеш баш. Ама пред неа слабост-никако. Вешти се воспитувачките, знаат како да ги заиграат за да заборават. Размени телефон со некоја од нив колку да прашаш дали плаче и дали е се во ред.Да си мирна и ти.Зашто многу е тешко кога цел ден на работа се осеќаш несигурно и нервозно и по цел ден мислиш на детето. Со среќа да е и со лесно.
Па ни рекоа дека ако не може да се смири ќе ни се јават да ја земеме. Се плашам трауми да не има, оти е многу осетлива. Уште ми кажува на една улица кога ме барала со татко и ( а јас влегов у продавница) и како викале, мамо кај сиииии, и после она трчала и сме се гушнеле и ме нашла. А ова беше пред 7-8 месеци. Толку е осетлива. Ќе купам играчки, сега ново и е лижалче, прв пат проба деновиве и среќна е кога ќе види. Ќе пробам секако, се надевам винава ќе ме одбегне до понеделник.
Ќе и кажеш мама оди да ти купи лижавче. Негувателката на син ми кога бевме во болница (бевме во контакт цело време) ми велеше-следно дете од 8 месеци да ми донесеш!!! Баш поради тоа. Еве од себе ќе ти кажам. На 5 год ме запишаа во забавиште. Плачев рикав. Татко ми надвор да стои и јас на 15 мин ѕиркав дали е таму. Имам 30 а уште го памтам тоа. Не ме сфаќај погрешно не сакам да те извадам од памет, нормално е детето да е тажно и да плаче. Ама ако не е сега после за во школо ќе плаче. Не можеш дома да го чуваш до 18 нели? Ќе ти биде тешко, ќе собереш сила и ќе одиш да и купиш лижавче... полека ќе се навикне. стискам палци за вас.
Јас на 4 почнав у градинка, ама освен тоа што ме будеа рано друго океј ми беше. Ама па јас растев со цела фамилија, ова само со нас. Ајде со Господ напред, ќе не биде.
Сфатете ме како сакате, ама колку порано детето тргне во градинка, толку подобро. Ова од искуство. Имам работено со деца. Побрзо се адаптираат помали.
И јас потврдувам, побрзо и подобро се адаптираат помали. И малово треба од септември да тргне во градинка, и мене страв ме фаќа како ќе биде. Ама мислам дека децата полесно се привикнуваат на новата ситуација, отколку ние мајките.
@Cka мојава тргна на 9 месеци,плачев кога ја оставав,срце ми се кинеше,а она поплака две три недели на оставање и толку беше,не мисли така дека трауми ќе има,ако ти е за утеха јас мислам дека од моето девојче поосетливо нема и исто ние сме сами со мм двајцата без баби и дедовци.Еве сега е 3,5 години и е пресреќна во градинка,со задоволство оди ,ни во лето не прави пауза освен за одмор или ако поседи кај бабите по една недела две. Ќе и збориш убаво за градинката,дека мама и тато мора да работат за да купат тоа што им треба (ова дека ние на мојава и го збориме и она знае ) и дека ќе и биде убаво со деца. А вистина е дека поголеми малку потешко се адаптираат од тоа што гледам кај ќерка ми во градинка.
И јас го спремам малиот за градинка. Неколку дена по ред зборуваме како ќе оди во градинка како таму ќе му биде убаво, ќе си игра итн итн. Сабајле јас на врата слушам како на баба мѕ раскажува дека ќе одел во градинка и убаво ќе му било со деца ќе играл. Малку е приврзан со нас и осетлив многу па мислам дека ова е позитивен знак. Е сега ставен е во група каде ќе биде најголем, а најмалото дете во групата ќе биде година дена помало од него. Малку ми е мисла како ќе ја прифати таа ситуација зашто не сака со помали да се дружи. Поточно сака да се дружи со деца што зборуваат бидејќи и тој прилично зборува за својата возраст. Има 2 и пол години а врзува реченици од 5-6 збора. Сега ново почна да раскажува делови од приказни и зане да каже по една строфа од детски песнички. Не знам дали да пробаме во оваа група каде што има деца од година и по до две и пол или да барам да го стават со поголемите каде реално би бил најмал.
И јас објаснував дека мама и тато ке работат, и она ке си игра и кога ке се наигра ние ќе ја земеме и викаше сакам, сакам, и сега ми вика нејќам одам градинка, тато мене гушка. Шо и се сврте не знам.
И мојава од наредната недела поаѓа во градинка. Нозете ми се сечат кога ќе помислам. 11 ипол месеци има, сака деца, сака да си игра.15-16 дечиња се со 2 негувателки. Ама многу ми е страв, особено зашто многу се приврза за мене во последно време.
Мајки само позитивно,секој почеток е тежок,ама они се прилагодуваат побргу на промените од нас,јас мислев што и како ќе биде ама и второ дете пак би го пуштила помало во градинка ,доколку нели нема посериозни здраствени проблеми.
Kako organizirate vakciniranje i gradinka? Nelintreba da se skroz zdravi (a toa malju potesko prvi meseci) i plus se poosetlivi koga ke primat. Sega pocnuva i mojot, 2 godini e, ama samo 2 ima primeno. Sestovalentna i revakcina nema. Mmr ne ja racunam Isto i malava mi e 7m i ona nema nisto primeno, a racunam ke ja fakja od brat i sekoja bolest.
Моиве сите вакцини ги имаат примено. Тоа дека треба да се примат сите вакцини, нема врска. Најбитна е она Дитепер (знам дека го утнав името). Мислам на онаа вакцина кај што треба уште 2 да ја примаш, односно да се ревакцинираш. Ако детето нема никакви вакцини, се потпишува изјава. Во некои градинки така е.
Муабетот ми е, сакам да ги прими ама фрка ми е ради болестите беља да не направам. Пак ќе треба да си одложувам