Ај тие големите ги редат ко војничиња и мижат. Ама во јасли како ли ги успиваат?! Думкај едно, заспиј го, остај го, земи друго... Едно викнало, сите станале. Хор!
Тешко дека ги думкаат. И мене тоа ме мачи. И мојата заспива со нишање ама секоја навика има и одвика ( се тешам сама)
Не ги думкаат, бидете сигурни. Некое ќе си плаче додека не се премори и заспие, друго дете нема воопшто да заспие. После некое време се навикнуваат и во галамата си заспиваат Греотка се, ама па се приспособуваат, без гајле.
За прв ден за половона час или час треба топлинки или? Сега е оретопли нз што да купам за првата недела? А брис бараат сега? Мрне ми кажаа дека треба па се слушнав со директорот минатата недела ми тече сега не бараат , за во аеродром зборувам? Ми рече однеси ја во 9 првите 2 3 дена. Ваше мислење?
брис секаде бараат пред да почне детето ама да не е постар резултат од недела дена. Јас во септември по чорапи го оставав на адаптација. Го носев во 9 (после доручек) и седеше половина час.
За жал групите се преголеми за некој да го ова, а убавои би било, сошто не , и уште не знам што,. Не би било проблем цуцлата да ја спакуваш во кутија и во ранче, а воспитувачката која би била запознаена со специфичните потреби на секое дете да му ја даде пред спиење и ја врати на место. Ама, на 40 деца и да сакаат нема да . И мене ми рекоа дека не треба брис. На другарка и почна од пролета или летото не им земаа. Najubavo prasaj si vo gradinkata. Jas taka napraviv.
15-16 дечиња се со 2 негувателки. Мислам дека е добро со оглед дека во другите градинки овде на толку дечиња има 1 негувателка.
Малиот почнува од октомври па веќе почнувам да се тресам како ќе биде со оглед на тоа што е многу приврзан за мене, а и не заспива со никој друг освен со мене. Знам дека многу ќе плачи и ми е страв дали воопшто ќе се навикне. Битно ние почнавме да се спремаме, па ќе пробаме.
Zdravo .. ajde i jas tuka da se priklucam .. epa vaka moevo e 9 meseci .. utre ke ode vo gradinka a sepak uste go dojam .. e sega dali kako za prv den da go ostavam pola cas tamu ili .. a planiram sabajle da mu dadam da cica malku pa da ja odnesam .. iskustva nekoi ???
Нека цица прво па однеси ја. Првите денови пола час, час нека седе таму . Јас не ни планирам да ја носам уште првиот ден туку во текот на неделата. Утре ептен гужва ќе има
Во јасли ги легнуваат во креветчиња и сами засиваат,цуцла и мојава цуцаше само за спиење и ни дозволуваа,а после постепено они таму ми рекоа ќе ја одвикнат и додека јас дома уште и ја давав за спиење они таму ми викаат аа па мајка она одамна без цуцла овде спие,така и јас ја фрлив.Во градинка се навикнуваат на се,и цуцли и пелени се ќе фрлат од таму и сами ќе се научат да заспиваат,јас зошто ја благословувам . Туку кај нас оваа година 37 деца на список ,Господ на помош една воспитачка една негователка ,а просторот мал,мал што да ви кажам ќе се угушат и само 30 креветчиња,ги жалам учителкиве искрено. Среќно на сите што почнуваат во градинка
Збунета била. Којзнае колку е исплашена. Јас повеќе, татко и бетер, ама прв ден е. Многу ми е жал, мноооогу,. Ај, сите деца така растат. Мислам дека ќе има чувство дека сме ја напуштиле. Ќе ни биде лута.
Ние денес истеравме прв ден. Отидовме јас и тој, спремни со ранец. Стигнавме и се беше супер се додека на вратата излезе воспитувачката со расплакано дете па мојов реши не сакам да влезам. Го гушнав и го предадов. Слушнав почна да плаче ама од внатре се слушаа многу различни плачења па не можев да видам дали прекина да плаче или не. Јас искрено ги прежалев вработените коњски нерви им требаат на толку плачки. Мене за пла саат што поседев ми стана пребучно и тоа надвор како ли им е нив. А се обидуваа да ги анимираат, во сите простории се слушаше песнички, коцки и слично. По околу пола саат ете го мојот гоносат надвор малку расплакан, почнал да ме бара и се испотил во косата. Се објаснивме дека секогаш така се поти да си знаат за нареден пат. Се погушкавме пред градинката и му објаснив дека иако не ме гледа јас го чекам надвор, му покажав каде седам да го чекам па почна да се фали дека редел сложувалка и добил петка (на рачето имаше смајлил со пенкало). Рече утре ќе им кажел и на другата рака да му цртаат. Мислам дека за прв ден е добро. Мене па не ми е жал што ќе оди во градинка. Некако мило ми е. Си викам порасна детево да си оди во градинка. Некако убаво ми беше. П градинката накитена со балони им беше мене убаво ми се виде. Сега за сега го пуштив со летните сандалки да биде внатре (тие за на плажа/базен гумените). Си викам ај додека трае адаптација со нив па потоа ќе видам што ќе купам односно какво ќе биде времето и кое бројче топлинки ќе му треба. Инаку не знам што се треба за во градинка веројатно од таму ќе ни кажат што точно ќе им треба за понатаму. Сега за сега однесовме само чист брис и потврда од матичен.
леле заврши прв ден. 4 саати. И дале подароци за дома, балони, моливи, шољичка...., си играла со децата и пеела, малце јадела од ручекот,не сакала појадок, учествувала, среќна била, сакала пак утре, и се расплакала кога и рекле татко ти дојде, изглда од возбуда или радост. Ах срцка Поминавме прв ден. Од утре поубаво