^ Колкаво доживување е за неа тоа. Сега само позитивно за " динката". Леле колку е убаво и јас сакам Аууу утре пак со децата ќе си играш Браво,пак поклони ќе добиеш. ... Па ќе купиш еден сет од Џамбо и ќе го исечеш со ножици на неколку дела, па секој ден на земање изненадување ќе и даваш зашто била умна.Еден ден две тенџерчиња, па тавче и кутлача... Да препорачам: 125 ден се сетовите за девојчиња за во кујна.Имаш за 125 ден за цела недела по два сада да и даваш изненадување-награда
Da prasam dokolku nekoja majka znae..jas malata ja zapisav vo gradinka i pirmena e vo jasli od prvi septemvri ..megutoa ne planiram da ja nosam sega za sega..da ja otpisam nesakam pa kolku se plaka mesecno dokolku ne odi a da i stoi mestoto..
Ќе пробам и тоа. Денеска и купивме лижавче и бевме да купиме кифлички какво што сака и на лизгалки у парк. Се што и е омилено. Сега сакала утре пак да оди да си игра. Сабајле ќе видиме )) леле возбуда упм. Како ќе ме биде кога ќе оди со прв дечко на состанок )))
Истеравме прв ден во градинка, 2ипол саати издржа. Кога го земавме сирото беше отечено и црвено и отечено во очињата учителката вика демек не плачеше многу, битно два пати јадел и доручек и ручек, да си касне детето да не биде дека џабе плаќаме . Ќе видиме утре здравје како ќе биде со плачењето да се надеваме на подобро
Во нашава градинка само по 15 минути прв ден. И си плачел. Без проблем влезе ама не сака да каже зошто плачел 2г е.
@Cka со среќа, ме фаќа возбуда кога те читам. Мислам полесно поминавте од што се плашеше. Јас барам совет. Скоро 3 години е малиот и ми бара да оди в градинка. Не знам дали има свест целосно за што се работи ама многу сака деца, многу е самостоен, не плачел никогаш ко ќе го оставаме со бабите и мислам веќе досадно му е со нив. Сакал да пее, да пишува, да црта. Летово по 3-4 часа бевме пред зграда, има еден куп деца па не е осамен, социјализиран е со сите игра, зборува се, пее песнички, ама за зимата се плашам како ќе биде дома затворен. Се мислам да го пуштам по 4 часа во една приватна градинка, од друга страна се плашам за разболување, до сега ретко се разболува баш поради тоа што со деца е надвор во контакт само, и најмногу поради тоа се двоумам. Во државна нема место во тие што ни се во близина, во приватните и скапо ми е, ама и жал ми е па за него и не знам што да се прави.
Не ја однесов денес. Утре планирам. Можеби денес требаше, не знам дали добро постапив што не ја однесов. Трема имам ептен, некако не сум спремна. Вие бевте?
Јас сум цела збунета, сте слупнале за 4та група јасли? Така ги делеле 1,2,3,4 јасли па почнува прва мала со полни 3. Ова во изворче во аеродром, денес на сите врати тропнав хаос им беа списоците. Некоја мајка со детенце во оваа градинка/група има?
Како четврта? Ќерка ми оди во таа градинка од бебе,немаше такво нешто прва и втора јасли,па прва мала лани беше.Колку години има твоето?
Ја однесов сабајлево малата, беше саат и пол таму. Кога влеговме само гледаше, чудно и беше, негувателката ја зеде во раце не плачеше и не се ни сврте по мене. На земање седеше во креветчето и плачеше. Не јадела. Негувателката кажа дека не плачела толку како другите дечиња.Само што влеговме во колата заспа.
Ние вчера цел ден зборувавме како си поминала и рече дека сака пак да оди, ама сабајле се раскенка. Кога ја земаа се расплака, ама еве уште ги нема да се јават, значи океј е. и денеска 4 саати ќе седи. Се мислам дали цела недела по 4 да седи, а после од следната по цел ден.
У приватна. Рекоа колку сакате ќе ви се јавиме ако има проблем. Ама еве денеска плачела оти не сака да си оди )))
Ууу па вие добри сте штом 4 саати седи,обично на почеток по саат па се наголемува постепено времето. Инаку сега сите плачат и се гледат едни со други па така почнуваат да плачат ,мојава кога ја оставав исто од Септември почна ,сите како во хор плачеа,се чудев како издржуваат негователките,па ми рече една септември и октомври се така после се смируваат.
Плачела денеска повремено, се заигрувала ама пак си плачела Јадела битно. Жалми е Од другата недела здравје, по цел ден ќе биде.
ако немаш потпишано договор само е на список тогаш не плакаш ништо се додека не средиш целосна документација. Ако се е средено 521 е да неиде
Мојата точно на 3 почна да оди. Сама бараше. И јас мислев дека не е свесна но испадна дека била свесна . Скоро 1 година ја давам до 12.30, а често се расправаме она сака да останува на спиење. Имам жена дома и затоа не ја оставам до покасно. Не можев да ја откажам жената баш ради болестите, немаше да има кој да ја чува. Почесто се разболуваше во градинка како тргна. Меѓутоа најлошиот вирус ја фати од мене, кога не одеше во градинка затоа што се чувавме дома пред да одиме на зимување. Значи нема правило. Сега во омтомври планирам жената да ја откажам скроз. Верувам дека малава колку толку имунитет стекнала. Бара да спие секој ден, а мене ми е жал ќе треба да 4.30 да седи. Но решена сум, исто ја плаќам жената како и за цел ден што ја чуваше. Не ми се даваат веќе пари кога дете бара да седи во градинка. Здравје ќе видиме како ќе биде.