Абе ненормална работа, а што викаш за ужинките, катастрофа. Децава се гладни за греотка, па кај иде леќа и јајце бе.....страшно и жалосно.
Не се криви воспитувачките па можеби и Управата колку што е криво министерството. Зошто? Затоа што таа набавка оди на тендер а од друга страна лимитирани се со пари колку им пуштаат за таа набавка. И потоа на аукција има негативно наддавање и тендерот го зема оној што понудил најниска цена. Згора на тоа кога го потпишуваат договорот и кога ќе се направат реални пресметки од страна на добавувачот, се види колку е саат и како забелешка стават дека ако некој продукт е во недостаток се заменува со тоа и тоа а вишокот на пари оди во нечиј џеб. Од друга страна исто така може да биде и грешка во таа комисија на јавни набавки што ја прават. Ако точно се прецизираат техничките спецификации во набавката и се направи квалитетен договор не би требало да има такви пропусти. А да не кажам па уште како работат ,,оние,, за контрола на квалитет... Жално, но вистинито. Пробајте преку Одбор на родители да реагирате па можда и нешто смените. Навистина леб намачкан со кечап или мајонез за појадок на деца до сега немам видено па ни чуено.
Точно е дека не се криви воспитувачките, но за тие пари што ги земаат градинките, не смеат да немаат пари за соодветна храна за децата. Еден ден ќе седнам и ќе го напишам целото мени имам 2 варијанти. Бараат се, тоалет, марамици, салфетки, чашки, пелени...и за 5 дена за дете кое седи 3 часа во градинка велат дека се тоа потрошило. 72 влажни марамици за 5 дена???? со менување на 1 пелана на ден? А да не зборам дека секој ден е мокар од глава до пети, и со полна пелена. Сериозно мора нешто да се смени во врска со градинките.
Незнам дали ви е кажано на родителски дека вкупно месечно за 1 дете е 7500ден (ако добро се сеќавам кога моето одеше во градинка) од кои министерство (а можеби сега и се под локална самоуправа) покрива 5000ден а тие 1500 т.е 1490ден ние самите ги покриваме.
Па тогаш тоа е премногу, ако земаат и од министерството. Уште по срамно е така. Не сум знаела за ова, најискрено. Зошто тогаш толку мизерни плати имаат и се жалат воспитувачкиве? 7000*20 тоа е 140 000 само од една група, воспитувачките се еве да заокружиме на 20 000 *2 значи 40 000 каде одат останатите 100 000???? Само од една група пак ќе кажам. Стварно не ми е јасно.
Ве молам ЗА СОВЕТ ИТЕН или РАЗМИСЛУВАЊЕ ОД НЕКОЈ СО СЛИЧЕН ПРОБЛЕМ! Со моите деца немав проблем со адаптација во градинка. Арно ама ви имам пишувано за моето внуче кое на 2години и 8 месеци се уште не зборува многу.Мислам збори ама не многу. Нејсе! го запишаа во градинка и сега оди на 1саат за да се навикнува полека и ОДМА ДИЈАГНОЗА Првин беше хиперактивен, сега не ехиперактивен туку имало непто друго некоја друга дијагноза ама не е нивна работа да кажуваат...у превод носете си го детево кај психијатар?:?!„ А зошто? Затоа што цело време сакал да си игра со играчките во ходник, не сакал да јаде и ја буткал храната и сакал да трча низ ходник. А да..и да не заборава не можеле со него да комуницираат демек АУТИСТИЧЕН Е! АМАНАМААМАМААММА АМАН!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Фајтер, сакам да ти кажам само едно, знам како ти е, во истата ситуација сме и ние. Односно мојата внукичка која има 3 годинки не зборува и е дискриминирана во градинка, и покрај сите инсистирања на докторите не ја пуштаат цел ден во градинка бидејќи не збори. Веќе одат на лекар за оваа ситуација и кај нас е ваква слична ситуацијата меѓутоа од таму и сугерираат строго одење во градинка. Најстрашно е што внука ми многу сака да иде во градника, плаче за да останува повеќе, ама овие се оградуваат. Нејсе, бидете упорни, не смеат да го дискриминираат детето. Можеби ќе ви звучи чудно ама морате да превземете нешто и со зборењето, ние си мислевме добро е ќе прозбори ама малата наполни 3 години и 4 месеци веќе а не прозборе. Излезе она што е најстрашно, но мораме да се соочиме и да започнеме да работиме на проблемот. На нас може да ни е најтешко да се соочиме ама вистината е таа. Имало некој доктор Пешиќ, на Водњанска, еве ако некој знае нешто нека пише, имало убави искуства со него, доста помагал во вакви случаи. Јас многу се борам за правата на внука ми, преку организации и слично, има една Маја Лазаревска на фб има своја група За подобри услови во градинките, мислам дека и она може многу да помогне. Обидувај се секако, не е фер децата да се дискриминираат и да се делат никако. Пиши ако има нешто ќе ти помогнам.
А најстрашно е што таа “дијагноза“ му ја лепат на детето до крајот на школвањето, по ново досието од градинка те прати до 4та средно, внука ми до крај ќе биде дете со пречки во развој, глупаци едни низаедни. Мојата внука не ја пуштаат у градинка затоа што не збори, а дете што мава секој ден другарчиња нема проблеми и може а иде во градника. Срамота. Внука ми е едно толку интелигентно детенце, да ти е мака да не посакаш да и помогнеш, ама овие глупачкиве тешко им е да и посветуваат внимание. Тоа е!
Не знам кој ја поставил таа дијагноза, ми личи на лупната од ракав, ама не е во ред, и сигурно има меродавни лица кои ќе го проценат тоа, но очигледно, персоналот во некои градинки оди на работа колку да не седи дома. Нели им е работа да се грижат за децата, какви што се? Да им помогнат во социјализацијата? Angelof Arh и fighter - а да ги сменат градинките? Сигурно има други градинки каде што има солиден персонал кој што ќе може да се потруди околу децата. Јас барем тоа би го направила, да се работело за мое дете, макар и во приватна градинка да го пуштам. Финансиски е тешко, ама барем да се знае дека детето е згрижено како што треба. Јас искрено сум презадоволна од воспитувачките во групата на син ми во градинката „Пони“ во Хиподром, клон на „25 Мај“. Малиот е во прва мала група, најмал е меѓу децата, а 23 се во групата вкупно. Немаше место во јаслите каде што по годините припаѓа, ама искрено, мислам дека има бенефит од ова што е со постари деца, башка што кога, здравје Боже, ќе дојде време за училиште, ќе биде со деца што се родени 2010 (а тој е роден во март 2011). Особено ми е драго што после месец дена во градинка покажува поголема иницијатива за самостојност, не дека претходно не ја покжауваше, ама сега е особено изразено. Оваа недела не оди во градинка поради конјунктивитот што го закачи, истата бактерија што ја има во очите ја има и во носот, па денес повторно ќе му правиме брисеви за да може од понеделник да оди пак. Се надевам дека ќе сака, не за друго, деновиве многу беше залепен за мене, поради тоа што не се чувствуваше добро. Другото што ме загрижува, но ситуацијата е мрдната од мртва точка - храната во градинките! Конечно, има напредок, ќе се обрне внимание на воведување на поинакво унифицирано мени за сите градинки кое би требало да го изработи нутриционист и да содржи поздрава храна отколку ова што сега им се дава на децата за јадење. Само се надевам дека ова нема да остане само иницијатива, туку ќе има и резултати. А за тоа сигурно ќе се погрижиме ние родителите, и добро е што на фб има група токму за оваа тематика, па кој е заинтересиран, бујрум, да се активираме повеќе!
Нај лесен им е тој изговор за да се оправдаат за тоа што не можат да се снајдат со некое детенце. Ист проблем имам во близина. Детево 3 годинки има, не зборува уште. Нема аутизам проверено е, а тие, цело време зборат како тоа они имале деца со аутизам, како знаеле они како треба, демек ја бутнал негователката а таа паднала(замисли дете од 3 год да има толку сила да бутне буквално жена). Па да го бркаат од градинка. А со детево може да се излезе на крај, но секако немирно е како и секое детенце. Јас стварно не знам што имаат у тоа главите. Уште ми попуваат дете не се удирало по раче одозгора таму нерви имало, не знам таму што ќе му се случело. Кои се бе тие да кажуваат такви работи???????
Фала ви, НАЈМНОГУ НА СВЕТ! Јас сум многу загрижена, ене ја мајка му плаче се треска од земја...мислам...не знам што да кажам. Јас им викам да го носат во центар за ментално здравје па таму да се види, ако нема ништо , ушто подобро , со тапијата на тие у градинка у ФАЦА. Ам еве и да е хиперактивност и да е тоа ХДАД...како ли се вика, па не е тоа начин. Испаѓа муабетот, аааа ова дете е многу активно, сака да трча и неможеме со него да излеземе на крај и ајт сеа нека си оди! мислам ако од 1 саат им е тешко , тогаш баба му што го чува дома, по 8 саати треба самоубиство да изврши?! да се откажат сите од него?! Многу е лош начинот.Тое од градинка треба да смирено да му соопштат на родителот, на пример дека се загрижени за однесувањетом, дека можеби има нешто во однесувањет да се направи консултација ос педагог психолог ли кој и да е таму во граиднката...а не да те викнат да ти соопштат дијагноза... во оваа држава НИШТО не функционира, а најмногу се она што е финансирано со пари од граѓаните
И уште едно прашање. докторот што Angel of Arth го спомна на Водњанска...за што е? психијатар е или ? специјализиран за деца ли е? Те молам пиши...ќе ни остане цел викенд косите да си ги кубиме сега од нервози по дома...
Најлесно им е да опнат дијагноза АДХД или како и да беше, јас колку што знам, тоа го измислија западњациве за да испитуваат нови лекови на децата. И син ми е прилично активен и темпераментен, место не го држи, па ниедна воспитувачка или негователка не се пожалила дека не може да излезе на крај со него. За жал, не сите се создадени да работат со деца, а во нашава држава сите знаеме како одат вработувањата во јавниот сектор, не е битно дали те бива или не, битно да имаш книшка. Ич да не се нервирате, ако мислите дека има потреба, носете го детето на психолог. Сигурна сум дека ќе ви потврдат оти детето си е нормално.
Читам и не можам да поверувам со кое право така си дозволуваат да етикетираат мали дечиња. Ако не збори некое детенце треба да се превземат одредени мерки во консултација со стручно лице, а не туку така да се воспоставува некоја си „дијагноза“ на здраво, право детенце. Инаку сакам да додадам дека знам случај со едно детенце( внук на моја познаничка) кое не зборуваше до 5 годишна возраст, се разбираше, комуницираше со луѓето на негов начин, но никако не зборуваше. Сега детето е 8-9 години и тетка му вика малиов наш уста не затвора Така на сите ви препорачувам трпение, консултирајте стучни лица, правете некои соодветни вежбички, дечињата ќе почнат да си зборуваат.
Син ми оди во градинка. И тоа во истата каде што работам. Не сакам да го праќам во градинка, ама морам. Нема кој да го чува. Децата што одат во градинка се подложни на настинки. Така е и со син ми. Откако почна да оди во градинка, се разболе. Постојано му давам антибиотици. Инаку, задоволна сум од неговите негователки (моите колешки).
Само да пojаснам, внук ми зборува ама не скроз.Се уште не врзувс реченици туку со еден збор кажува, на пример вода, ако му се пие,па ке рече Сака ако сака нешто или даj ако бара нешто... И многу е активен кога е нсдвор,а кога е дома е ок,си игра,пее и итн.
vaka moeto dete ima 5 godinki dodeka neodese vo gradinka neznaevme nastinka sto e, no od koga pocna ne znaeme sto e da bide zdravo ili imame zakaceno bakterija, ili nastinka ili alergija toe strasno, sega nekoj period nema da odam na rabota i resiv da ja otpisam, podobro da sedi doma otkolku da mi e bolno sekoja nedela